Млечен е, ќе се смени. Пломбиран, веројатно мртов, па се скршил. Ништо страшно, се средува. Однеси ја на забар да ја видат, да не и смета, да го дотераат малку. Инаку се менува на 10-11 години.
Мајки ве молам за искуство,досега 2 год. немало детето никаков проблем со раснење на заби.Сега му никнуваат две горни петки истовремено,три дена висока температура,многу обемен секрет од нос почна и да кашла од него дури и двапати поврати.. Дали имале и други деца ваква манифестација? Грло и нос чисти на преглед,дијагноза вирус без КС... Можно ли е од заби вакви проблеми,искуства ве молам...
Од заби не е. Вирус е најверојатно. Паднал имунитетот поради никнењето на забите, се активирал вирус. Штом има обемен секрет од носот, од тоа повраќа.
Мајки шески кога излегуваат? Керка ми е скоро 4г нема а малиот 2г и 4м едната му е излезена долу а и другата исто набабрено место Нели е рано малку за нив?
https://www.ringeraja.mk/m/kalendar_na_detski_razvoj/7-godini/zdravje-i-nega_5.html Невозможно е на толку мало дете да израснат шестките. Еве кога излагаат на линков има распоред. Сигурно се петките убаво ќе провериш. Кај некој деца порано излагаат петките, а кај некој малку покасно.
@sofi2107 знам затоа и прашав попладнево забележав веке 3-4дена се жали на болка и денес ми покажа точно каде грепка убаво се гледа Петките му се убаво оформени веке тоа е шестка Затоа и се збунив бидејки керка ми уште ги нема а знам и дека подоцна излегуваат
Искрено незнам, она што го имам читано за процес на растење на млечни заби и од кога почнуваат трајните заби, според стоматолози и сл. е дека пред почетокот на растење на трајните заби излагаат шестките ( има детално на линкот ) . Е сега реално нема правила нели. Малиот на другарка ми на точно 3мес ги извади сите 4 ќеца, сме се чуделе сите. На 12мес уста пуна заби сите ги имаше човеченце беше. Така да ете може и стварно да се кај синко твој шестките, види со стоматолог ако си на мисла. Со лесно вадење забчиња и сите бисерно бели и здрави да му се.
Нека го види стоматолог, може да е дел од петката. На таа возраст, до три години растат петки, шестките некаде околу шестата година излегуваат. Знам за случај на 4 години, ама тоа е исклучок, а на две години е невозможно. Многу се големи тие заби за таа вилица, не се ни оформени целосно за да пораснат.
За жал да. ЦРП 36,крвна слика ок. Веројатно грип... Плус две петки раснат. Ах како би да ја земам болката јас!
Ние сме со 12 запчиња. Сите 1, 2, 4. Четворките два месеци пробиваа, а еве сега пак лигав изгледа тројките ќе почнат одма
ми треба препорака каква четка за заби да купам за прв пат? И паста каква или само со вода на почеток да четкам? Бебе направи 15 месеци пред некој ден.
Јас земав на lacalut и паста и четка, ама пастата ја јаде. Четката ја давам само со вода да се навикнува. А мислам дека се продава и како напрсток да се поминат забите. Тоа сум во план да купам.
Не смее да ја јаде пастата. Земи некоја без флуор. Кога ќе научи дека паста не се јаде и кога ќе знае да плука, тогаш ќе миете со пасти со флуор.
Анат, мојава уште не плука Без флуор е пастата, ама пак ми е шубе. Не сака и не сака. Дури си вели кога ги мие забите: ммм, вкуснооо... Немам идеја како да ја научам. Пробав со чаша, ја пие водата. Со раче не може. И сега само ѝ ја заплакнувам четката 100 пати. Заедно миеме заби и ѝ покажувам, ама ако плука само "пу" ќе каже и толку
На веледа е. Не знам и јас што да правам, затоа што некогаш и отпор ѝ се прави, па води инает. А знае да плука, само не кога мие заби