Ви текнува, прашував за петките.... епа ги има, вчера ги видов. Излезени скроз. А уште нема 2 години..
Грубо има некој ред на забите, ама на секое правило има исклучок. Тие табели се некој просек, ама заби може да никнат и многу порано и многу покасно. Најчесто редот се запазува (1,2,4,3,5ки) ама возраста варира. Единствено ако рано никнале млечни заби, ќе им никнат и трајните рано, така да бидете спремни и за тоа понатаму. Иначе ништо страшно.
Синко до скоро гризеше кога ќе се гушкавме и со зборење со преправање дека плачам се одвикна, ама еве сега го приметувам дека кога му доаѓа да гризне уствари чкрипи со забите, ги трља едни од други. Совет како да го одвикнам или што да превземам зошто верувам не е добро за забите? Конкретно овие два -три дена баш често го приметувам ова па се загрижив.
И мојата правеше исто еден период, мислам беше 3ки кога вадеше. Само по себе престана. Забарот ни рече тогаш дека е нормално.
Четворки се, не се петки. Просторот меѓу двојките и четворките изгледа голем, ама не е, таман е. Петките последни никнуваат.
@Annath на малото му се ниша долната единица. Нормално ли е на 5 години ? Некако многу рано.. Совет дали да ја носам на стоматолог (а мноооогу се плаши) или да оставам стихијно новото запче да го постисне млечното ?
Поголемиве деца почнаа во прво одделение да менуваат заби, значи на околу 7 години. Ова многу рано ми дојде на 5, дури се уплашив. И таа е исплашена многу.
Сосема нормално, и на 4 години имам видено. А зошто да ја носиш на стоматолог ако се плаши? Мислам и да ја однесеш со спрејче ќе и го извадат нема да осети ништо ама ако се плаши, а нема проблем само и се ниша нема потреба
Нема зошто да се плаши.. Објасни дека тоа така мора, дза да пораснат посилни запчиња.. дека така почнува да расте во поголемо девојче. Измисли приказна.. Кажи пример, кога пага запчето се прави пример торта, или што сака таа..
Кај девојчиња порано започнува процесот, генерално, поместено е менувањето на забите. Остави новото запче нека го турне старото, дајте му време убаво да се расклати. Нема потреба од вадење ако не се клати многу.
Ние на 16ти закажавме да ја носиме Могли на забар Чисто една контрола и запознавање Дете поима нема уствари шо е забар ама исплашена е страшно,не знам како да ја припремиме за да не правиме многу циркузи таму Совет некој
Мој совет е да најдете забар што знае како со деца што нема стравот нејзин да го сфаќа ко да правите циркуз
Истиот забар го посетуваме и ние и е бескрајно фин,видовме и многу дечиња во нивна ординација па така се одлучивме за него Мала е и не знам како да постапиме И пуштивме видеа некои да види дека не е страшно таа уште повеќе се исплаши некако
Е мене тоа ми беше првата грешка со забарот. Наместо да најдам човек/забарка/забар по препорака, ја однесов кај детски стоматолог кој имаше лош пристап , па дури и кога девојчето беше напнато и несакаше да отвори уста, забарката немаше трпение и почна да повишува глас ,,јас неможам тебе да те молам цел ден,, Многу згрешив што не ја однесов на клиника.
Баш затоа не се одлучив за детски стоматолог,мада што овде се трпеливи (ваљда...така мислам ) Си реков овој ретко работи со деца па и веројатно ќе е многу повнимателен,се надевам
Кај нас упали често носење. Кога и да одев за дренирање непца ја носев големата со мене, а сега веќе и малиот. Гледаше што се случува, се спријатели со забарката, црта и ги ставаат на ѕид цртежите и баш се опушти па сакаше често да одиме. На почетокот имаше страв што е нормално, ама после полека почна да и ги покажува забите без да седне на столчето и на крај седна чисто за преглед. Сега веќе на полни 7 години прави забчиња, вадеше исто четири ама со претходен совет дома сама да клати па полесно да се извадат со клешта. Немој со сила да ја седнуваш на столче, нека се опушти и запознае прво. И најбитно, смирен стоматолог што има многу трпение. Само така ќе имаат доверба и ќе дозволат да им се прави се што ќе им се каже без страв и плачки.
На 5 години и 8 месеци и мојата ќерка смени забче, еве веќе две млечни паднаа (долните) и излегоа две нови кои убаво се наместија во низата забчиња! Сакав малку штрбле да е, да ја сликам за спомен, ама за многу брзо и пораснаа новите забички, така да немаме спомен! Беше ќерчето најпрвин збунето дека и се клати забот, ама објаснив дека тоа е знак дека расте и бебешките заби се менуваат со големи заби! Па толку беше горда, па толку се фалеше на сите дека пораснала! Искрено и мене рано ми се виде, па и жал ми стана што скорз здрави забчиња паднаа, ама тоа е, нормален процес. ММ на забар ја однесе, забарот ја познава од претходните прегледи и ја фали колку ги мие забите и колку е умно и храбро девојче, па без да ја лаже и кажал дека ќе и го извади забчето. немало проблем, го извадиле забчето и дома во салветче ми го донесе! Пресреќна! За второто запче кога падна тетка и ја однесе на забар, оти и сметаше во уста па и него го извадија! И да, се сложувам, важно е забарот да има добар пристап кон децата, и треба да ги носиме на редовни прегледи кај стоматолог а не само кога имаат болка во забчето. Кога средбите со забарот се почести децата стекнуваат поверение во лекарот и повеќе соработуваат!