Големиот со сите заби мака виде,ама дур не ги извади петките не престана да се лигави и гриза.Многу беше нервозен,многуу.Излегоа петките и магично престанаа испадите со гризање,и лигите сопреа.
На малава уште 5ките и фалат. Мн.ми е страв.Кај и така е врискава со нив хорор ќе види. Девојчето на другарка многу лошо поминува моментално. Со температури,плачки,нервози....
Денес приметив некој чуден мирис од устата на малиот не ми дава да ѕирнам да не е некој заб , од што може да е така?
Исто ќе пишував Конечно даде да ја проверам состојбата за забите Сите 3ки се пробиени. Едната е убаво излезени, другите сите само врвче имаат
Ни месец помала ама значи до 2г ке ги има 3чињата. Мојава е 2 и пола месец и долните 3ки и се до пола. Инаку мојава имала горе лево малку пробиена 5ка Само едната страна од 5ката ѕирка (од надворешна страна).. сепак темп од тоа и била пред некој ден. Ете прво горе наместо доле, нема правило
Од што може да е бело кај 6ката, со оглед на тоа дека е прерано за нив? Буквално како кога расте заб, точно на средина на непце бело и малце испакнато. Не ја боли на допир и при четкање.
Сите 20 заби се на број? Рано некако. До кај 2.5-3 години се комплетира забалото. Нека ја види забар, не верувам да е 6ка. Прерано е.
Да да, сите 20, прво излезе една, па после другите три скоро од еднаш. После 5ката има малце простор, и на тој простор е белото. Онака баш кога трга да излага заб. Прво мислев така ми де гледа или дека е некоја наслага, ама сега почнавме баш убаво да ги четкаме забите и видовме дека е белко. Она многу заби одеднап ми вадеше, на 1 роденден веќе имаше 2 четворки.
Денес на заболекар на големиов (зс 20 тина дена ќе прави 6) му ја извадија долу левата единица забчето веќе почнало да расте...срце мајкино,порасна За секунда беше готово, а малово го носев и тој гледаше само повторуваше не мене,самп бате Сите други забчиња се супер. Дали треба да ставам нешто или? Ко карам со рачетп да не фаќа ама да не треба нешто да се намачка ?
@Annath има ли правило за тројките? Малава е 22м, нема ниту една. И уште нешто, син ми шкрипи до забите во спиење веќе 2 години може, има нешто што би можела да направам?
Нека ја види стоматолог, шестка не верувам, афта ако беше, ќе ја болеше, вака може и наслаги да се. Ништо не треба, само ладно. Нема правила за растење, ама не е касно, има време до три години да се комплетира забалото. За чкрипењето, може да даваш бедоксин да се опушти мускулатурата. Ако продолжи понатака, убаво би било да се изработат штитници по мерка за да се заштитат забите, зглобовите и мускулите.
Ја виде докторката, вика заб е.. секако не значи дека одма ќе ја извади, може да помине доста време. Јас ништо не спомнав, само кажав има нешто бело, да не се наслаги некои, реакцијата беше леле дете ти порано ќе вадиш заби.. И така, у шок сум. Ич не ми е верно.
Да е жива и здрава. А не знаев дека 4ки на годинка се рано. И мојава ги имаше горните тогаш. Долните пред 2 - 3 недели пробија. Сега е 16 месеци, ги има сите до 4ки. Петки нема. Кога ти ги извади 5ките? Да се спремам, да не се чудам ко тебе
5ките ги извади малце после вториот роденден. Една веќе имаше и пред, после сите три одеднаш. Иначе прееска баш гледав 4ки од 16 месеци по табела. И ова сега шок. Стварно мислев дека си умислувам. Ама гледам 5ка, гледам простор после неа и бело.. Викам ај ќе прашам докторка. Викам ај ѕирни кај 6ката, односно посче 5ката, нешто бело ми се гледа, дали се наслаги.. Гледа и вика, леле дете зар порано ќе вадиш заби. Викам абе јас помислив ама знам е прерано. Вика не е наслага апла се гледа.. ама може да има и голема пауза во процесите, секако нема сега да никнат. И така... ако не видиме ќе си се чудиме.