@Spidy @Annath ај ве молам за совет. На бебе мое,кое е 14 месеци,забележувам на едната двојка,доле има нешто белко. Прво мислев дека му е нешто од храна,зошто не ми дава воопшто да му ги видам,ама кога го допрев,гледам дека на самиот заб му е тоа бело,како прошарано Заби му мијам пред спиење,без паста,барав од таа на Елмех,ама во нашиот ДМ има само за од 0-6 год,таа од 0-2 ја нема,мм купил некоја друга ама на форумов ми кажавте дека и таа не е препорачлива за бебе Која друга паста може да му земам? И тоа белкото значи ли дека почнало да се расипува запчето? По цели ноќи цица,од тоа ли ќе е? Уште не излезени,а веќе се кварат
Користи ја таа од елмекс што ја имаш, само не ставај големи количини. Белите флеки на забите обично значат некој дефект во минерализацијата на запчето, не е ништо страшно. Ако остане иста, тоа е, ако се зголемува можно е да е кариес, ама најточно со преглед може да ти кажат што е.
На син ми веќе кецовите му се расипуваа а му ги мијам навечер и тоа со плачење. Читав имало некој гел за спречување на расипување или незнам што може да му помогне? Некогаш се прашувам да не е од што заспива со цицка во уста 2 год е малиот
Миењето заби нема ефект ако после тоа пие млеко и спие цела нок со млеко по забите, очекувано е да се расипат. Гелот што се препорачува се вика Tooth Mousse, може да го побараш на стоматолог, ама бидејќи сега се затворени, побарај во аптеката во Капитол. Се мачка на измиени заби и не се плакне. Помага да се одржуваат забите, ама не е замена за добра хигиена. Не е проблем што цица, ако после цицањето му измиеш заби. После миење смее да пие само вода ноќе.
Мајчиното млеко нема допирна точка со расипаните заби. Мајчино млеко е најприродна материја. Замисли да беше од мајчино млеко сите ние кој сме биле доени како мали ќе бевме со крш заби. Па нема бебе/дете кое навечер не цица и не сранува ноќе за цицање најмалце 2-3 пати па и на 2-2ипол год. Замисли да беше од мајчино млеко 90% доени деца ќе беа со заби како петарди да џвакале ( мала шала ).Уживај мајка и дој го додека сакате ти и дете. Забите се генетика. Колку сакаш води грижа за забите ако генетиката е лоша ништо не помага. И немај гајле овие се млечни заби. Не се плаши, не значи ако вака се млечните дека и трајните ќе се проблематични. Само ќе ти дадам еден пример за да ме сфатиш што сакам да ти кажам.... едниот внук ми е со аутизам и ете не дава заби да му се мијат ( невозможно е ) дали во овие 4 г ете да кажам дека 30-50 пати успеале да му измијат заби. Доен е да ти напоменам. Знаеш какви заби има - бели бисери ни точка немаат ( генетика на зет ми ) . Другиот внук два пати сабајле и навечер му се мијат заби. Заби крш има на сестра ми. Избегавај сокови да даваш навечер. И кога ќе го одбиеш од доење навечер водичка ќе даваш кога ќе потстанува. И кога јаде благо заби ќе миеш после 1ч од јадењето благо. Секој стручен стоматолог тоа ќе ти каже : ако одма после чоколадото ги миеш само шеќерот го распоредуваш и туркаш во жлебините ( така нас ни објасни стоматологот ). Синко мој еве и ден денес знае да потстане за вода. Млеко освен мајчино никад не пиел друго и нит давам млеко ( освен корнфлекс и сл кога има оброк ). Дој си и воопшто да не имаш грижа на совест дека ќецовите се од мајчино млеко. Невозможно! Консултирај лактациски консултант ( Јасна Апостолски-Николов е кај нас во Македонија ) или најди статија од https://www.facebook.com/DrJackNewman/ Најпознат Светски лактациски консултант, доктор и писател. Имаш негови статии и најди па ќе си по раат. На своја рака ниту Тут Мус нит ништо не ставај. Ќе си однесеш дете на стоматолог на преглед и ќе ти кажат они.
Јас сум стоматолог, затоа си земам за слобода вакви совети да давам на темава. Дека генетиката игра улога, не е воопшто дискусија. И кај возрасните се гледа тоа, ужасна хигиена со еден куп замен камен а пак нема расипани заби, и обратно со одлична хигиена и редовни контроли на забар, па пак често се расипуваат заби. Ама мајчиното млеко, како и секое друго млеко, содржи јаглехидрати, кои се задржуваат на забите како и секоја друга наслага. Ако детето веќе има тенденција кон развивање кариес, пиењето млеко (цицање или шише, небитно) во текот на ноќта само дополнително ја влошува ситуацијата. Тоа не значи дека никогаш не се јавува кариес кај деца што не цицаат ноќе, ама се јавува значително помалку. Како стручно лице кажувам дека освен вода ништо не треба да се пие после мисње на заби и устата треба да биде чиста во тек на целата ноќ за да видите ефект од одржувањето хигиена. Иначе тоа е исто како да се избањаш, да си ги облечеш пак испотените алишта и да очекуваш да мирисаш убаво, едноставно не е така. Во однос на Tooth Mousse, како што реков погоре, џабе се мачка ако не се одржува хигиена. Ама се покажал како добро решение кај многу мали деца кои веќе имаат кариес (или дамки на забите пред појава на кариес) за да се спречи прогресијата доволно за да детето нема проблеми. Не е лек, ама помага. Не сакам да мислиш дека те напаѓам за мислењево, ама заради ваквото размислување како твоето секојдневно гледам 2 годишни деца со ужасни заби. Сакам да ја подигнам свеста на сите родители на мали деца на темата кариес на млечни заби, за да здравје еден ден освен прегледи да не морам ништо друго да правам на тие деца во ординација, за разлика од сега каде тие деца доаѓаат со болки и отоци на возраст каде реално многу малку можам да им помогнам.
Таман работа да помислев дека ме напаѓаш. Напротив, дискутираме. Сепак ќе кажам дека поради ваквите коментари од некој стоматолози и педијатри ( кој не се лактациски консултанти и не се запознаени со мајчиното млеко ) нивните совети влијаат да многу доилки ги одбијат своите бебиња/деца од доење. Ноќните подои се најбитни, а воедно ноќното м.млеко има голем удел во имунолошкиот систем кај доенчето ( подетално има на гугле на сајтовите за мајчино млеко ). Многу нормално дека оралната хигиена е најбитна. Па и на бебе кое нема сеуште заби ( ја лично на моето практикував ) со газа и водичка се мијат жлебините. Па се почнува хигиена уште од прв заб кога излага. Без разлика на све заби се мијат. Но, мајчиното млеко нема допирна точка со кариес и сл. Не сакам да се убедувам, а ни погрешно да ме разбереш. Сепак има доволно достапни научни истражувања кој тоа го докажале. Не е исто мајчино млеко и АД или тетрапак. Ниту е исто доење со шише, начинот да внес на млекото од шише и од дојка е сосема различен ( и за тоа има објаснување на страните за доење ). Ова го кажувам и тврдам како доилка која доста има читано за м.млеко и неговите придобивки. Пак ќе повторам дека да се согласувам со твоето дека оралната хигиена е на прво место, но мајчиното млеко ( ноќно доење ) нема допирна точка со расипување на забите. Повели два линка. На едниот ти е од светската лактациска страна за доење поврзаноста на забите и мајчиното млеко. А другиот линк за што содржи мајчиното млеко. https://kellymom.com/ages/older-infant/tooth-decay/ http://superbeba.com/2016/06/27/sastav-majcinog-mleka/ Се надевам нема погрешно да ме сфатиш. Сепак немам лоша намера. Имај убав ден.
@sofi2107 Во линкот кој го стави погоре убаво си пишува дека деца со генетска предиспозиција, или веќе постоечки дефекти на забите можат да развијат кариес и заради мајчиното млеко. Мајката погоре веќе кажа дека кецовите му се расипани на детето. Значи моментот дека мајчиното млеко не предизвикува кариес заради специфичниот состав паѓа во вода во случајов зошто детето веќе има кариес (можеби заради други навики на страна од доењето ноќе) но во сегашнава состојба цицањето ноќе е дополнителен фактор кој дефинитивно е проблем. Дискусијата дали треба деца да цицаат ноќе не ја отварам бидејки сметам дека не треба тоа да се поддржува (мое лично мислење, не е нешто што тврдам дека мајките треба да го прават), и јас лично не доев ноќе после 3ипол месеца, иако ја доев малата до 11 месеца. Јас професионалното искуство го имам со родители кои ги носат децата кај мене со веќе постоечки проблем и до сега не сум имала дете од 2-3 години со расипани заби кое не цица ноќе, или пие сок ноќе, или воопшто не мие заби пред спиење. Практично тоа се покажало како клучен момент кој е кај сите деца со кариес. Верувам дека има деца кои цицаат ноќе и немаат кариес, но сакам да кажам дека тоа е исклучок од правилото. Тврдењето дека треба да се дои ноќе иако детето веќе развило забен кариес само дополнително ќе го влоши проблемот, и тоа дете најверојатно ќе заврши со оток, болка и прерана загуба на млечните заби затоа што на време не било реагирано. Пак ќе речам за мајките на мали деца, ако немате проблем, слободно продолжете со истата рутина. Нема потреба да се менува нешто ако детето нема проблеми, едноставно има добра генетика, и не развива кариес и покрај ноќно внесување на јаглехидрати или лоша хигиена. Имале среќа. Повеќето ќе имаат кариес заради ова, како што реков во пракса сум го видела. И кога родител ме прашува што да направи во врска со кариесот/дамките на забите, првото што го кажувам е да одржува хигиена и да не јаде/пие по миењето на забите. Немам ништо против доење, ниту сум рекла на некој да престане да дои, иако лично не го поддржувам. Едноставно тоа е решението на појавата на ран кариес кај мали деца.
Мајки и докторки стоматолози, ве молам за мислење. Ќерка ми е скоро 23 месеци и во саботата крена температура (38.4 највисока) и вчера вечерта исто така. Дадов еферелган и денес е ок (освен што ништо не јаде, само цица). Добив и совет од @Annath, благодарам уште еднаш. Денес видов дека и’ излегува долна петка, се ѕирка мало врвче, како да пробило. Дали ова е причината за покачената температура?
Можно е да е од тоа. Самото тоа што не сакало да јаде е од што ја болело жлебето затоа само цицело. Барем кај моето до сега било така кога излегувало заб обавезно било со тт или потечна столица.
Следи ситуација. Не е забот причина за температурата, посебно не над 38, а неговото никнување придонесува за пад на имунитетот. Може и некое вирусче да е.
@sofi2107 ноќните подои се најбитни во првите три месеци, додека бебето се' уште нема заби. После тоа нема потреба од ноќни подои, исто кај што ние возрасните не јадеме ноќе. Ама сите продолжуваат да дојат ноќе оти бебињата се будат од икс причини, а најлесно се смируваат ако ги ставиш на града. За жал, тоа резултира со последици, расипани заби. Не би се потпирала целосно на генетиката, оти не е единствен фактор за здравјето на забите како што ти го претстави. Многу фактори играат улога во тоа дали бебето/детето ќе има здрави заби или не. Хигиената е многу голем фактор, особено кај децата, сакала ти да признаеш или не. Деца кои немаат добри навики за хигиена на устата ќе имаат проблем понатака. Нема врска дали се работи за млечни или трајни заби, проблемот постои. Не би ги занемарувала млечните во никој случај, оти многу ретко се случува трајните да се здрави ако во устата има расипани млечни заби. Обично несанирано млечно забало има лоши последици по трајните заби и по она што забележувам во пракса, доста деца до 8 години имаат проблеми со трајните молари (6ки), кои многу брзо и лесно се расипуваат покрај расипаните млечни заби, а за жал, кај значителен број од децата се веќе за вадење.
Јас имам таков заб двојка долу еве ме 30 години такив си е одамна ми го кажа стоматолог она што ти го пиша Ана.
Никогаш не сум ни пишала, а ни помислила дека оралната хигиената не е битна. Како што и напоменав, уште пред да избијат првите заби се почнува со орална хигиена. Обавезно сабајле и пред спиење заби се мијат. Но, пак ќе повторам дека забите се генетика и зад тоа стојам цврсто на ставит зашто барем на полето генетика сум многу запознаена. Во однос на ноќни подои... ноќните подои се последни кој се укинуваат кога станува збор за одбивање од доење. Ноќните подои не се укинуваат на 3месеци никако. Освен ако бебе само не се буди и не бара да цица. Сепак некој бебиња не се ни будат ноќе за цицање, а тие се ретки случаеви. Ниту на 6мес се укинуваат. Колку покасно се укинат толку подобро. Не го измислив Ана ова јас. Ова е со факти од сите светски стручни лактациски консултанти и педијатри. Нема смисла да се делат совети дека на 3мес треба да се укинат ако не се знае кој е бенифитот од самите ноќни подои. Ако спие и добро напредува, нема потреба да се буди бебе. Инаку, сите професионални консултанти за доење не препорачуваат укинување на ноќното доење, тоа придонесува многу емоционалниот развиток на детето, не е само храна, туку е многу повеќе. И со ноќниот подој, бебето си го обезбедува млекото, бидејќи телото произведува пролактин најмногу, односно од полноќ до седум сабајле, а тој е хормонот одговорен за производство на млеко. И бебињата кои не се будат цела ноќ за цицање се исклучок, а не правило. Плус и во ноќното млеко има многу битни хормони и супстанции, како хормонот за раст. Ноќното млеко содржи и триптофан, тоа е аминокиселина која смирува и помага во создавање повеќе рецептори на серотонин во мозокот на бебето. А серотонин е хормон на среќа и смиреност, и го намалува ризикот за психички заболувања понатаму во животот. Со самото тоа ноќниот подој е најбитен во доењето. Нормално тоа не значи дека ако самото бебе/дете не сака ноќе да цица дека треба да се вуди и со сила да се дава да цица. Др.Њуман за ова има цела статија т.е книга за ноќните подои и нивниот бенефит во развојот на детето. Еве ме мене доена до најмалце 2г, а заби имам перфектни и сите на број на 40г ( генетика на татко ми ), а сестра ми проблем со заби има од кога памтам ( генетика на мајка ми ). Паралела една ќе дадам и со коса. Косата е исто генетика, што сакаш стави џабе е све ако е ретка и тенко кршливо влакно. Исто така како и кожата на телото, ако е сува ( генетика ) џабе што сакаш користи тоа е тоа. Паралелава е малку смешна ама ете да доловам што сакав да кажам. Затоа Ана се слагам потполно дека хигиената е на прво место и најбитна за сочувување на забите и жлебините. А, за останатото не се слагам и стојам цврсто на својот став кој е сепак поткрепен со факти од стручни генетичари, лактациски консултанти и педијатри ( не од оние кој никад не излегле од МК на некој семинар Светски или не посетиле некој собир каде имало излагање на познати Светски медицински лица ) Се надевам нема погрешно да ме сфатиш, немав лоша намера сепак дискутираме. Знаеш дека те поштувам и твоите совети секогаш ( а и искуства ) ми биле добродојдени ). Имај убав ден Едит : јас еве ноќе па најчесто јадам и буквално станувам од сред сон да јадам. Здрава, одлична крвна слика и хормоналено уредни резултати. Сестра ми ноќе да јаде ќе е над 70кг. Ете некој од тука ме знаат и приватно па нема што да се лажеме. Имам 40г и точно 48кг и заби здрави. А најчесто навечер станувам јадам благо или што ми текне. Генетиката игра најголема улога во животот.
@sofi2107 нема да спорам со тебе. Јас се сложувам дека мајчиното млеко има најголем бенефит за детето, ама за жал не и кога забите се во прашање. Шеќерите кои ги содржи се лепат на забите, а колку почесто се буди ноќе, толку поголеми се шансите за расипување, затоа што бактериите во устата си го прават своето. Генетика да, ама не 100%.
Мајки стоматолози може ли една дилема да ми расчистиме. Дете во јуни ќе прави пет години. Повремено се жали го боли местото кај што треба шеските да растат доле. Време ли е за 6 ки или нешто друго е? Петките му се пломбирани, па му викам нешто тие да не го болат, не вика, точно и претцизно го става прстот на местото за шеска и вика мевцето таму го болело.
Прашање? Земав паста на алверде без флуор. Ама незнам дали смеам да ја користам за мали зошто он уште не знае да плука. Инаку за оваа паста прашувам
@Annath извини што ти досаѓам, ама случајно да не знаеш за оваа паста дали смеам да ја користам, зошто уште не знае да плука. Ме буни што вика и за непца и први запчиња дека е погодна, ама па од друга страна вика плакнење, а он не знае. Или да ми препорачаш некоја друга паста што не мора да се измива, додека да научи да плакне?