Прво и даваш нејзе четка, да те гледа ти како четкаш и автоматски ќе те имитира. После и ги миеш ти забите зошто реално нема шанси нешто да направи самата. Значи да се учи на рутината дека секој ден се мијат заби. Се почнува со четкање со појава на првиот заб, без паста за заби или со паста без флуор (колку зрно ориз на четката, ама не мора воопшто). Јас и ја четкам устата многу пред да се појават заби, одамна си е навикната, не дека отвара уста за да ја исчеткам, ама веќе не плаче, знае дека мора да и ги измијам сакала или нејќела. Целта е еден ден кога доволно ќе разбира да си има навика да мие и само да ја научам правилна техника на четкање.
Јас не користам паста зошто нема потреба. Кажувам дека може ако сакаш, ама воопшто не е неопходна. Кога ќе биде поголема и ќе може да плука ќе и дадам и паста. Ако сакаш да користиш, читај во составот да нема флуор зошто ако има мора да ја плукне пастата, што на 16 месеци не верувам дека може. Ќерка ми е 15ипол месеца, поише ја шмука водата од четката, ако ставам и паста само ќе ја јаде.
Имаме напредок ние, денес прв пат дозволи да му ги четкам јас забите, после му стана интересно и не сакаше да ми ја врати четката не ставив паста, не ни очекував дека ќе ме остави.
Па од утре треба официјално да работиме. Такво е соопштението од Стоматолошката комора, веројатно и тие ќе работат.
Во вашето школо од клиника бараат порврда? Кај нас од маалската амбуланта. Незнам како им е замислено ова, треба на еден преглед да ги однесеме или..? Незнам зошто не дозволуваат од матичниот стоматолог да однесеме потврда.
Кога работев како матична издавав такви потврди. Се прави преглед и се запишува каква е состојбата на забите, и ако има нешто да правење дека е во тек на поправање. Колку што знам не мора да се зема од клиника, освен ако матичниот стоматолог ви е на клиника.
Јас на клиника ја носам, таму и е матичната па претпоставувам потврда од таму треба. Иако, јас матичната не и ја знам, ја носам долу на детско, а матичен појма немам кој и е. Ќе се јавам, па ќе видам што ќе ми кажат.
@An-na јас сум слушнала дека потврда се вадела од амбулантата од Јане Сандански,е сега не знам дали за сите деца или за Аеродром. Вие за кое школо се одлучивте,за Лапе ли? Ние таму најверојатно
Таму, да. Има конкурс објавено, не знам дали знаеш. Баш утре ќе одам во Јане за потврда за вакцина, па ќе прашам и за стоматолошката потврда.
Баш обратно, не ни бараат од матичната (иако тоа ми е полесно, нели), туку морало во амбулантата во населбава. Изгледа со нив соработуваат кога вршат систематски прегледи. @An-na баш да си прашате од каде треба, како што вика @azelea зашо еве и нас ни бараат од нашава амбуланта, не од матичен.
Ме фаќа паника ако треба да ја носам сега на клиника за преглед за забите. Особено што којзнае какви гужви ќе има, со оглед на тоа дека не работеа два месеци скоро А зошто не го пролонгираат носењето на потврдата до септември? Мора ли сега сите во гужвите?
За Аеродром добив конечно инфо дека треба да се земе потврда од здравствената установа каде децата одат на систематски. Во мојот случај е Јане Сандански. Бевме денес, немале се уште инфо, ама тешко дека до предвидениот рок за запишување би успеале да ги примат сите дечиња. Така што, најверојатно децата на упис ќе одат без стоматолошка потврда, па истата накнадно ќе се донесе. Освен ако во меѓувреме не изорганизираат нешто.
Дечки, ми треба инфо за добар детски стоматолог кој работи во моментов. Денес приметив дека има кариес една точка на петката. Таман закажав да ја носам да се запознае со стоматолог (кај мојот стоматолог), фати коронава. Откажавме. Мојот стоматолог не е детски стоматолог, па затоа барам некој баш детски, 2г е. Клиника не ни е во агендава во моментот. Веројатно ќе одиме два-три пати дури да го среди, ама памет немам кај да ја носам. Хелп!