1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и забите

Дискусија во 'Дете' започната од bittersweet, 16 февруари 2016.

  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    А кога почнавте со миење на запчиња на дечињата/бебињата?
     
  2. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Од кога му излезе прв заб, на неполни 6мес.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Како?
     
  4. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Џабе све. И ги миеме од како израснаа, ги заштитуваме со тоа средството скапо, сок не се напил, цуцла не фатил , лижавче и бомбони никогаш не сакал и пак се расипаа петките и двојките и тројките фатија жолто и многу се нервирам.
     
    На M&M и Pcelka1315 им се допаѓа ова.
  5. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Жолтото е почеток на кариес или? И кај син ми почнаа да пожолтуваат предните и катниците, а многу внимававме и ние. Скоро почнав и со тут мусот да мачкам па белким ќе го успориме процесот на расипување.
     
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Пробај, кај нас е џабе. Тут мусерот од старт го користиме. Со паста миеме, плакнење , па тут мусерот и си легнува. Џабе, се повеќе има жолто, а за петките одиме на забар за да ги пломбираат .
     
    На Pcelka1315 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    А петките поцрнети ли се или жолтото го чистите?
     
  8. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    На почетокот му ги миев со напрстокот силиконски ( во Зегин има ) , па во меѓу време и непца со напрсток му масирав и не се бунеше. Од Зегин имав паста за таа возраст соодветна. После кога имаше веќе 4 заби почнав со четка да му ги мијам. Рутина му направив сабајле и пред спиење. И еве сега е 2г и 2мес и сабајле сам си иде во вц, си става скаличката и му давам четка, ставам паста и сам си мие заби, навечер исто.

    @Lolipop23 ќе ви се вмешам во дискусијава извините.
    Негде после 13/14мес приметив дека почна на дете горната двојка (левата) да се подронува. Од внатрешна страна жолта наслага. Ќе полудев од нервоза највеќе поради естетско видување ( сепак во обзир го земав фактот дека секакви деца има па да не му се подбиваат за некоја година ). Го однесов одма кај мојов стоматолог ( многу и верувам ). И објаснив дека сок дете никад не се напил, шише никад не стаил во уста, цуцла лажливка ни 3мес немаше кога ја пљукна, заби миење два пати на ден.
    Ми објасни дека во последен период ( најмалце 2-3г наназад ) многу честа појава било кај дечиња ова со ронење на забите. Мусот ми рече никако не ми го дава пред 2г да има дете. На прашањето мое да не случајно има овој старт и влијание на трајните заби да се ронат или да се никакви ( зашто со заби ни јас ни сопруг проблем немаме да не се подречеме ) ми објасни дека овој старт нема никакви индикации дека би имал проблем со трајните заби. Дека никако неможам да влијаам на ронењето, дека сепак е слаба коската на самиот заб и тоа е тоа, но можам да ублажам и да го забавам процесот на ронење. Ми објасни дека не го боли да не паничам. И нагласи дека родителите правиме грешка на миење заби после внес на шеќери. Најмалце 1ч требало да помине после внес на шеќери па да се измијат забите, зашто во спротивно само се разнесува шеќерот и таложи на наслагите ( вака ми објасни ). Па еве така практикувам од тогаш. Верувала дека најголемо влијание на порастот на ронење заби кај деца бил највеќе од самиот воздух ( загадувањето ), а колку е тоа вистина не сум сепак стручна. Така кажа стоматологот.
    Се извинувам на рефератов.
     
    На referentka, TeddyGrey, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Не е само загадувањето, благото и соковите проблем кај млечните заби.
    Проблем е тоа што бебињата од старт јадат каши. Значи блендано. Не џвакаат. Џвакањето и гризењето цврста храна врши механичко чистење на забните површини, што секако не значи дека не треба да се мијат. Кашите, храната од типот лапни-голтни најмногу ги расипува забите. Бисквитите, грицките, крекери, смоки, соленки - ова е само дел од храната што се лепи на забите.
    Исто и миењето заби веднаш после било какво јадење, а особено благо ило кисело помага за ронењето. А се ронат оти се порозни, млечните се слаби запчиња. Што не значи дека исти ќе бидат трајните заби.
     
    На fana, slobodka, referentka и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.510
    Допаѓања:
    32.643
    Пол:
    Женски
    @Annath навечер често ја слушам малата кога ќе се заврте како ги струга забите.Прво мислев дека нешто со вилицата и е , ама сега сум сигурна дека се забите.Што мислиш дали треба да и се прави шина?За 1 месец ќе биде 3 години.
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Обично не правиме кај мали деца прашај дали во Германија прават. Тоа повеќе за возрасни се прави.
    Давај b6 пред спиење да се опушти.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Петките се класично расипани, не знам како да кажам т.е две петки. Значи чисти кариес, лечи,па пломба.
    Не јаде блендирано, нити смоки и бисквити нешто посебно многу. Млеко со бисквити може да касне еднаш во неделата. Јаболка, моркови меле ко навиен.
    Најголема фрустрација ми прави што не можам да детектирам каде погрешив.
    Една од забарките на овој муабет ми рече дека му се расипуваат затоа што не пие млеко односно дека кога престана да цица на година и пол не пропи никакво млеко. Но, јас пазам буквално секој ден еден оброк да му млечен ,најчесто е домашно кис.млеко, сирење,урда...а млеко во градинка ако има за доручек,или дома со бисквити инаку не сака да пие. Ми рече дека млечен оброк не е доволно.
    И јас и мм и блиска фамилија имаме прилично здрави заби.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Се слагам.
    Но, еве конкретно за моево дете ќе зборам. Блендирано т.е готови каши само дали 2мес при воведување на вкусови што има јадено. Од 7мес веќе џвакаше, пасирано давав и парченца ( нормално не тврдо ). Никогаш не сум блендирала нит блендирам. Ретко еве и ден денес да се изблендира нешто. Нит па сака мазно и блендирано се гади.
    Ќе те прашам само дали доколку еве едната двојка му е пола изронета ( веќе не се рони ), дали има веројатност и друга двојка или и ќецови да се изронат?
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи. Нема правила. Ронењето може да биде последица и на генетски дефект во минерализација на глеѓта. Кај трајни заби тоа се манифестира во вид на флеки, најчесто бели.
     
    На TeddyGrey и sofi2107 им се допаѓа ова.
  15. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.913
    Допаѓања:
    135.456
    Пол:
    Женски
    Ве читам за ронењето на заби, знам доста деца на кои им се ронеа млечноте заби, и на мм кога бил мал предните малтене како растеле му се ронеле и му биле како црни дупчиња непцата. Кај децава мои немам проблем воопшто со ронење, а морам да кажам отворено дека јадат благо. Големиот извади заби многу рано од 5м, пред да наполни 5г почна да ги менува млечните со трајни.не му се изронил ниту еден заб ама имаше кариес на 5ки и 4ки му ставаа пмомби, со предните нинаков проблем додека не ги смени а и сега трајните му се ок.
    Малава нема проблем воопшто со ронење, засега не сум приметила ни кариес, е има само жолти наслаги на предните забчиња и тоа на горната половина од забчињата.
    Заби им се мијат обавезно, посебно пред спиење но не им мијам после секое јадење.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Што не кажувате вакви нешта, јас мислев веднаш по јадење треба да се измијат забите?! До година ипол така му ги миев, одма по секое јадење, после имаше период кога почна да одбива па до денес сме останати само пред спиење и тоа со плачки. Да знам барем со ќере да не ја повторам истата грешка.
    Инаку благо ептен ретко јаде, смоки дали 2 пакетчиња има изедено досега, бисквити исто. Е многу сака лижавчиња, а тие се непријател број 1 знам, па и не ги лиже туку веднаш сака да ги изгриза. Во последно време и сладолед.
    Генетски јас имам лоши заби, мм ептен убави, се надевам на него ќе се двајцата.

    Едит: Да се надополнам, блендирав подолго време, до кај година ипол. Млеко не пие воопшто откако престана да цица, млечни производи јаде во изобилие. Ана што велиш ти за ова со пиењето млеко? Можно е да има врска?
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски

    Многу фактори играат улога. Генетиката е на прво место, потоа доаѓа нивото на орална хигиена, начинот на исхрана, навиките. Пиењето млеко не игра нешто битна улога, пошто знам луѓе што ни капка млеко не се напиле, а имаат цврсти и здрави заби без ниедна црна точка. И обратно. Така што, според моето искуство генетиката е на прво место, потоа правилното миење заби и на крај исхраната. Секако, и бременоста, односно дали во бременоста мајката имала некои здравствени проблеми или била изложена на зрачење, загадување или некои слични фактори кои би можеле да влијаат на гените што се одговорни за забите. Особено ова со бременоста важи за млечните заби, бидејќи се формираат додека плодот е во мајката. Трајните заби се формираат после раѓањето, така што и на нив би влијаеле истите фактори кои влијаат на мајката во бременоста. Не можеме да ја смениме генетиката, ама може да ги чуваме и негуваме забите.
    Проблем е што генерално луѓето кај нас немаат висока свест за орална хигиена, ама тоа се менува, помладите генерации стануваат свесни дека забите се важни.

    И моиве јадат благо, големиот јаде и грицки, а не сум давала блендирано, освен готови каши. Преку ноќ само цицање, друго не сум нудела. Млеко не пијат, јадат сирење, пијат јогурт и толку од млечните производи. Малово засега нема ниедно расипано запче, кај големиов веќе почнавме со поправање на трајните заби, а има само осум години. Главен виновник се грицките, многу ги сака, ги јаде, и тоа му се одразува на забите. Башка што по генетиката, ги има забите на мм, а тој нема баш убави заби.

    Калциумот заедно со флуорот има улога во зацврстувањето на забите, ама повеќе е ефективен локално, отколку системски. Лично сум против флуор, поточно за негова злоупотреба. Пиењето на таблетки со флуор можеби има ефект додека се развиваат зачетоците на трајните заби, ама после тоа залудно е нивното земање. Освен тоа, за пиењето таблетки, имаме некое генерално правило на која возраст се најефикасни, ама не кај сите во исто време се одвива формирањето на забите. Кај некои е порано, кај други подоцна.

    Пената за заби, tooth mousse е навистина клинички ефективна и докажана дека делува во спречување на проширување на постоечките кариозни лезии, и санирање на почетните наслаги, освен тоа и ептен ефикасна за десензибилизација на осетливи заби после стругање за протетски надоместоци, после белеење на заби и кај генетски осетливи заби. Ефикасна е за заштита на забите при носење на фиксни апарати. Правилното користење на истата е премачкување на зафатените/ризичните места после миење, па да се остави да делува најмалку три минути, па со јазикот се разнесува преку останатите заби и се чува во уста што е можно подолго, без голтање. Битното е тоа што во комбинација со плунката се ослободува калциум фосфат кој помага во зацврстување на забите. Колку подолго е во устата, толку поголем ефект ќе има. Е сега, не делува кај сите исто, тоа го забележав кај моиве двајца, кај големиот нема ефект колку кај малото.
     
    На Sexybaby86, Spidy, Ano и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Вчера бевме прв пат на заболекар. Избравме млад и не многу искусен доктор, ама моите претпоставки дека ќе е добар со деца излегоа точни. Супер поминавме. Синко седна на столчето и сам ја отвори устата, што и мене дома ретко ми дозволува. Му ги виде докторот запчињата, рече дека супер биле, вели на негова возраст има деца со крш заби, жолтото не било кариес туку наслаги и вели нема потреба да се третираат.
    Се договоривме да го носам почесто на контроли за да се привикне и да го совлада стравот.
     
    На SummerGirl, joy1, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Јас имам голем проблем со помалиот. Не сака да слушне да отиде на заболекар. Два пати бевме и едвај отвори уста. Трет пат отидовме на дежурен. Таму поминавме без проблем. Пред некое време пак почна да има проблем. Едвај го однесов на заболекар. Со вриштење. Едвај седна. Ама уста не отвара. Се си мислам дека можеби е до заболекарот. Затоа што кога бевме на дежурен немаше никаков проблем со жената. Ама кај овој не сака да оди.
     
  20. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    За пенава дали може да се користи за 2,5 години и штетно ли е да се голтне? Таа разбира што значи да плукне но не исплукува се. Инаку имаме како кафеави линии на две предни забчиња дали тоа се смета за забен камен и дали би можело да доведе до кариес понатаму? Не се големи ама сепак да прашам за мислење. Инаку четкаме со четка и многу малку паста кога колку може некогаш поубаво некогаш помалку зависи колку ќе сака да биде мирна но не се чисти кафеавото. :/ инаку е по средина на забите од напред. Дали со пенава можеби би се исчистило со тек на време и колку често да се користи и најважното дали вкусот е прифатлив за децата :( Ако не некој друг совет или мислење според ова што пишав дали можеби ќе се исчисти со тек на време