Сите пасти се измиваат по правило, препораката е за пастите со флуор да не се голтаат. Нема гајле ако не знае да плука, штом не содржи флуор, секако не ставаш голема количина од пастата.
malata ima 4,5 godini, snosti koga gi mievme zabite zabelezav crna damka, probav da go trganam mislev deka e jadejne ama ne padna. Mozno e da e rasipan, ne se zalli deka ja boli, gi mie redovno... @Annath
Кариес е..можеби и пигментација, ама поверојатно дека е кариес, од искуство. Не треба да боли за да се оди на забар. Сега ако се оди, ни поправката нема да боли. Ама со ситуацијава, ќе мора да почекате, не се работи со вакви случаи во моментов. Редовно одржување хигиена, избегнување сокови, благо и грицки периодов и следење на ситуацијата да не се влоши. Штом ќе се среди состојбата со епидемијата, да се однесе детето на забар да се пломбира запчето.
А мора да се пломбира? То ќе е страшно за нејзе пошо ни на лекар нема одено до сега а на заболекар ич.
Мора. Во спротивно ќе се прошири повеќе и ќе ја боли. Децата се носат на забар од година и пол, две, да се запознаат со стоматологот и работата на забите, а не се носат првпат со забоболка, бидејќи стравот од непознатото е голем. И затоа тешко соработуваат.
Тетки докторки Да ве прашам за мојава, 2г и 3м е. Забите, само горните, од 1ци до 3ки и се жолти, со тврди наслаги. Незнам како сликовито да објаснам, како пуканки со путер купечките, е така и изгледаат. Ги мие забите, ама строго сама, ретко дава да тријам јас или мм. Не се мијат баш, знам. Наслагите се измиваат ама многу малку. Со Лакалут се мие. Пробав еднаш со нокт да ги стругнам да видам дали ќе излезе, ама не. На заболекар имав закажано, ама фати коронава и откажав. Сакав само да ја види, да види детево како е, чисто да не чекаме проблем па да одиме. Што можам да правам со наслагиве? Од тие гел пастите што не се измиваат, би помогнале ли?
@Annath aj uste edno prasaj e. Дали да и земам од онака четка шо врти, електрична... Незз како се вика.,ме разбираш за каква. И каква паста да користам? Сега имаме од колгејт. ...
Што знам, мала е за електрична четка. Не знам ни дали има за помали деца. Паста каква сакаш ако знае да плука. Од лично искуство кај моиве деца, Елмекс се покажаа добро. Има за мали деца и за деца од 6-12 години.
Мама давај и сирупче со калциум. Нас ни го препорача стоматологот, а после и матичната рече супер ќе му делува и на правилен развој на коските. Ако сакаш ќе ти пратам слика од сирупчето пошто постоеле 2 врсти, овој не поминувал преку бубрези и е превкусен морам да кажам
Kade go ima sirupceto? Jas denes vo Zegin ne Im bede poznat? Nie za 1 mesec ke pravime 3...bi sakala da pocnam da I davam
Мајка јас го земав во Бисер аптеката, не виола другата. Ама после видов и во капитол го имаа, ги прашав ми рекоа betty аптеките ги држеле само. Зегин и Еурофарм немаат сигурно знам. Имало некој друг сируп калциум, ама педијатарот ми рече баш овој да го побарам
@Annath би те замолила за совет. Малата е 4,5 години и имаме сериозен проблем со забите. Се применува редовна хигиена, плус тут мус и пак апчињата се тонат и се поцрнети. Носена е кај неколку стоматолози, но секогаш има панична реакција, со пискотници и повраќање. Најново, на горната двојка ,која практично е само корен издлабен во средината се јави голема фистула,колку зрно грашок. Го чистев коренот со чепкалка заради проодност после секое јадење и прилично се намали, но пак се полни. Што можам да сторам во оваа ситуација? Да ризикувам да ја носам на стоматолог или може во домашни услови да се стори нешто повеќе? Благодарам од срце
Реално, само стоматолог може да исчисти, ама најверојатно би препорачале и антибиотик. Убаво би било да се направи дренажа за да се избегне антибиотикот, ама ако нема услови, тогаш второво е единствена опција. Ако девојчето има матичен стоматолог, јавете се и прашајте што препорачува во ваков случај, тој/таа знае најдобро како реагира детето на третманот, дали мора или не мора антибиотик.
Морам да кажам го земавме сирупчето и првпат дете само да бара секој ден и да ме потсетува. Многу му е вкусно. Е сега ќе видиме како ќе бидат запчињата. Колку време да го давам?