Кај нас најлесно ги извади петките, едноставно и’ ги видов во уста излезени Повеќе мака имаше со претходните. Индивидуално е
Јас оваа ја имам истава од елмекс оваа детската, дали смее да се голта, оти не плука уште синко, му ставам ептен малку, колку зрно ориз за да се навикни, ја прифати. @Annath @Spidy @Seduction кај синко почнаа изгледа петките одма по 3ките, скоро ќе биди 20 месеци, ги очекувам некаде до 24 месеци, за 3ките му требаа 5 месеци кај него се сите заби тешки за ваѓање така да и за овие очекувам исто.
И јас ја користам кај моево, и тој ја голта, не секогаш ја плука, иако знае како. Ако не зема други препарати со флуор, ништо страшно и да голтне нешто. Битно е да се исчеткаат забите, дали со паста, дали само со вода, да се отстранат механички наслагите. Петките најчесто се поврзани со периодот на тантруми, затоа повеќето и не ги осеќаат кога излегле.
Детски стоматолог ми кажа дека малта, 21 месец, може да ја користи само оваа паста додека не научи да плука. Доколку не, да ги миеме забите само со вода. Пастата ја нема во продажба, може да се земе само од стоматолог.
Ова не е паста за заби. Ако ја користите, се мачка откако ќе се измијат забите со четка, и не се измива. Не дека не може да се користи како паста, ама не е тој ефектот. Се препорачува при деминерализација на заби за да се спречи појава на кариес.
Ги извади пред 2 недели долните. Горните не знам дали ги има. Не дава да видам. За 10 дена полни 2 години, значи на 23 месеци ги извадила. Мака немаше никаква, само случајно ги видов.
Денес видов дека две 5ки има, едната е целосно излезена долу, а другата е на пола, а горе сеуште нема. Може има врска што он и првото запче покасно го извади, на 11 месеци. Битно е да излезат кога тогаш
Ќе излезат секако. Чим има две, брзо ќе искочат и другите. Обично е така кај нас. Ние прв заб на 5 месеци имавме, нема правила.
Епа рано сте почнале, рано ќе завршите. Мојава извади прв заб на 11 месеца, и сега на 18 уште една четворка и фали, па здравје тројки и петки (плус што долните двојки еве дури сега излегуваат ), а некои на оваа возраст веќе почнале со петки. Огромни разлики има од дете до дете со никнувањето на забите, затоа мора малку полабаво да гледамр на тоа ние мајките. Секако ќе искочат кога-тогаш јас сигурно до 3 години најмалку ќе се занимавам со никнување на заби.
@Annath Треба да поправаме 4ка расипана со conscious sedation ( не знам како се вика на мк ). Дали според тебе има подобра опција освен оваа анестезија? Се изначитав се и страв ми е некако, иако знам дека многу често се применува на деца. Гледам тука и laughing gas многу често користат и ми изгледа побезопасно. Ќерка ми е 3 ипол години, и сака да оди на стоматолог ама не сакам и да ја здоболи и да си набие страв.
Во САД и Западна Европа често се применува ваква површна седација за да се поправаат заби кај деца, обично кога се веќе седирани, се средуваат сите расипани заби одеднаш. Тоа според мене е добра опција за деца кои не соработуваат лесно и кои не отвораат уста. Ако немате избор, тогаш нека и го направат, ако е за еден заб, не би требало да трае долго. Друга подобра опција не знам, ние не користиме ваков тип на анестезија, само спреј или боцкање ако има потреба во исклучителни ситуации. Не знам колку е расипан забот ама површната седација е добар начин да не осети никаква болка при работата.
Фала за брзиот одговор. Двете 4ки ке и ги прават. Како сокче било ова за пиење и 1 саат одприлика траело мислам. Закажавме па белки лесно ке поминеме.
Син ми ги извади пред два месеци ,иначе сега пред 10дена наполни 3 не касни некој деца покасно ги вадат ,ние немавме некоја посебна мака со вадење на 5ките освен по малце плачење и немирно спиење ноќе ,за разлика од другите заби како ги вадеше со 5 те најлесно помина .
Синко од 5 и пол почна со вадење заби. Сега, на 1 година му фали уште една 4ка. Како го заредија, јас сакав пауза. Одбива секакво јадење и е значително понервозен кога вади заби.
Реално ако гледам на работите, забите се ништо во споредба со грчевите кои ги имаше првите три месеци. Нервозен е, ама се заигрува, ужива да шета, само ептен лошо не удри короната па збеснува дома. Тоа што не сака да јаде е повеќе моја нервоза, не е гладен, цица, јаде леб и патлиџан, леб и јогурт и бисквити кога-како. До кога растат забите одприлика?
Јас се надевам на раат. 13+ месеци, 16 заби има. Од 4м почнавме, на 7 веќе 8 заби имаше, сега пред роденденот уште 8 одеднаш 4ки па 3ки прво горе, па долу. Уште не се скроз пораснати до пола. Месец дена на овошје и зеленчук ладен од фрижидер гризе патлиџани, праски, не сака ништо да јаде. Сега се подоправивме. Уште 5ките..