Дали сметате дека е здраво околу мало дете да има животнче некое маче или куче и сл.Некои викаат дека така побрзо се градел имунитетот кај децата а други па спротивно параноични се (ко на пример моите родители) и сметаат дека не треба да се мешаат животинките со децата поготово додека се мали и кревки.Мене во секој случај ми се топи срцево коа ке ги видам заедно http://www.youtube.com/watch?v=C-UKbDMfnuI&feature=player_embedded жими се ке ги изедам и двајцата http://www.youtube.com/watch?v=Nyk1HXvCNks&feature=related а нешто најитересно ми било како бре едно животинче знае дека треба да биде нежно и внимателно со бебето да не го повреди http://www.youtube.com/watch?v=Mu6PFTvY8GU&feature=related Не видов ваква тема но доколку има се знае кај и е местото на оваа
Јас сум ЗА чување на деца и домашни миленичиња. Немора да биде куче, маче може и некоја рипка, хрчак, морско прасе, желка, папагал.... Ако се чуваат домашни миленичиња нека се чуваат како што треба, значи вакцинирано, бањато, исчешлано (у зависнот кој вид е животното и дали има потреба), научено да врши нужда надвор....а не да се чува колку да се каже дека се чува а хаос по дома и непријатна реа. Да чуваш милениче по дома е исто така обврска и треба да се третира како член на семејство кое си сака своја пажња. Малку потешко оди кога има бебе по дома и милион обврски али пак затоа треба сите да учествуваат. Ако е се како што треба тогаш нема потреба од грижа за некои болести, бактерии и сл. Има милион истражувања и докажувања дека домашните миленичиња влијаат правилно на психолошкиот развој на детето. Од друга страна пак и укажуваат и на обврска која се учи уште од мали нозе (на пр. да го нахрани или тури вода. Јас по дома чувам рипчиња и хрчак. Секое утро малиот ги храни рипчињата и тоа си е негова задача мада тоа го прави со големо задоволство и љубов дури и песнички им кажува ). Животните или ги сакаш или не ги сакаш. Многу мразам кога некој родител мрази животни еве на пр. куче или маче и така го советува и детето. Тоа мислам дека е тотално погрешно воспитување. Ако ти ги мразиш тоа може да ги сака. Можеби е некоја емоционална криза-грешка, незнам... Има и некое си влијание во подигнување на имунитетот на детето. Ако го чуваш во стаклено звоно и не му даваш ништо да пипне и мие раце по 100 пати на ден ќе биде со полошо здравје/имунитет од она ромче кое оди голо и босо по цел ден и гајле нема. Тука можеби и ние родителите понекогаш претеруваме, можеби од страв да не закачи некоја бактерија која тешко се лечи. А бактериите знаеме како се лечат со енормни дози на антибиотици. До сега бар јас несум слушнала случај да домашен миленик гризне дете па затоа верувам дека нема потреба од страв за опасност по животот на детето. ...епа такој
И јас имав рипки и од време на време им праев муабет така да не ме изненадува син ти што им пее песнички
Најубаво е нешто е да си го видиш своето дете или било кое дете во "прегратките" на едно милениче....Толку се мили,слатки...необични..Просто да ги изедеш..И мислам дека е ептен кретенско (без навреда)тоа што некои луѓе велат дека не е убаво тоа да имаат блиски контакти децата и домашните миленици
Мислам дека имаше слична тема на оваа и напишав дека имав дома и маче и куче и рипки и папагал еден период хрчаци,па татко ми беше фатил на вила еж,па помала едно врапче имав повредено абе животинско царство верувајте поубаво детство не сум имала,сега и малиот ми е љубител на животни но штета живееме во стан немаме баш услови за чување на куче и маче,инаку рипка имаме,а планирам папагалче да му земам во скоро време се надевам ќе г обожава,инаку да сум за живеење на деца со домажни миленичиња најногу куче зошто пораснав со куче и бев многу приврзана со него од моето раѓање го земала мојата мајка и бевме заедно до мојата 13 година,кога не бев мажена имав пекинезер ама кога се мажив бидејќи немаше кој да го чува го дадов на баба ми,ама и ден денеска кога одам кај неа ме препознава и скока од радост по мене
Jас сум израсната со миленици, и не можам да замислам како би било да немам миленик, и многу ми е мило што ете моите ми дозволиле да имам животни. Hавикната сум на маче или куче, така да цел живот ќе имам миленици,па ќе ја пренесам таа љубов и на моето дете Hема поубаво детство од тоа да си растеш покрај некое крзнено пријателче
Ако сакаш чувај ... убаво е тоа ... а можам да замислам и каква е глетката ... иначе незнам дали има некоја врска со имунитетот на детето но добро е
мислам дека секое дете треба да има милениче, без разлика што ќе биде тоа. не само што ќе има занимација и другар туку и ќе научи што е тоа одговорност, да се грижиш за некого т.е. нешто. во животот сум имала милион животинчина и десетина зајаци, и пилина, и морски прасина и не знам што уште не и би сакала моите деца да го имаат истото што го имав и јас.
Прекрасно е да се има милениче, тие се мили, и детето најмногу ќе го сака.. јас мислам дека најдобро е некое маче да се има, тоа ниту гриза ниту може да нападне. Но не мора да значи! И некои кучиња не гризат (во негативна форма).. И детето ќе знае дека треба да се грижи за него и секој ден да му дава храна. Нема моубава работа од милениче.. Ете најдов еден текст: Ете го и целосниот текст за оние кои сакаат да го прочитаат: Спојлер http://panoptikum.com.mk/life/2009-11-08-15-10-52/zivotni/2971-2011-11-29-10-49-06.html
сликиве кажуваат се! јас кога ќе имам дете ќе има дозвола да чува какво милениче ќе посака такво ќе има, а не сега се плашат од куче, па не го допирај, па ќе се зарази, па вака,па така, па незнам што, па пушти го детето бре ништо нему е! не умира ако го погали некое кутре, јас како израснав, цело време со животни, сирота мама секогаш и ги прибиравме скитници де мачки, де кучки, не дека сега не ги прибираме, уште носиме дома животни, па што да правам кога ми се слабост затоа пуштете ги децата нека си чуваат такво животинче какво што ќе посакаат
Моево сега секој ден го носам кај мајка ми,таму едни роднини имаат хаска и таа има мали кучиња,абе смех невиден сме тие го гонат го апат зошто е мал и тој трче скока од радост и рацете им ги пика во устата,па тие го лижат,ама уште од мал му дозволував со истата хаска мајка тоа да го прави и сега нема гајле и таа многу го засака и му дозволува кај малечките инаку на непознати лае,истите луѓе имаат и маченце и тој кога ке го зема го гали па мачето се вртка околу него абе смеееех јас оти ми е мало човече а многу љубител како мене на животни ми е смешен,имаат и морско прасе но е затворено и не може да го фаќа и само се лути,го носам во паркот кај бибите и е еден и единствен што чека само да се подадат надвор од езерото и тој да сака да ги фати да ги гушне и зошто не може ги гони низ паркот
само викај детето да не ти биде алергично на животни оти овој модерен живот на се и сешто се алергични а на животни најмногу имаме папгалче
Што мислите за бебе и куче. Бебето ми е 4 месеци, а дома чуваме куче (во стан). Јас сум против ама никако неможам да се разберам со мм, а и со свекрва ми. Не дека не сакам животни, ама ми е страв зошто има многу влакна, не дај боже да лапне некое. Ај сега и не е толку страшно ама кога бебе ќе почне да лази незнам што ќе се прави.
Ние израснавме со куче. Имавме зелено светло за тоа од Сајковски. Вели многу поубаво се развиваат ментално децата кога растат со милениче. Искрена да бидам и таква и ми беше намерата, кога ќе имам дете да имам и куче. Малиот прооде пуштајки се по кучето, кога плаче он знае да го теши , ако падне прв он трча да провери и го лиже по рачињата...ептен се сакаат ептен. Немам зборови. Околу чистотата. Кучето редовно вакцинирано и бањато, Нозе миење по секоја прошетка. Правосмукалка два пати на ден, џогер такоџе. Влакно сигурно веќе лапнало до сега, како од куче така и твое. Стомакот може да свари влакно или да го исфрли ако му пречи. Не се плаши од влакна. Ништо не е страшно. Појак имунитет имаат децата кои се растени со миленичиња според многумина педијатри и понесклони на алергии се.
Да да, редовно е вакцинирана, после секое шетање мм ја мие. Приметив и дека од кога се вративме од болница кучката е помирна. Како да знае дека имаме бебе и дека не треба многу да лае, повеќе слуша кога ќе и се каже нешто, ама често знае и да биде тажна кога сме околу бебето сите. Некогаш ми е толку жал и кога ќе заспие бебе цело слободно време си играм со нејзе. Кога имаше грчеви бебе и кога вриштеше она одма трчаше да види што е работата. А најмногу сака кога го бањаме. Тогаш е целата весела трча околу него, абе живи радости .
И таа се адаптира на бебето, мојот на почеток беше љубоморен, ама пројде и таа фаза. Како скаран ми беше хахахха. Тек допрва бебето кога ќе осознае за кучето ќе ти е смешки по дома. Искрено би ти рекла немој да ги двоиш. Радост ќе си се едно на друго цело време.
Здраво малата сега ќе полни 2 години многу сакат пилиња па за роденденот и купивме папагал,читав на интернет дека папагалите можеле да му наштетат на здравјето на детето дали е тоа точно?од ко прочитав страв ми е да го чуваме а малата баш се радуват со него
Јас имав папагал сестра ми дури беше трудна, нехзе и рекоа да не е во иста просторија со папагалот. А подоцна кога се породи беше исто да не е со бебето во иста просторија до 6м Генерално треба хигиена многу откако ќе го фати, да се чисти кафезот редовно ..а друго ќе прашате вет што постои. Лично не би земала папагал за толку мало дете. Освен што ќе седи и ќе го гледа затворено во кафез што може 2г да прави со него. Може да го повреди папагалчето или папагалот детето да го повреди...не ми е баш животно за интереакција за толку мало дете. Ваша работа е секако, ама папагал има многу труд како да се научи да стои, доаѓа, да стекне доверба во тебе ...