Еве веќе втор ден како пиеме антибиотик. Болно грло и поткашлување, температура нема. На допир на десната страна се осеќа топче и докторот затоа даде антибиотик 7 дена. Давам киндер имуно прашок неполн месец, неможам да приметам дали има ефект од него освен што како да почна да јаде но еве сега пак исто. Инаку 4.5 години сме
Минмум 3 месеци се дава за ефект. Јас давав цело лето, не одеше во градинка, од септември не се разболи. Лани ова. Цела година два пати се разболе, а хо прекинав во март негде.
Некои дали ги има користено стегачите за коса за да не фатат вошки? Вчера зедов и ме интересира на колку време се менуваат.
Денес од 27 деца само 5 знаеле со ножички да режат хартија ,излегва воспитувачката и ни се обраќа нас родителите ,па како така само 5 деца да знаат режат ?децава имаат 4 години ,ок може и треба да знаат ,но нели вгадинка ги пуштаме да ги научат.
На родителската на 4 години тоа ни беше и нас главна тема. Неколку пати се спомна дека децата требало на таа возраст да сечат со ножица по права линија. И нормално скоро сите родители рекоа како да не дека ќе му дадам ножица, сигурно одма косата ќе си ја исече. Плус имавме мака и дека воспитувачката многу често беше на боледување, па не ни имаше кој да ги учи да сечат. Сега еве на 5 години сите знаат да сечат и редовно им даваат таква задача во градинка. Моето мислење беше од кај јас како родител да знам дека баш треба на таа вештина да се фокусирам? Мене ми е прво дете, таа учителката може 500 деца израснала, ако она ми рече еј твоево дете треба ова сега да научи, ќе работам со детето. Ако не ми рече како ќе знам, ќе ми се сони дека треба на сечење со ножици да обрнеме внимание? Гледав правилно молив/боичка да држи, кога бои да внимава да не искача од линиите, такви работи, на ножици не сум ни помислила пред да каже. Сум и давала да сече, ама конкретно дека треба права линија до одредена возраст да исече, појма немав.
Се тоа убаво, ама замисли воспитачка со 20 деца со ножици во раце.. Кај мене е 2 години па се мислам зимово да сечкаме.. Молив, боички веќе држи убаво.. Не знам.. Ја мислам некои работи треба повеќе дома да се учат.. Такво ни е образованието..
Исто и јас не ни знаев дека треба да учат да сечат на таа воздраст , откако ни рече дека незнаат да режат малиов ја слушна и тоа му остана во главата дека незнае, откако си дојдовме дома три саати без престан режеше се научи ,и ми вели утре на наставничката ќе и кажам дека се научив , зборо ми е децата слушаат и се навредуваат кога ќе му кажеш дека не знаат нешто .
А што аир ако знаат на 4 год да сечат со ножици? Кој е тој мајлстоне жити мајка? За кројачи да не ќе ги спремаме.
Незнам што имаат во програмата ,ако воопшто имаат некаква програма, попрво треба да ги научат буквите и броевите па после ова сечењето,ама пак ќе речам незнам .
Не е дека ќе ги спремаат за кројачи, ама важно е за развојот на моториката. Пред да научат да пишуваат ги спремаат мускулите и зглобовите на рацете со други вежби. Има детски ножички што не можат да ги повредат, барајте по книжарите. Интересно им е, ќе отепате 20тина минути по дома.
Епа затоа не знаеа, дека една воспитачка беше. Кога редовно полнаа да бидат две воспитачки, тогаш почнаа со секакви активности, не само сечењето. Тоа не престанува. Ќерка ми секој ден е увредена зошто на друго дете рекле дека најубав му бил цртежот. Ама според мене фустрацијата е еден од најголемите мотиватори. Ако сакаш твојот цртеж да е најубав, ќе вежбаш. Никој не се родил учен, за се треба труд. А не да се откажува на пола задача, да ми вика не сакам веќе ова да го цртам. Ако не сака еден цртеж да доцрта и добои, утре ни задача нема да реши до крај, епа не може да и речат дека е најдобра.
На 4г да учат букви и бројки? Не, на 4г се учи баш тоа, да сече, да лепи, да бои, да повторува линии...
Ама тоа зависи од детето. Можда по програма им е тоа, не може кај секое дете да се примени и ако детето неуспешно го прави они пред детето да коментираат. Врска си немаат од педагогија. Ќерка ми на пример е 3 години и 2 месеци. Точак појма нема да врти со педали, ко со две леви нозе е, ножици во живот не фатила во раце. Ама затоа ме тера бројки да и пишувам и она да ги повторува. Се интресира, која е оваа бројка, која е оваа. Треба малку програмата да се прилагодува ама па и јас многу барам, сепак во Македонија сме, една програма за цела држава. Кога садеа цвеќиња лани, садеа од Карпош до Валандово.
Епа и нашколо нели се по програма? И моето за бои се интересира, па не е секој ден програмата бои. Мора да се учат да почитуваат и туѓи интереси.
Прваче е со бројки и букви немаат почнато, кај се брзате В градинка во забавиште/голема група ги учат буквите. Бројки не учеа мислам. Ножички ќе си купите со заштита и нема да се пресечат, од 2 и пол год му дадов јас да режи. Мојов исто на 3 год пишеше бројки, на 2 ги знаеше бидејќи беше заљубен во часовници, само тоа купувавме, му носеа сите нз колку качив на таван едно 30 имаше и поќе, пред да направи 4 год сите букви ги научи да ги пиши. Па после не сакаше да пишува и така, периоди. Има и деца што читаат на 4-5 год, секое си е посебно и различно. @Tea SK тоа што сака дома можи да си вежбате, со тебе ќе си пишува ако сака, ама в градинка од 3 год бројки е рано.
Син ми е веќе во поголема група сите се по 4 и 5 години , треба да се запознаваат малце по малце со букви и броеви , веќе се согласивме сите родители за изучување на една книга преку игра за која плативме сите по 500 ден .
Нема бројки до 5 години. Имавме лани математика за 4-5 години, само има поголемо/помало, покусо/подолго, пред/зад/над, во/на... и да се препознае слично, во смисла парички да заокружат кои се исти (бројката да ја препознае на една паричка дека е иста со друга паричка). Може и да ги учат во групата ако учителката смета дека можат, ама во програмата броеви нема. Букви само првата буква од своето име. Сега во групата 5-6 им даваат да се потпишат со своето име, ама пак не е да ги научат буквите сите, туку само да знае да препознае кое е неговото име. Пак ќе речам зошто имавме проблем со недостаток на воспитачка, знам дека се што поминале било само тоа што апсолутно се мора по програма, ништо плус никогаш не работеле.