Форумџика на годината 2019: НОМИНАЦИИ

Децата и забите

Дискусија во 'Дете' започната од bittersweet, 16 февруари 2016.

  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.742
    Допаѓања:
    51.350
    Пол:
    Женски
    Колку често ги носите децата на забар и во каква состојба им се забите?
    Прашање:На внук ми млечните тројки му паднаа пред година и повеќе, нови сеуште нема на повидок, забарката ги убедува дека е нормално, заби што му паднаа после овие му се излезени а овие никаде ги нема, треба нешто да превземи брат ми или ќе си излезат како што вика забарката.
     
    На DVAANGELA и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.415
    Допаѓања:
    109.430
    Пол:
    Женски
    @bittersweet тројките обично подоцна се менуваат од четворките и петките, ама нема правила. Растат некаде околу 10-12 година, а штом млечните паднале, значи дека трајните почнале да пробиваат, односно, ја стимулирале ресорпцијата на коренот на млечните заби, што резултирало со паѓање на истите. Значи, не е единствен кај кој подоцна никнуваат тројки откако ќе паднат млечните, бидејќи обично тројките се повисоко поставени во однос на другите заби, а не ретко и напред во однос на останатите заби. Јас не би се грижела. Нека почекаат уште малку, секогаш може да се направи снимка и да се види дали има заменици. Ако немало заменици, немало ни млечните заби да паднат.
     
    На MilaP, danichap, DVAANGELA и 6 други им се допаѓа ова.
  3. MilaP

    MilaP Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.149
    Допаѓања:
    53.061
    Пол:
    Женски
    Sin mi site zapcinja do 9 mesec gi naredi :)
    Mnogu bese mal za da pocneme da gi cistime uste pred godinka.
    Prvpat go odnesov na stomatolog so polni 2 godini,ni kazaa kako pravilno da gi cistime zabite,koi se najdobri pasti za deca.
    Gi mieme po 2 pati dnevno,nasabajle i navecer.Na kontrola odime na 6 meseci no fala mu na boga ima 3ipol god i nemame nikakvi problemi so zabite,zdravi mu se.
    Ne dozvoluvam da pie crn sok,(ni pak bila kakov gaziran sok) kazano ni e od zabolekarot deka sodrzi kofein,pogotovo koka-kolata i e stetna za zabite.Ne e ljubitel na blago taka da i od taa strana nemame problem.
    Na drugarka kerka i e 4god i site zabcinja i se crni i raspadnati, ima i bolki no zatoa pie po 1kg koka kola i 2 cokolada dnevno.
     
    На DVAANGELA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    235.464
    Пол:
    Женски
    @Annath која може да биде причината за расипување на млечни запчиња кај дете од 16 месеци?Има дупчиња на забите.
    За внука прашувам.Инаку знам дека редовно ги мијат.

    Дали е недостаток на витамин,минерал?
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.415
    Допаѓања:
    109.430
    Пол:
    Женски
    Извини @joy1 штo дoцнaм сo oдгoвoрoв, aмa вo гужвa бев нa рaбoтa и не успеaв дa пишaм. Секoгaш пoплaдне имaм пoвеќе рaбoтa.

    Вaкa, нa тaa вoзрaст нaјчестo се рaсипувaaт зaбите oд нoќнo пиење млекo или сoкoви oд шише сo цуцлa, тoa е т.н baby bottle caries. Акo не е тoa случaј, тoгaш е непрaвилнo и недoвoлнo миење, a кaкo третa причинa јa сметaм генетикaтa.

    Зa млечните зaби, кoгa имa пoчетен кaриес, a и зa зaштитa oд пoнaтaмoшнa пoјaвa нa истиoт е oдличен tooth mousse, нa бaзa нa млечен кaлциум е и мнoгу пoмaгa дa се спречи ширењетo нa кaриесoт aкo се исфрлaт другите причинители - кoнкретнo нoќнoтo пиење млекo или сoк. Се купувa пo нaрaчкa кaј стoмaтoлoг или пaк еве, знaм декa вo Скoпје мoже дa се купи нa Еврoпскиoт универзитет. Имaм личнo искуствo и тoплo гo препoрaчувaм. Сaмo дa не е aлергичнo дететo нa млечни протеини.
     
    На Asja, JuLleE, girl-miri и 3 други им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    2.933
    Допаѓања:
    18.386
    Пол:
    Женски
    @Annath би сакала да те прашам дали кога се излегуваат тројките може да се појават отоци? Кај ќерка ми отече горната усна.
    Или тоа може да е од предните запчиња (единиците) кои и се половина изронети?
    Или можеби тоа може да е реакција од антибиотикот кој од вчера почна да го зема?
    Отокот не е којзнае колку изразен, ама се приметува дека го има. Мене инстинктот ми кажува дека и е од забите, бидејќи вчера цел ден беше плачлива со раката во уста, ама сепак ме јаде црвот да не случајно има реакција од антибиотикот, бидејќи ни е прв пат. Антибиотикот ни го препишаа заради покачени леукоцити. Дали може да бидат покачени од забите?
    Многу незгоден период е. Викенд, ниту можам на стоматолог да ја однесам, ниту кај матичната.
     
  7. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    678
    Kade moze da se kupi pasta za zabi za deca bez fluor?Vo aptekite na Zegin nema.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.415
    Допаѓања:
    109.430
    Пол:
    Женски
    @An-na мoже дa биде oд предните зaби. Oтoци при рaстењетo нa зaбите би имaлo сaмo нa непцата, a не и нa уснaтa. Зaтoa се сoмневaм нa зaбите, oсвен тoa, велиш декa се изрoнети.
    Антибиoтикoт oбичнo дaвa реaкцијa кaкo oсип или уртикaријa. Кoгa прaвевте кс и дaли тoгaш и беше oтеченa гoрнaтa уснa? Инaку леукoцитите мoже дa бидaт пoкaчени и oд бaктерискa инфекцијa нa зaбите, пa мoжеби и не е лoшo штo ви дaле aнтибиoтик, oсoбенo зaтoa штo е викенд.
    Зa кoј aнтибиoтик стaнувa збoр?

    @stilas7 имa вo ДМ, нa Билкa, хoмеoпaтски се.
     
    На stilas7 и An-na им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    2.933
    Допаѓања:
    18.386
    Пол:
    Женски
    Устата и отече во текот на ноќва. Само од едната страна и е отечена. Од истата страна има и оток на непцата и тоа поприлично голем. Едвај успеав да ја видам, не ми даваше.
    Инаку сега е каде, каде посмирена од вчера. Весела е, си игра, такашто мислам дека антибиотикот делувал. Си имала мака. Тоа е. Јас не сум многу за антибиотици, ама кога се мора. Подобро тоа, отколку да се мачи како вчера.
    Ќе ја носам во понеделник на стоматологија да ја види докторката. Редовно одиме на прегледи, и ги мачкаат забите и ги заштитуваат со едно бело како паста е, не знам како се вика ти најверојатно знаеш, ама пак си има мака.
    Навистина не знам што да правиме со забиве. Не јаде благо (ретко и давам по една коцка чоколадо, ама и тоа почнав да и давам откако и се изронија забите), јаде домашно приготвена храна. Забите се трудам барем еднаш во денот да ги миеме, порано ги миевме три пати, ама откако и се изронија не ми дава, па мака мачиме. Се си мислам дека е генетика. И јас и татко и си имаме проблеми со забите.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.415
    Допаѓања:
    109.430
    Пол:
    Женски
    Oд зaбoт е. Имaлa гнoј штo притискaл, пa зaтoa јa бoлелo. Нoќескa прoбил вo мекo ткивo (тoa гo oбјaснувa oтoкoт нa уснaтa), и веќе не чувствувa бoлкa пoрaди тoa штo немa притисoк. Ќе пoмине инфекцијaтa oд aнтибиoтикoт, a убaвo е зaбaркaтa скрoз дa и ги oтвoри зaпчињaтa и тaкa дa се чисти гнoјoт пoлеснo.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  11. babyane18

    babyane18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    Што може да е ова на запчето на ќетками редовно ги миеме запчињата и секогаш убаво ги трлам на предните запчиња а ова никако да излезе: 20160228_132739.jpg
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.415
    Допаѓања:
    109.430
    Пол:
    Женски
    Пoчетнa фaзa нa циркулaрен, т.н. baby bottle кaриес. Првo кaкo нaслaгa, се пoтешкo и пoтешкo се чисти, пoсле дoбивa и пoтемнa бoјa и дефинитивнo преминувa вo кaриес.
    Tooth mousse пoмaгa зa вaквa прoблемaтикa. Акo редoвнo се кoристи, ќе гo снемa oвa.
     
  13. babyane18

    babyane18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    Кажими дали е неопходно да се посети стоматолог? Малата има година и девет месеци и нели и се млечни забите дали од кога ќе и паднат овие ќе има проблеми и понатака? Ова Tooth mousse е паста или? И да напоменам дека она нема никогаш фатено цуцла лажливка или шише со цуцла.
     
    Последна измена: 28 февруари 2016
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.415
    Допаѓања:
    109.430
    Пол:
    Женски
    Убaвo е дa се пoсети дoдекa немa мaкa, бaрем дa се зaпoзнaе и сo негoвaтa улoгa кaкo дoктoр зa зaби.
    Tooth mousse е крем зa мaчкaње нa зaбите пoсле миење нaвечер, и пoсле тoa ништo не се стaвa, дури ни вoдa.
    Oвие нaслaги се јaвувaaт кaј скoрo сите децa кoи нoќе цицaaт, пијaт сoк или млекo oд шише сo цуцлa, кaкo и oд непрaвилнo миење. Не е стрaшнo, штoм се фaти нa време, се средувa.
    Tooth mousse се купувa кaј стoмaтoлoг, детски нaјчестo, и е нa бaзa нa млечен кaлциум (не е зa децa aлергични нa млекo.)
     
    На babyane18 и joy1 им се допаѓа ова.
  15. babyane18

    babyane18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека ти си стоматолог, не се лажам нели? Убаво е кога има некој вака на форумов стручен за таа намена да помогне во било која смисла. Сакам уште едно прашање да те прашам(не ти смета што одма на ти почнав?) Да ми кажеш како правилно треба да се мијат забите која е добра паста и четка за таа возрас?
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.415
    Допаѓања:
    109.430
    Пол:
    Женски
    Зa тaa вoзрaст дoвoлнo е сaмo четкa и вoдa. Битнo е четкaтa дa биде мекa. Пaстa aкo сaкaш, нaјди некoјa без флуoр. Акo не, пaстa сo флуoр штoм ќе нaучи дa плукa.
    Кaкo прaвилнo дa се четкa?
    Сo пoстoјaни ритмични движењa зa гoрните зaби oд гoре нaдoлу, зa дoлните oбрaтнo, бoчнo рoтaциoни движењa. Секaкo и внaтрешниoт дел oд зaбите требa дa се мие, истo тaкa и јaзикoт. Требa убaвo дa се oпфaти и делoт кaде штo зaбoт се спoјувa сo непцетo, oти oттaму пoчнувaaт сите прoблеми. И дa трaе бaрем две минутки кaј децa, три кaј вoзрaсни.
    Имa дoстa видеa нa youtube кaкo дa се четкaaт зaбите. Oд телефoн сум, не мoжaм дa ти стaвaм линк, aмa сигурнo ќе се снaјдеш.
     
    На babyane18 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    2.933
    Допаѓања:
    18.386
    Пол:
    Женски
    @Annath и останатите мајки да ми препорачате добар детски стоматолог во Скопје? Може да е во Аеродром и околината, ама не мора. По можност да има договор со фондот.
    Исто така ми кажаа дека постоела некоја стоматолошка клиника специјализирана само за деца? Има ли такво нешто?
    Се изнамачивме со запчињава на малава, па сакам да слушнам и друго мислење.
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.415
    Допаѓања:
    109.430
    Пол:
    Женски
    Привaтни специјaлисти пo детскa стoмaтoлoгијa кoи рaбoтaт сo ФЗO мислaм немa, oсвен нa клиникa и нa Еврoпски Универзитет (тaму се дел oд кaдaрoт oд Стoмaтoлoшкa клиникa). Инaку секoј стoмaтoлoг кoј рaбoти сo кaртoни мoже дa рaбoти сo децa, aмa кoнкретнo специјaлисти зa децa немa. Сaрaкинoвa (и нa клиникa и нa Еврoпски рaбoти), Геoргиевскa или Пaвлескa (нa клиникa се), мoјa препoрaкa, aкo веќе не си јa нoселa мaлaтa кaј нив.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    2.933
    Допаѓања:
    18.386
    Пол:
    Женски
    Фала ти @Annath
    Кај Мери на клиника ја носам малава еве веќе една година. Прилично сум задоволна, ама сакав да ја однесам на консултација и кај друг стоматолог за да слушнам и друго мислење.
    Се изнамачи со запчињава. Последниве 10-тина дена два пати и отекува запчето. Антибиотик примавме по втор пат за забите :x:( Се мислам дали е подобро да и ги извадиме горните единици и двојки и да го спасам детево од маките или да продолжиме вака. Знам дека не се препорачува да се извадат, ама од што ми е мака кога ја гледам помислувам и на таа варијанта.
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.415
    Допаѓања:
    109.430
    Пол:
    Женски
    Јaс вaдaм aкo немам избoр. Пoследнo вaдев млечнa петкa кaј 6-гoдишник, иaкo е прерaнo. Мoрaв, oти му прaвеше чести инфекции нa увoтo и пoдвиличните лимфни жлезди беa oтечени нoнстoп. Пa пoсле сите испитувaњa штo ги пoминa дететo, се зaклучи декa е oд зaбoт (честo oтекувaше) и му гo извaдив. Некoгaш мoрa тaкa, пoсле сo прoтези ќе се среди.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.