Што давате после градинка обично за јадење , ручек или некоја ужинка ? Го земам околу 4 - 4 ипол . А вечера негде околу 6 ипол -7
И ужина и ручек. Ултра гладен е после градинка. Го земам во 15:30/15:45, јаде ужинка по пат, па јаде ручек во 5. Вечера во 8 јаде.
Се што ќе најде дома јаде. Банана, јаболко, грозје, плазми, пудинг, ручек ако го бендиса, ако не јајца пржени. Ова до 5. Ппсле во 7 ипол, 8 вечера крка.
Дека кај нас млекото за спиење е накај 8 ипол , а вечера накај 6 , 6 ипол . И некако све ми е на брзина . Хахаха Иначе 11 месеци сме , тазе почнати во градинка па збунети сме
Се даваме И ручек и ужина и пак ужина па вечера Вчера изеде 2 тањира макарони после градинка, и за саат време палачинки спука и ми вика "мама сеа сум дебела, не јадам веќе"
Ах, ја заборавив ужинката меѓу ручек и вечера. Обично одиме во парк тоа време и јаде се што ќе види дека некој јаде. Каде има некое детенце нешто да грицка, таму ќе го најдеш моево. Ќе помисли некој не му даваме јадење на детево дома. Некогаш навистина не ми е јасно каде го става тоа јадење
Или ручекот шо го имам спремно или пак некоја банана, јаболко, ако сме излезени бара крофни некогаш тост, компирчиња. Не е многу гладен. После кај 9вечера нешто.
Ај ќе се уходате, и мојава тогаш тргна во градинка. Памтам дека зашѕо каши им даваа, а она дома не јадеше каши, мислам нас ќе не изедеше после градинка. Еве денес на пример после градинка јадеше плазма и чоколадно млеко, компир манџа со леб, лижавче, варено јајце, краставица, галета, па пола сендвич со ајвар на татко и му дрпна. Ова е во временски период од 3 ипол до 8 ипол. Се давај после градинка многу се гладни.
Мојава е дете што јаде, бар кажуваат дека јаде. Е во јасли веројатно и таа дека помала, храната од градинка и беше таман, после дома ужина и вечера и млеко пред спиење. Сега како што е поголема и нас ќе не изеде после градинка. Обавезно врткам шмукалче во близина или тој што ја зема носи. Па овошје јаде плус низ дома. Некои грицки. Или кифличка било што. Па вечера и сеуште пие млеко непосредно пред спиење.
Да се уфрлам на муабетов за градинките. Феминки Аеродромки каква е состојбата за ММР вакцина конкретно за градинката Срничка ме интересира? Сакам малата да тргне тој период 13-15месеци здравје боже, а би сакала малце да ја одложам оваа вакцина.
Ние потпишавме изјава ако не ја прими до 15 м имаат право да го отпишат. Инаку го примија и почна на 14
Последните две недели на слики (не праќаат често) забележувам дека ќерка некако е цело време настрана, како да не се вклучува во активностите. Генерално не прави проблем во градинка, на оставање не плаче, на земање исто си е весела. Воспитувачките викаат добро поминува. Е сега пример сите играат во купче собрани на сликата, таа со друга играчка настрана. Или вчера сите играат т.е ги учи воспитувачката глава, рамена... песната ќерка седи на столче и гледа. Ај за вчера може и не и било добро, утрово се разбуди со растечен нос и кашлање, не е во градинка. Децата како деца барем поголемите викаат дека игра со нив е сега од 2,5-3 години тие, претпоставувам точно кажуваат. Ќерка сеуште не е со толку развиен говор да каже дали игра или ја мачи нешто. Во главно цел роман испадна постот, ама дали би значело некој проблем тоа што се трга настрана. Пак ќе речам,според слики што гледам, не дека ми е потенциран некаков проблем.
Здраво, дали некој знае рецепт од фамозниот намаз што им го даваат за доручек на децава во градинка, од туна и кисели краставички? сакам точни состојки и количини, да го погодам истиот да биде...ќе ми завршите многу работа, фала ви најмногу!
проверете дали е се во ред што е толку жеден, дроб едно друго...не само жеден на мајка... ова чисто како сугестија, поздрав..