1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и забите

Дискусија во 'Дете' започната од bittersweet, 16 февруари 2016.

  1. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Јас можам са ги пофалам денталика во ново лисиче за работа со деца..
    Еднаш доаѓа дете, како се изгушкаа со забарката мислев нејзино е. После отворив тетратката за критики и пофалби.. абе само љубов... најдобра докторка, те сакам, па цртежи...
    И спрема возрасни се топ. Бар спрема мене, ја малце плачка сум кога чистам камен :$
     
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Емче ? Срцка е
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Даааа, ептен ми е срцка.
    Најтопло препорачувам.
     
  4. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.013
    Допаѓања:
    96.959
    Пол:
    Женски
    @Annath те молам за мислење за електрична четка за дете (речиси 5,5 год) 82423900_2872795009438939_6871882514651152384_o.jpg
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски

    Немам лично искуство, ама мислам дека не се препорачуваат под 6 ( или 8 години беше), не сум сигурна. Во принцип, електричните четки се нешто подобри од обичните, поради поголемиот ефект на чистење, ама да се користи правилно. Конкретно која фирма, не ми се нешто познати, знам за Орал Б и за Филипс Соник Кер, ама двете се различен тип четки, на различен принцип работат.
    Ако мене ме прашуваш, соничните четки се подобри, на Филипс, поради принципот на работа, т.е чистење и меѓу забите, не само на надворешните површини, значи како да се поминало со конец за заби плус четкање (најпросто кажано). Ама се и бајаги троа поскапички.
    А лично искуство немам ни со едните ни се другите.
     
  6. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.022
    Пол:
    Женски
    Сега ја прочитав Цвет за Денталика...
    Предложете добар детски стоматолог? Каде ги носите дечињата?
    Немаме проблем, ама би ја однела да види како е.
    На мисла ми е кај мојот стоматолог, работат и деца, ама не е баш детски. Па можеби ќе предложите некој добар. :)
     
  7. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Битно е да е трпелив и да има добар пристап, боди кај твојот ако си задоволна
     
    На Spidy и Leo_29 им се допаѓа ова.
  8. mamaorhidea

    mamaorhidea Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    414
    Пол:
    Женски
    Препорака за добар детски стоматолог ..ама стварно да сака со деца да работи...веќе двајца сменивме не сум воопшто задоволна за мои пари се дрзнуваат да ми го планираат времето и да викаат на детето срамота се извинувам за грубиов пост ама преска дојдовме нервозни. Малиот се изнаплака уште не можам да се смирам.
     
  9. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Јас малиот го носам каде што одам и јас. Во Ново Лисиче карши ортопедот Тони Талески имаш Стопанска Банка. Одма до бенката е ординацијата. Александра е газдарицата и работи она и еден дечко. Јас сум презадоволна од нивнито трпение и однос со синко мој. Ако веќе не сте биле ете помини чисто на контрола па процени сама.
     
    На mamaorhidea му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mamaorhidea

    mamaorhidea Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    414
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам ..како се вика ординацијата за да можам полесно да се снајдам
     
  11. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Искрено никогаш не можам да ја запамтам извини :| Неможеш да утнеш одма е до Стопанска на другиот ќош. Александра Асенова е стоматологот 078836235 еве ти бројче јави се.
     
    На mamaorhidea му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mamaorhidea

    mamaorhidea Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    414
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу ☺
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Паста од кога и каква?
    Ги четкаме навечер само со четка ама искрено повеќе игра е.(facepalm)
     
  14. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.197
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Додека не научи да плука нема потреба од паста. Ако ти сакаш да користиш, барај без флуор и се става колку зрно ориз. Четка со меки влакна е најдобра и за деца и за возрасни.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Chicco
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.734
    Допаѓања:
    39.857
    Пол:
    Женски
    Дали е можно од заби да кашла дете?

    Конкретно после нг 2 недели беше со кашлица која се смируваше и се појачуваше. Други симптоми немаше никакви па не го носев по лекари и на крај се смири. И се лигавеше прилично. Пред некој ден гледам долните петки пробиени. Вчера и денес пак како да почнува да поткашлува кога спие, а и рацете му се цело време во уста. Претпоставувам горните петки се на ред.
     
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.510
    Допаѓања:
    144.235
    Ако е зголемено лачењето на лиги, може. Всушност не може да ги голтне, па се закашлува.
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.197
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    5ти заб само што и никна, секој проследен и со кашлање. Јас веќе како нормално си го сфаќам.
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.858
    Мајки имам едно прашање може и да нее за тука
    Синко е 6 год и нели млечните заби се вадат и синоќа му извадив еден бидејќи се клатеше е сега незнам дали треба забчето да му го чувам или фрлам која знае нека ми каже
     
  20. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.197
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Ако почнале да паѓаат млечноте, најверојатно има и трајни шестки. Моја препорака е да го однесеш на стоматолог да му ги залеат и заштитат трајните заби.
    За адети за чување не знам, ама имам едно кутивче од мајка ми, за белегзијата од болница, косата што ја сечат на крштевка, папочето и првото забче. Ваљда има некој адет да се чува, ама јас кога бев дете ги фрлавме на кров :)