Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    808
    Допаѓања:
    3.194
    Жално... изгледа секаде е вака по државните.
    Како и се во државава наша, надвор од секакви стандарди.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.177
    Допаѓања:
    107.289
    Пол:
    Женски
    Тоа е, секаде е така.
     
  3. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    7.190
    Пол:
    Женски
    Си размислувам за градинките во Македонија, она што се нуди во нив и онолку колку што се плаќа. Значи престојот во градинка месечно кошта околу 25 евра. Што е и донекаде во ред, со оглед на тоа што некои родители не би можело да одвојат повеќе.

    Но, 25 евра се искрено многу малку. Да се издвои за плата на наставниците, да се издвои за храна, да се плати останатиот персонал, да се плати струја и греење. Дополнително да се води сметка и за инвентар и потрошниот материјал. 100 деца да има во една градинка, тоа се 2500 евра. Една плата на македонски програмер.

    Тука можеби има помалку деца, нема државни градинки и фактички се е поскапо, но гледајќи го менито за храна, можам да кажам дека храната во македонските градинки е луксуз. Дури повеќе од одлична од оваа што се нуди тука. Според мене во МК не треба сите исто да плаќаат, туку да се усогласи сумата врз основа на месечните примања. Не може двајца родители со плата по 1000 евра да плаќаат исто колку и двајца родители со минимални плати. Тоа барем тука е усогласено. Плаќаш одредена сума и врз основа на месечните примања, државата ти рефундира одредена сума. Ако заработуваат повеќе, тогаш плаќаш целосна сума и не ти рефундираат ништо. Така ќе се крене стандардот на самите градинки, ќе има поголеми плати и притоа ќе има и поубави услови за децата во смисла една наставничка на помалку деца.

    Чисто си размислувам. Не дека нешто ќе смени мислењево.

    Но, како и што го уништија државното здравство за да профитираат приватните, целта изгледа е и градинките да ги уништат за да профитираат приватните.
     
    На La-loca, strelec231992 и lackygirl им се допаѓа ова.
  4. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    1.260
    Пол:
    Женски
    35 деца а две воспитувачки
     
  5. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.976
    Допаѓања:
    4.789
    Тој со плата 1000 евра плаќа 500 евра на државата давачки, тој со 500 евра плата плаќа 250 евра на државата. Не плаќаат сите исто.

    Кај другарка во Германија исто се 25-6 деца со 2 или 3 негувателки. Толку се и во мојава градинка. Зборам за деца 3 години. Они поскапо ја плаќаат градинката, а секако имаат и плус давачки кон државата.
     
    На SummerGirl, unearthlysarah, LizzyGrant и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Кај нас во градинката се 32 деца со две воспитувачки. Тие две на толку деца што да направат и кое дете попрво да го видат. Секој ден е пресоблечен зашто е искакан и не е пресоблечен на време па пуштила пелената.
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.265
    Допаѓања:
    57.076
    Пол:
    Женски
    Ама државните градинки не се самофинансираат. Тие 2500 евра приход не се за плати, храна итн. Мислам, сигурно за нешто се користат, ама платите се од буџетот. А тука, убаво ти пишаа, не придонесуваат сите исто.
     
    На SummerGirl и DaftyCrafty им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.177
    Допаѓања:
    107.289
    Пол:
    Женски
    Едно дете во градинка "плаќа" 9000ден, 1500 родителот, остатокот општината и министерството за труд и социјала. Да се редактирам, пари од нашите даноци и давачки.
     
    На dromka и kozuf им се допаѓа ова.
  9. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    7.190
    Пол:
    Женски
    Јас сфаќам на што алудирате. И кај мене државата ми зема данок, прилично доста голем, настрана данок од дневна потрошувачка. Туку дополнително цената на градинката ми зависи од домашниот вкупен буџет. Идејата е сиромашните да не бидат посиромашни, а богатите да не се богатат до плафон. Туку се стимулира средна класа. Што не е тема тука секако.
    Муабетот ми беше, секако во Македонија секоја институција дише на шкрги. Но, според мене не може и секој исто да плаќа. Настрана придонесите, секако платата е изразена во нето. Дали ќе ти земат 500 или 250, нема врска со изедначената сума за плаќање во градинка. Затоа што на крајот, едниот пак ќе земе 1000 евра, другиот 400. Која е логиката исто да плаќаат? Не знам можеби грешам. Но, според мене е дел од проблемот за преполнетоста во градинките, недостаток на кадар и општите услови.
     
    На dromka, LUCI 99 и La-loca им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.177
    Допаѓања:
    107.289
    Пол:
    Женски
    Јас сакав да ти кажам дека не се само 1500 за градинка, другите пари од министерство и општина пак ние ги плаќаме преку даноци.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.333
    Допаѓања:
    89.986
    Пол:
    Женски
    Ова што го збори @ArabellaStarfall беше во СФРЈ.
    Не плаќаа сите исто градинка туку според плата.
     
    На dromka и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  12. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.123
    Допаѓања:
    3.467
    Пол:
    Женски
    Сменете градинка, од 4до 6 се голема група каде учат претшколска од каде тоа добра идеа.
     
  13. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    1.700
    Пол:
    Женски
    Не е во ред повисоки суми да плаќаат тие што земаат поголема плата. Тој што зема поголема плата плаќа повисоки суми на држава, повеќе полни буџет, државата до 9000 ден , значи 7500 ден ја финансира градинката за секое дете, што значи дека тој што зема повисока плата преку буџет финансира не едно туку на пример две, три деца. Така да тука се покриваат тие со пониски приходи од страна на тие со повисок приход, преку буџетот. Не е баш фер тие што земаат поголема плата да финасираат и преку буџет па и преку повисока цена како родител. Кај нас е проблем што нема доволно градинки и доволно кадар.
     
    На danichap, SummerGirl и marrisa им се допаѓа ова.
  14. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    6.803
    Допаѓања:
    21.447
    Пол:
    Женски
    Ангел , твоето оди во градинката кај Мирче што е?
    Ако е таа, како сте задоволни? Тешка ни е опцијата за да ја примат во Хром ( освен ако не најдеме дебели врски), па почнав да размислувам за другата.
     
  15. BrideToBe

    BrideToBe Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    86
    Мајки, дали има некој од вас со искуство детенце што не одело во градинка како се адаптирало на училиште? Благодарам!
     
  16. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    6.803
    Допаѓања:
    21.447
    Пол:
    Женски
    Внук имам што нема еден ден одено во градинка, а супер се прилагоди во училиште. На другарка дете исто.
    А има и деца што оделе во градинка, па во училиште прилагодувањето идело со тешкиии маки.
     
    На BrideToBe му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    9.033
    Пол:
    Женски
    Кај нас се 24 деца, една учителка и една негувателка... хаос
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.177
    Допаѓања:
    107.289
    Пол:
    Женски
    Нема кај сакаш ти, кај припаѓаш реонски оди дете. Ако живееш во Хром ќе оди во Хром, ако живееш во Александрија пример ќе оди во таа кај Мирче. Пиши ми ЛП ако сакаш да ти објаснам.
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Blue moon

    Blue moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2020
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    270
    Со над 35 деца во нашата група
     
  20. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    1.579
    Пол:
    Женски
    Јас не сум одела ни во градинка, ни во забавиште, а не сум имала проблеми никогаш, никаде со адаптација
     
    На No Makeup и BrideToBe им се допаѓа ова.