1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и забите

Дискусија во 'Дете' започната од bittersweet, 16 февруари 2016.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.884
    Допаѓања:
    14.237
    Пол:
    Женски
    Не можам да разберам како на млечни катници ваѓаат живец. Не знаат ли новиве стоматолози да поправат заб? Како дете на 6ипол години на вади петка со изговор дека под него има заб што расте кога не се ниша? Како да вади 5ка кога ни кецовите не му се сменети? (facepalm)
     
  2. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.131
    Допаѓања:
    10.724
    Пол:
    Женски
    Зависи колку е оштетен забот. Секако дека најдобро е да се поправи (пломбира или лекува) ако има услови, ама не секогаш може. Ако забот е искршен и со инфекција, подобро да го извади отколку да го носи скапан во уста уште неколку години. Негативното е дека најверојатно ќе има промени во положбата на трајните заби, па ќе има потреба од протеза понатаму. Има и начини да се заштити од тоа, консултирајте ортодонт ако се извади забот.
    И не е само до докторот дали знае да го поправи забот, треба и детето да соработува. Исто расипан заб може да се нафатам да го лекувам кај дете што без проблем доаѓа на забар, а на друго што не сака ни да отвори уста ќе објаснам дека едноставно нема услови за да се поправи.
     
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.884
    Допаѓања:
    14.237
    Пол:
    Женски
    моето кога и да појдеме седнува и ја отвара устата не чека да му рече зашто знае дека само така ќе работи докторот. Сме оделе само кога ќе осети болка. Мислам дека пожелно е да одиме секој месец по еднаш на контролен преглед ,може ете до мене е грешката не негирам. Се сеќавам за мене кога и да сум одела ме мачкале со нешто а денес скоро и да не користат таков метод.
     
  4. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.131
    Допаѓања:
    10.724
    Пол:
    Женски
    На денешно време ретко кој стоматолог се нафаќа да работи со деца, зошто бараат многу вложено време и за најмалите интервенции, што докторот не може соодветно да го наплати. И на крајот од денот и докторот и родителот викаат ајде млечен заб е, секако ќе му падне. Не е тоа поентата. Секој заб си има функција и треба да се чува и лекува, но од искуство знам дека ретко кој е доволно упорен за тоа успешно да се изведе.
    А носење на дете на стоматолог само кога има болка е најголема грешка. Кога веќе има болка, што и да направи докторот, дури и преглед само, ќе го боли, што ќе биде лошо искуство и секако дека нема да пројде најдобро. Ако одите на контрола, и има некој кариес на заб кој сеуште не почнал да боли, тогаш не боли и да се поправи, и секако дека детето многу полесно ќе го прифати сето тоа.
     
    На Lolipop23, marchi-cool, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.813
    Допаѓања:
    21.030
    Пол:
    Женски
    Мајки имаме мака.
    Малава завчера качи тт 38 и одма симна. Толку
    Сабајлето текнавме на доктор, мислев уште ќе качува ради мрсулите, мада се водичка.
    Таму во чекална случајно видов дека на едната атрана нанјазикот, некаде кај 3ка 4ка има бело...
    Док ни кажа со метиленско сино да се мачкаме еден ден и да тргнеме цуцла. Дека се наслаги, од џвакање, плус од цуцлата итн итн...
    Ја тргнавме цуцлата.
    Она не јаде ништо, многу се лигави, плаче.
    Дали е можно и 5ки да вади, или ја мачи толку ова белово. Мада денес е намалено.
    Многу ме секира. Со што да ја мачкаж побрзо да помине.
     
  6. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Колку години е малата ?
    И не сфатив ... има бели наслаги на јазичето или на непцата?
    Ако има на јазичето тоа е исто како кај некој новороденчиња што се појавува. Тоа се нарекува СООР - кандида. Се лекува со капки Нистатин ( во Зегин ) и по упатството ќе ги примениш. Можеш на газа да ставиш или на стапчиња за уши па да премачкуваш. Обично поради самиот соор не јадат и не пијат. Ги пече и имаат осет на чуден вкус при внес на храна/течност. Читни на гугле за соор кај бебе/дете.
    А, доколку се работи за бело на непцата тогаш вади заби. Кога вадат заби се лачи поголема плунка ( подетално за ова на гугле имаш статии ) и со самото лачење на плунка може да дојде и до растечено носе. Ќе помине само од себе, сепак е процес на растење заби и е болен без разлика мачкала нешто или не. И со самото растење имаат период кога одбиваат храна. Пробај блендирана да е да не џвака може тоа додатно ја боли. Нека не е топол оброкот, ладното повеќе им прија. Јас на мојот домашен сладолед му правев ( овошен или млечен ) и тоа му давав и му ја смируваше болката.
     
  7. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.813
    Допаѓања:
    21.030
    Пол:
    Женски
    На јазикот од страна, односно баш на врвот кај што се допира со забите. 22 месеци е.
    Да, приметив дека ладно и прија повеќе.
    Белово е денес бајаги повлечено.
    А бело е и кај непцата откога, 5киве како највеќе да ја измачија.
    Да кажам само дека баш на таа страна крвнички ја џвакаше цуцлата.
    Ќе видам утре колку и како ќе биде, секако нистатинот може да го пробаме.
    Се секирам да не е нешто сериозно.
     
  8. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Мајка какво сериозно да е нешто :) опушти се 5тките растат. И на мојов почнаа после 20тиот месец и за ниедни претходно не беше хаотичен како за 5ките. Од нејадење, од вриштење, ноќе стануваше со врисок и солзи крокодилски, буквално од нигде негде на сред игра почнуваше да плаче и да се удира по образи. Хаос видовме со 5ките. По 2-3 сладоледи јадеше, оброци почнав да блендирам некој денови ( ако почнеше да плаче на сред гризење одма блендирав ) и буквално секој оброк во фрижидер прво го ставав па му давав.
    И не, не се плаши ќе помине не е ништо сериозно.
    За тоа на јазичето нема што да се секираш. На време си го фатила. И синко како новороденче му се појави па со Нистатин и со видичка му давав после секој подој и се среди. Практикувај ако пие млеко да дадеш барем малку вода после млекото, после оброк вода. Кога и миеш заби со четката и јазичето триј и го. Уз игра и со смеење ќе и најдеш финта за и јазиче со четка навечер да и го измиеш. Ако не се повлекува белото на јазичето или недај Боже остане или се појави пак, во Зегин ќе земеш Нистатин капки и ќе ти објаснат аптекарките како да го користиш ( јас сум заборавила по колку капки се ставаа па да не те лажам сеа ). И ќе помине.
    Ајде оди гушкај ја ќерка дур спие и спијте мирно. И не се секурај ќе помине хаосов ќе излезат 5ките малку бурен период ќе е ... ама ќе помине :*
     
  9. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.813
    Допаѓања:
    21.030
    Пол:
    Женски
    Фала ти
    Еве 02 е јас на 10 мин срипувам од нејзиното плачење.. само во раце сака...
    Вака и за 3ките правеше.
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.547
    Допаѓања:
    95.419
    Пол:
    Женски
    Дете има 3г, сите заби во уста, редовно 2 пати на ден се мијат со четка и паста, сеуште без флуор зошто не знае да плука уште. Вчера приметив дека на горните заби бојата е драстично сменета, сива, темна, дури накај портокалово мава, ај си викам да не јадел нешто за тоа да му е сменета, измивме заби, мислам дека портокаловиот слој се изгуби, остана сивкаста нијанса. Долниот ред заби е кристално бел. Прашав другарка забарка вика да не паднал на заби директ, ама баба и тато викаат не. Појма немам што е, ама од памет се извадив. Искуство? Да напоменам, татко му има темна коска на забите, сиви му се, ама овие се млечни заби, зар уште сега ќе потемнат?
     
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.813
    Допаѓања:
    21.030
    Пол:
    Женски
    И поминало тоа белото. Уффф
    Значи лигите и кенкањето од забите.
    Цела ноќ заплакуваше на пола саат.
     
  12. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.813
    Допаѓања:
    21.030
    Пол:
    Женски
    Бидејќи вриснува на секое загризување денес бевме прв пат на забар. И ко за прв пат(преглед само со огледалце) поминавме супер. Отвори усте, покажа заби, се што треба. Запчињата се супер.
    Дај кажете како да си помогнеме со 5киве. На забар ни кажаа пола доза парацетамол и гелчиња. Ја давам и осанит, ама не гледам дека делува баш.
     
  13. Ive13

    Ive13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.657
    Пол:
    Женски
    Мамички имам пишувано во оваа тема со проблемот со ќерка ми со забите еве скоро три месеци мака се мачи никако да седне на стол пробав многу работи и сменив и други заболекари ама не и не таа не сака да си го поправи забот еве денес цел ден плаче ја боли ништо не јади незнам веќе што да правам.последно ми е да ја носам со целосна анестезија да и го поправаат.најдов една ординација во Скопје и би сакала да ми кажете искуство или мислење
    Еве линк од ординацијата звонев денес не ми одговорија
    http://www.univdentalclinic.org.mk/kl-detska.htm
     
  14. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Ова нели е државна стоматологија.
    Инаку и ние сме со истиот проблем.
     
  15. Ive13

    Ive13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.657
    Пол:
    Женски
    Не знам мила го најдов ова на интернет денес кога преварував
     
  16. melani@

    melani@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2018
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Здраво која паста за заби ја користите?
    Ние имаме 10месеци и сакаме да почнеме да ги миеме да правиме навика за миење заби
     
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.690
    Допаѓања:
    322.267
    Ако има дупче на забот и од време на време има детето болки, тогаш мора стандард процедура т.е. да се буши па да се пломбира ?
    Што е тоа залевање на фисури?
     
  18. lunna20

    lunna20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Mami4ki kade moze da najdam Toothe Mousse odnosno vo koja apteka go ima? Procitav deka bilo mnogu efikasno za zastita na zabcinja pa sakam da pocnam da go koristam za kerka mi. Pozdrav
     
  19. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Во Анни фарм во Капитол мол.
     
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Малце касно ти реплицирам но за дупче и болки обавезно забар да го поправи запчето. Стандардна е процедурата, бушење, лекче, пломба, па дури и вадење нерв ако е многу расипано.

    Залевањето се прави на здрави заби но не млечни туку кога ќе никнат сталните заби. Фисури се вдлабнатинките на површината на забите, и залевањето колку толку го штити забот, но е само површинки, забите не е можно да бидат залеани странично каде што и најчесто се расипуваат запчињара.
    Ние веќе ги пројдовме сите овие процедури (facepalm)
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.