Децата и домашните миленичиња

Discussion in 'Дете' started by SuperGirl24, Jun 5, 2012.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Joined:
    Feb 15, 2012
    Messages:
    4,165
    Likes Received:
    20,582
    Gender:
    Female
    Може, ако не познавам, не значи дека нема. Ама па таквите не се замараат.
    Зборав јас за општо, ако беа толку опасни домашните миленици, ќе беа забранети со закон
     
    LiliBoz likes this.
  2. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Joined:
    Mar 4, 2021
    Messages:
    1,227
    Likes Received:
    1,747
    Gender:
    Female
    Педијатар бирав согласно одговор дали е ОК да имаме милениче и новороденче. Првиот педијатар рече не е убаво, вториот рече нема ништо поубаво и поздраво. Нормално вториот го избрав. Муабетот ми е дека 80% одговорот е од субјективни причини а не објективни. Сите доктори и било која професија ако не сакаат животни ќе ти речат не , оние кои сакаат ќе речат да.
     
  3. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Joined:
    May 29, 2019
    Messages:
    1,127
    Likes Received:
    3,271
    Gender:
    Female
    Аман луѓе со се сме растени.
    Од село дете сум, секакво животинче имам фатено и секаде се иам пикнато кај животни, како не ми испадна мене нешто од животни?
    Татко ми кучиња чувал од кога знам за себе, в куќарки им се пикавме со брат ми.
    И зајчиња, и хрчаци дома, и морско прасе, се имавме, на мајка ми косата и белееше кога и ја гризеа бавчата зајчињата :rofl:
    И моментално чувам мачка внатре, кучиња надвор (малата ја пуштам редовно во боксовите да им става храна и вода, со надзор мој нормално зошто може да ја бутнат), и со морското прасе уживаше да игра и да го храни.
    Не разбирам како може редовно вакцинирани, чувани дома, прочистувани, да донесат некоја болест? Еве не знам, ако има нешто вакво докажано би сакала да прочитам.
    Малава е пукната за мало куче сега, да можела она да го шета како што ние големите (бидејќи сите што ги чуваме се големи раси, ротвајлер, кане корсо), ама здравје нека пркне за да знае што се треба да праи за кучето, па ќе земеме и такво :clap:

    И матичната знае дека сме вакви со фул животни, нема речено ништо...
     
    ZAHRA, Cherry79 and Annath like this.
  4. januari19

    januari19 Популарен член

    Joined:
    Jan 30, 2019
    Messages:
    777
    Likes Received:
    1,762
    Gender:
    Female
    Може ли да ми ја кажете разликата од расно и не расно куче?
    Дали мислите дека детето ваше разликува расно и не расно или тоа вас ви игра битна улога?
    Дополнително незнам зошто кучињата ги чувате во бокс..... А планирате да земете друго куче за да го усреќите вашето дете.
    Јас имам две големи кучиња живеат во стан од 60м2 и за кратко плус со бебе.
    Не гледам причина зошто тие кучиња би живееле надвор а другото во домашни услови.
     
  5. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Joined:
    May 29, 2019
    Messages:
    1,127
    Likes Received:
    3,271
    Gender:
    Female
    Не, не игра улога расно или нерасно, нерасни сме чувале, и храниме надвор и се, нејзе не и игра ич, а ние цело време нерасни чувавме, уште од време татко ми ко земал, имавме мерак на карактерот на кане корсо и ротвајлер, што има погрешно во тоа?
    И моментално имаме нерасно, стара е 11години, прво лично мое куче. Земено на 27 дена затоа што сакаа да го фрлат, не знаеше да јаде, си го земав.
    Друга ствар, јас имам двориште од 2 000+ квадрати, верувај дека повеќе уживаат надвор, копајќи, ладејќи се во базен, не мислиш така?
    Подобро ќе им биде внатре во 60кв или надвор на 2000+ квадрати со се и сешто?

    Хранењето мора да биде во бокс затоа што едната од нив брани храна, друга е лакома, не успеавме да и го тргнеме тоа од навика, така да додека имаат оброк, мора да се затворат, немам намера да ризикувам да се искасаат.
    Кое друго ќе живее во домашни услови?
    Мало бело не се однесува на бишон или малтезер, па в комшии имаме миничиња нерасни кутриња, ќе си земеме од нив.
    Трета ствар, се селиме за скоро,, сум немала услови до сега ама сега балконот ни е направен со подно греење и затворен со стакло за кучињата во зима да спијат на топло.
    Друго прашање?
     
    ZAHRA likes this.
  6. macalavica

    macalavica Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2013
    Messages:
    3,275
    Likes Received:
    4,942
    Gender:
    Female
    Дали смее бебе од 13 месеци да престојува во иста соба со папагалчиња.Поголемото синче доби две папагалчиња тигрици и сака да ги чуваме ама за бебето не знам да не е опасно, некаде прочитав дека до 3 години не треба да се во присутво на папагал.Ве молам за совет?
     
  7. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Joined:
    Mar 4, 2021
    Messages:
    1,227
    Likes Received:
    1,747
    Gender:
    Female
    Тоа важи за новороденчиња, макс до 3 месечна возраст. Генерално не треба да се во контакт со изметот. И да имаш новороденче треба само да внимаваш на тоа, или да не го гребне, касне. Ти секако нема да дозволиш децата да го чистат кафезот. Не се замарај , чувајте ги птиците, редовно чистење и тоа е тоа.