1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.979
    Допаѓања:
    28.928
    Пол:
    Женски
    Ќерка 2 години ми вика дека си игра само со коцки, и дека само манџа јаде. Секој ден е тој одговор.
    Е денес ми кажа дека веќе не се тепале со некое дете, а јас појма немав дека се тепала баш со него. После тоа ми кажа дека се сакале, и цел ден се гушкале. Изгледа и зет имам, ама не знам :rofl:
     
    На pianogirl, LUCI 99, Kaja991 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Irimiri

    Irimiri Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2021
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Обично имаат ред и еден по еден ги носат да мочкаат три или четири пати сите деца. На кој му се мочка во меѓувреме го носат нормално ако каже.
    Во групата кај што ги одвикнуваа лани ги ставаа на нокшир, а сега имаат мали шољички.
    Да не сменила нешто па се срами или и треба време да се навикне на нешто?
    Моето пауза правеше па сега се прилагодува на новите услови и му требаше недела-две.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    10.198
    Пол:
    Женски
    Со среќа нека ни е поскапувањето на градинките во Карпош, да се надеваме дека сега ќе ги сменат сливите и галетите што им ги даваа за ужинка ;)
     
    На marrisa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    државна? Што цена? сигурмо ќе важи за сите, 1490 плаќаме месечно во центар
     
  5. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    10.198
    Пол:
    Женски
    Државна да.
    Не важи за сите, совет на општина гласа за тоа, различно е од општина до општина. Толку плаќавме и ние, качија вчера на 2000.
     
  6. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    Од кој месец ова? Баш вчера плаќав за октомври, уплатницата си беше 1490 ден. исто во Карпош.
     
  7. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    10.198
    Пол:
    Женски
    Ваљда од следен. Завчера изгласаа, не може вчера одма да е 2000 :)
     

    Прикачени фајлови:

    На DaftyCrafty му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    Да, во право си :lol:
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.428
    Допаѓања:
    108.273
    Пол:
    Женски
    Јас сум да се покачи ама да има подобри услови и подобра храна. Не ми е храната нај нај баш. И квалитет и квантитет да се покачи.
     
    На Mother of 2boys, SummerGirl и azelea им се допаѓа ова.
  10. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.458
    Допаѓања:
    8.402
    Пол:
    Женски
    Колкава е твојата?

    Од градинка даваат нешто иницијатива да ги одвикнат од пелени или како?
    Сметам дека таму со деца полесно ќе прифати. Не сакам да ја форсирам не сум ни пробала. Дома не сум ја ставила ни на нокшир ни на шолја, ја прашувам сакаш да какаш во нокширот не ми вика, а мама каде што кака не, ми покажува кај памперсот и ми вика овде какам.
    Кога сме заедно со внуците тие на шолја и таа бара после нив на шолја и седнува. Не знам ни дали се помоча воопшто ама покажува со нив интерес. А дома нема шанси.
     
  11. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    3.195
    Се изедов, 4ти ден адаптација со рикање ја оставив.
    Дајте искуства споделете со адаптација мајки. На раб сум да ја отпишам и да пробам наредна есен на 3 години.
     
  12. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.993
    Допаѓања:
    4.807
    Скоро 3, без пелени е одамна. Не знам како се поставуваат, мислам дека кај нас се вклучуваат во процес и ги учат.
     
  13. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    Нема промена на учителки, ни промени во група. На мисла ми е само што пред некое време кога остана на спиење, се измочкал. Беше пресоблечен кога си го зедов. Откако ги откажавме пелените не му се случило да се измочка. Ете тој ден се измочкал и оттогаш почна да плаче дека не сака да оди, не сака да спие. Дали му се развикале, дали го засрамиле пред дечињата, гледам како одбивност да му се створи.
     
  14. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки
    Имам мал проблем да го наречам веќе подолг период. Син ми многу сакаше да иде во градинка, во Јуни месец беше префрлен во поголема група затоа што бил понапреден од другите деца. Сега моментално е од 2-4 години. Има 2 год и 6 мес. Вчера ме повикуваат од градинка да идам на разговор и ми кажуваат дека цела недела ке удри некое дете,ќе изгриза,ќе изгребе( Во јасли кажуваше дека му е досадно и за тоа не сака во градинка).Педагогот и дефектологот викаат дека на детето му е досадно во групата затоа што е понапреден од нив и нема со кој да си збори и да си игра како што он сака и затоа ги тепал и доаѓа до тие работи. И од понеделник го префрлаат во поголема група од 4-6 години. Јас сум малце исплашена како ќе се снајде тоа дете со толку големи деца и прескокнува период од 2 години кој треба да го учи за неговата возраст. Дали да се побунам или да оставам да видам една недела како ќе биде. Дали да го однесам на педагог да видам уште едно мислење. Не знам што да правам.
    Он никогаш не тепал,не гризал,не гребел. Сака да си игра со деца и сега наеднаш не сака ништо во градинка. Идеме со плачење во градинка.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.846
    Допаѓања:
    202.911
    Пол:
    Женски
    Јас не би го префрлала во поголема група, таман си е оваа од 2-4, кога ќе почнат тие од 4-6 во школо, твоето дете останува, пак со нови деца. Досадно му е? Не верувам, нешто друго е причината за однесувањето ако дома не е таков. Да се види што е проблемот, можеби поголемите деца во групата го закачаат или воспитувачите немаат трпение.
    Играјте си градинка дома, види како се однесува, што ќе прави. Многу работи може да се откријат низ игра.
    Најлесно е детето да се префрли, ама тоа нема да го реши проблемот, може само да го влоши.
     
    На Luna91, Mother of 2boys и Macufka* им се допаѓа ова.
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.846
    Допаѓања:
    14.461
    Пол:
    Женски
    Колку и да е напреден, дете од 2ипол години не може да оди во група со 6годишни деца. И преместување не е решение за агресијата што ја покажува, со поголеми деца може уште повеќе да се покаже тоа зошто тие деца нема да седат и да трпат да бидат удирани и гризани од помало дете.
    Разговарајте со педагогот на што да се работи со детето, како да му се најде занимација, на што да се фокусира за да му биде интересно. Таман си е во група 2-4.
     
    На Luna91, Mother of 2boys и Macufka* им се допаѓа ова.
  17. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Детето дома не ми прави такви работи,еве и надвор со децата и во игротека нит удрил нит каснал дете. Се жали дека го казнуваат и цело време е во креветче. Он е доста темпераментен,инаетлив и сака да е по негово. Но никогаш не бил агесивен и да тепа некој. Од самиот почеток со градинкава имаме проблем се нешто форсираат и го ставаат со поголеми што мене тоа не ми е нормално, а на нив им е нормално и дури се запрашуваш до тебе да не е проблемот.
     
  18. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Јас им викам кај бевте вие кога моето дете го гризнало детето, воспитувачката вика сама бев отидов вода да наполнам. И цело време кога ќе има некој проблем они не биле таму. Ама битно знаат дека моето дете е проблем. Може го удриле,може му ја земале играчката па се степале па удрил или гризнал. Не знаат да ти дадат одговор на што и да ги прашаш. Ама битно од една година само се префрла детево со поголеми.Во друга градинка кај што живеам не може да се префрли. Две реновираат и само во две градинки се сите деца. Во друга населба не примаат. Не знам што да правам ама гледам дека веќе психички си играат со детето.
     
  19. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    3.195
    По колку деца и воспитувачки се во групите каде што одат вашите деца?
    Нормално е да се 25 деца на 2 воспитувачки?
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.428
    Допаѓања:
    108.273
    Пол:
    Женски
    Да, толку се.