Децата и домашните миленичиња

Дискусија во 'Дете' започната од SuperGirl24, 5 јуни 2012.

  1. Калинаа20

    Калинаа20 Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2022
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на одговорот,зедовме затоа што малата сакат пилиња,кога одиме кај золвами тие имаат и само вика по нив пиу пиу,и затоа зедовме сега не знам што да правам,ај за чистење го чистам мене ми е да не има штетно влијание за малата алергија или недај боже некоја болест,како што читав во пердувите имале некои бактерии,сега ми е шубе да го чувам не знам што ке му правам
     
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.942
    Допаѓања:
    327.059
    Пол:
    Женски
    Папагал купивме кога бев бремена.Ништо не ми се случи.А ни на бебето не му е ништо што расте со него(9 месеци).Освен ако покаже знаци на алергија,не знам што друго може да му се деси од милениче кое се чува во домашни услови под строга хигиена?Од психолошки аспект мн е убаво дете да расте со милениче.Создава чувство на одговорност,грижа за него,љубов.
     
    На Milobebence, cresa-jagoda, januari19 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    5.326
    Пол:
    Женски
    Еве и моето дете има папагали - првин 2 тигрици, а сега нимфа. Нема никаков проблем, а и бесценета е љубовта која ја пружат.
     
    На cresa-jagoda и Калинаа20 им се допаѓа ова.
  4. Калинаа20

    Калинаа20 Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2022
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Денес сакав да го вратам во продавницата кај што го купивме и пари не им барав да ми вратат од што бев уплашена сопругот ме предомисли, го чистам по 3 пати на ден со врела вода го мијам тоа долу што е под решетката вода му мењјавам почесто,јас читав и на интернет дека папагалите факале болест која се пренесувала на мали деца,жени што познавам ми рекоа дека не се чувало папагал ако имаш мало дете и сега од страв не и дозволувам на малата да му се доближи на папагалот можеби претерувам ама сега шубе ми е па затоа вака постапувам
     
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.522
    Допаѓања:
    38.735
    Пол:
    Женски
    Мене сите ме плашат за мачката, какви муабети слушнав цела бременост под стрес сум.
    Само ветеринарот ми рече да не се плашам воопшто, со соодветна хигиена и дистанца од почеток се ќе е во ред.

    Инаку јас сум растена со папагали, еден период и 5 сме имале дома, па не сум имала ни болести од нив, ни алергија на било што.
    Луѓето се тотално неинформирани за многу работи, ама знаат да даваат непотребни коментари.
     
    На cresa-jagoda, Irimiri, Калинаа20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    И мене ми има кажано докторката да не чувам. Ама па сега мислам твоево дете е веќе пак поголемко, мислам најдобро со педијатар или твој матичен доктор да разговараш да знаеш со време што да правиш пред да се приврзете.
    Сепак твоето е дете што има контакт со светот надвор, развиен имунитет друго е бебе до 5 6 месеци. Бар по мое мислење, ама пак побарај стручно најдобро.
    Прочитај за parrot disease, бактериите од папагалите преку воздух се префрлаат дури и да не е болно пилето сепак било во некаква заедница со други пред да се продаде.
    А и папагал како милениче е high risk pet, не е баш препорачливо за дете...

    @LiliBoz ти знаеш мислам да ни кажеш најточно за папагали и деца/трудници?
     
    На Калинаа20 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.270
    Допаѓања:
    226.739
    Пол:
    Женски
    Пратам од преска.

    Нема потреба од паника.
    Папагалот нема од каде да фати/пренесе било каква зооноза.
    Може да се рече дека се најбезбедни од било кое милениче.
     
    На cresa-jagoda, ivimis, simona_baby и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Супер е тоа
    Сестра ми кога беше трудна и после кога се роди малото ептен не наплашија.
    Бар да знам за во иднина :$
    @Калинаа20 те тагнувам да ја прочиташ Лили
     
    На cresa-jagoda, Калинаа20 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.270
    Допаѓања:
    226.739
    Пол:
    Женски
    Не се плаши.
    Тие јадните од промаја умираат не можат обичен провев да издржат, не па бактерија што би била сериозна по човеково здравје.
     
    На cresa-jagoda, mariz и Калинаа20 им се допаѓа ова.
  10. Калинаа20

    Калинаа20 Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2022
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Читав дека имале бактерија во крилата и на малите деца брзо се пренесувала, требаше да се распрашаме пред да го земеме ама не ни помислив на тоа
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Калинаа20

    Калинаа20 Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2022
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Да знам дека не поднесуваат промаја брзо се разболуваат, чував два папагали пред да се омажам ама за деца дека не се препорачливи не знаев
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.270
    Допаѓања:
    226.739
    Пол:
    Женски
    Не си знаела зашто не е точно.
    У принцип не се впуштам во вакви дискусии бидејќи не сакам да се мерам со статиите на гугл кои редовно се полни со глупости.
     
    На cresa-jagoda, ivimis, januari19 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Калинаа20

    Калинаа20 Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2022
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Дај боже да е така јас сум преплашена на малата не и давам да се доближи до него и само викат по него пиу пиу,стануват насабајле и прво викат по него пиу пиу
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Калинаа20

    Калинаа20 Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2022
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Тоа е најголем проблем што за се што и да сакаме да знаеме на гугл бараме,јас тоа го прочитав и што познавам мајки тука кај мене ги прашав за мислење едни ми викаа нема врска други не чувајте не е добро за детето и доволно е еден да ти рече така да ти е шубе
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.270
    Допаѓања:
    226.739
    Пол:
    Женски
    епа јас сум ем мајка, ем имам папагал, ем 16 год работам дијагностика на болести :D вајда нешто поише знам од гугл :D
     
    На Kaja991, cresa-jagoda, GirlRose и 2 други им се допаѓа ова.
  16. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.597
    Допаѓања:
    17.530
    Пол:
    Женски
    Ние имаме папагал,и нормално иста реакција на одредени луѓе да не им земаме.Малиот 3 год се обожава со папагалот,по цел ден се бацуваат.Шетаат насекаде со него,дури во вц оди со нив.Насабајле кога одеа во градинка плачеше по нив ги бараше во сите соби.Кафезот чувај боже да го мијам три пати дневно.Додуша нашиот не ни седи во кафез цел ден си е слободен и си шета од соба во соба.Жалосно е да земеш папагал и да го чуваш затворен или да не давам на децата да му се приближат а они да му се радуваат.Тоа е казна и за детето и за папагалот.
     
    На cresa-jagoda, mariz, cooll и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Калинаа20

    Калинаа20 Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2022
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Да напишам што ни се деси денес,мала сабајле све си беше во ред еден период почна да неможе да се движит со едната нога,заминавме одма на болница се направија испитувања крвна слика све се испостави дека е воспаление на колкот која го предизвикала некоја бактерија или алергија,јас има кажав на докторите дека дома имаме папагал ми рекоа одма да го фатам папагало,толку ми е тежок ден денеска утре на малата и е роденден не ке можеме да го чекаме како што си планиравме затоа што малата треба 3 недели да мируват можеби не е од папагалот ама на све човек ке помисли ,малата на ништо не ми беше алергична за ова да и се десит
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.942
    Допаѓања:
    327.059
    Пол:
    Женски
    Како не знаеш дали е бактерија дали е алергија?Има огромна разлика меѓу двете.Сигурно имаш извештај од лекар добиено .Прочитај убаво што пишува.
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.522
    Допаѓања:
    38.735
    Пол:
    Женски
    @Калинаа20 излив на колкче е честа појава кај децата, се јавува најчесто после вирус или висока температура. Многу мајки имаат тука пишано дека имаат децата, поминува само не е страшно. Не е од папагалот.
     
    На cresa-jagoda, Annath и joy1 им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.270
    Допаѓања:
    226.739
    Пол:
    Женски
    бактерија или алергија и за неколку часа откриено?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.