Јас сум слушнала за 6ките дека ги залеваат, дали тоа се практикува и кај другите катници, 4ки, 5ки откако ќе изникнат трајните?
Сите бочни заби може да се залеат, млечни 4ки и 5ки, и трајни од 4ки до 8ци. Редовно се препорачува залевање на 6ки на 7 години и на 7ци на 14 години, ама ако соработува детето супер е и млечните да се залеат, барем јас тоа го препорачувам. Тоа е превентива, не гарантира дека нема да се расипат забите, ама барем горната страна им е заштитена, особено додека се мали и не знаат убаво да четкаат. Забите мора да се здрави за да се залеат, значи и точка само да има веќе не може, во тој случај мора да се пломбира.
Јас мислам само таму ги има. Супер, фала ти на објаснување, ќе го прашам нашиот матичен тогаш да ги залееме 4ките и 5ките додека се се уште здрави.
Веднаш штом се појават во уста. Исто како наслагите од млеко што се собираат на јазикот и се чистат со газа кај новородени, истите наслаги се создаваат на забите веднаш штом никнат. Ќерка ми нема заби, па и ги четкам непцата со силиконска четка за бебиња, убаво и е дека ја чешаат непцата, и се навикнува да и чепкам во уста за да кога ќе има заби да ми дозволи да и ги мијам.
Здраво,синчето е 15 месеци,ги има горните двете 1,двете 2ки,и двете 4ки,а долните двете 1,двете 4ки и само една 2ка,едната му е излезена уште на 9 месеци некаде а другата 2ка ја нема да излези ,што би можело да е причината некое искуство?позз
Има време да се комплетира забалото, до кај 2 и пол, три години. Ако не излезе, најверојатно ја нема, ништо страшно и невообичаено. Што не значи дека ако ја нема како млечен заб, ќе ја нема и како траен. Обично е обратно, ама во секој случај, не е страшно ништо.
Петките кога никнуваат? Бебка многу немирно ми спие деновиве, кенка по цела ноќ, цело време ја пика раката во уста, панично ја шмука. Исто и цуцла кога ќе и’ дадам за спиење (сево ова го правеше кога и’ растеа другите заби). Не е рано за петки? Година и 8 месеци е, а ги има сите заби освен овие.
По правило е после 2 години, ама не мора да значи. Ако и другите заби искачале порано, може и овие порано да излезат. Ако ги има сите други заби до 4ки, време е за 5ките.
Кај мене бебка извади на 1 година 4ка а тројката се прерипа. Не знам зш така ама знам дека мн мака видовме со вадењето. Мн болно ги вади ни ѓерданче помага ниту гелче. Дајте некој совет шо др може да и помогнам
Пред еден месец видов дека на синко му излегле три петки. На 2 г и месец. Сега можно е и четвртата да е излезена.
Дефинитивно се петките и кај нас. Не се трпи деновиве колку е кенкава, плус лошо спие и само пика играчки и прсти во уста. Ај уште овие, па раат после
А кога ви излегоа 3ки и 4ки? Прашувам зашто мојава има и 3ки и 4ки, дали и јас порано 5ките да ги очекувам? Чисто собирам искуства.
Летово излезе последната тројка, во јули. Четворките и другата тројка непосредно пред тоа, сите заедно. Оттогаш до сега бевме мирни