Паѓаат и тоа е . Кај мојов месец дена издржа и задоволна сум. Другарка ми беше убедена дека до стоматологот и материјалот, куп ординации сменија. Пак му паѓаат на детенцето.
Благодарам @Annath на објаснување, јас веќе искрено се посомневав во стручноста на стоматолозите и материјалот кој го користат А, да, точно е. Ај соработува некако, но, сепак на моменти е повуци потегни и веројатно како што објасни тешко се постигнува тоа суво работно поле.
Дечки, 5ки болат ли многу кога никнуваат? Малава е ко Северина потечена во долната усна, се лигави, кога грицка се жали. Ептен е жална.
Сите заби болат, ама катниците имаат поголема површина низ која треба да пробијат (во споредба со работ на предните заби) па може да е помачно. Ама нема правило, може да никнат и без мака.
Mojaва горните без мака ги извади и 3ки и 4ки, долниве душата и ја извадија, си го шмука показалецот баш кај забите. Вчера полупробиени беа 4ките долни, уште со месо од непцето низ нив, огромни се. А и тројките штрчат со се непце ... грев
Кога најдоцна излегуваат 5ки? Мојава абер нема за 5ки. А синко знам до 2г му беа пораснати, на 22м некаде извади. Инаку е 2г и 2 недели. Се изнамачи со овие заби... Сите со 300 маки ги извади, ми наплати за синко.. он неприлетливо ги вадеше. А и какви и се шашави Посмешни заби не сте виделе Има огромен раздељак меѓу горни кецови и двојките и се погоре, 3ки подоле
Помала е, ке и пркнат.. Уште не и се дораснати долните 3ки на мојава А многу е нервозна деновиве, завчера и темп дигна од нигде никаде 4,5 саати и сама спушти... Може да ке пркнува некоја 5ка
Моево извади 3ки и 4ки горе уште на 14 месеци без ниеден симптом, доле 4ки извади вчера после месец ипол од горните, со 4 дена течна столица.
Мојава без никаков ред, се изнамачи за секое забче мислам... многу натекуваа небца па пукаа со крв дури Се гледаше цело забче пркнато.. а небце како планина над него. Прво забче извади на 11м, второ на 13м... И сите така споро. Најинтересно е што извади 1ови, па 4ки Па тек после 2ки, па 3ки... Сега ке видиме како ке се 5киве. Според сликата прво доле треба да вади.. Инаку до 12м спиеше од раѓање цела ноќ, а од тогаш до сега ретко да преспие цела ноќ.. и мислам поради забите е
Едвај еден месец е поголема женска твоја од Дунде, врснички се Мојов ептен го измачија 3ките, горните се цели искочени, долните само пробиени. За 5ките страв во коски имам како ќе биде 2ки и 4ки не сетив кога му никнаа, кецовите свечено ги чекавме, па знам за долните лошо спиеше, а горните исто не ги сетив Уште 4ри и слободни сме до прваче
Не им се плашете на 5ките. Кај син ми не приметив дека растат. За 4ките само неколку вечери пмачеше во сон и тоа беше тоа. Заби неприметно. А еве и второво исто, само малку поспоро и растат
До три години ќе пораснат. Иначе, забите си се супер, не се смешни, таман како што треба се поставени, тројките секогаш се подолги од двојките. Туку, дијастемата меѓу предните заби може од френулумчето да се направи, ресичката од горната усна. Не е страшно во секој случај.
Мајка ми има доста голем раздељак (Како Мадона), па може од неа наследено. Не и се секирам, слатка е ептен вака.. понатака за сталните ке видиме..
На мојава петките и се надувани горе, огромно е непцето, ама не се пробиени. Претходно сите 3-ки и 4-ки заедно и’ растеа, 8 заба, полуде и дете и ние Се надевам лесно ќе поминеме со петкиве. Година и 9 месеци е, ама тек допрва треба да пробиваат.