Децата и забите

Дискусија во 'Дете' започната од bittersweet, 16 февруари 2016.

  1. Irida

    Irida Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    963
    И на ќерка ми и поправаа запче пред да наполни 4 години. Не ставаат ништо. Во принцип не ги боли. Ако детето осети болка ставаат лек. Во нашиот случај запчето беше доста расипано и и ставаа токсавит два пати па после пломба. Треба многу трпение, не се откажувајте. Првата посета е најбитно да помине без стрес. А може и да е само површински расипано па да помине ептен лесно. Јас бев многу упорна и запчето имаше пломба на четвртата посета на заболекар. Мотивација и беше ветувањето дека ќе има пинк запче :) за дечиња имаат пломби во боја. Имало некоја нова техника за поправање, била без стружење со премачкување со некој гел. Распрашај се, мислам дека се пишуваше на темава за тоа.
     
    На Asja и sunmoonstars им се допаѓа ова.
  2. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    Да, да и кажа заболекарот дека ќе и стави розево забче, изгледа пломбата е розева, и кажавме дека ќе одиме да и ја измијат црната наслага на забот и дека ќе и го обојат розе. Досега 2 пати ја имам носено на преглед, убаво поминавме, но ме плаши сега на поправката како ќе поминеме. Дај Боже да не е многу расипано, па да поминеме полесно. Многу тешко дете е, се што правиме е со многу зорт, некакви банални работи ги правиме со тешкотии, па затоа сега јас предвреме сум под стрес како ќе биде....Искрено ме утеши сега малку кога ми велиш дека сега сигурно и стомотолозите применуваат некои помодерни, понови и полесни техники за поправка на детско забче...Ја припремам сега со муабет дека ќе добие розево забче и ќе и дадат награда некаква играчка накрај, па ќе видиме како ќе поминеме.
     
    Последна измена: 10 ноември 2020
    На Irida му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    Јас да прашам и овде (предходно прашав во друга тема) ама тука е посоодветно прашањето. После поправка на заб на 4 годишно девојче, започна да и отекува дел од усната, и тоа доста е поддуено. Забот беше поправен со анестезија, и после 3 часа од интервенцијата, започна да се дуе дел од усната. Кажува дека нема болка, не ја боли. Дали би можело да е некаква инфекција, или да не е убаво ставена анестезијата......дали кај некое друго детенце се има случено тоа после поправка на забче?
     
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.847
    Допаѓања:
    14.465
    Пол:
    Женски
    Ако анестезијата била за долен заб, таа фаќа и на усната, и бидејќи е чудно чувството, децата си ја грицкаат усната додека не ја чувствуваат, и ја повредуваат.
    Но сум имала и дете што од ништо потече после анестезија.
    Во двата случаи не е ништо страшно и за максимум 2 дена ќе пројде само од себе.
    Не е поврзано со инфекција ако не е проследено со температура на кожата на местото на отокот, а од лошо ставање може да се појави хематом или долго да држи анестезијата, не би требало само оток да се појави.
     
    На sunmoonstars му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за брзиот одговор, инаку да поправката беше на долната 5ка, ќе чекаме до Понеделник ќе видиме дали ќе се повлече, нема температура и еве кажува дека не ја боли. Јас се исплашив од големиот оток на усната, вилицата не е отечена, само пола долна усна, на страната каде што е поправан забот.
     
  6. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.847
    Допаѓања:
    14.465
    Пол:
    Женски
    Се гризела сама додека имала анестезија. Не се грижи ништо страшно. Последниот пат една мајка за ова во 11 навечер ми се јавуваше, а до сабајлето му помина на детето. Јас затоа напоменувам на родителите, тие 2 часа додека држи анестезија да го гледаат детето да не си ја џвака несвесно усната.
     
    На sunmoonstars му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    @Spidy ,така како што кажа, беше случајот и кај нас, еве сега сабајлето гледам спаднал отокот, сосема малку е поддуена усната. Ти благодарам за мислењата, ме успокои да имам мирна ноќ :)
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Каква анестезија ставаат на толку мали деца? Син ми е скоро 4 години, 5ките почнале по малку да му се расипуваат, сакам да го водам неделава да ги поправат додека е време. Инекција нема да дозволам, ќе се истрауматизира.
     
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.847
    Допаѓања:
    14.465
    Пол:
    Женски
    Иста како за возрасни, само помала доза. Ако нема потреба од анестезија и малку е расипан забот, никој нема да ти инсистира на тоа. Ако кариесот е длабок, помала траума е анестезија со инекција отколку да му отворат нерв на живо. Чисто пријателски совет.
    А ако веќе се расипани забите, секој ден што чекаш само полошо е. Колку поскоро го однесеш, толку помалку работа ќе има.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    По една точка е само и на двете долни 5ки, според мене е ептен за малку работа. Сакам и јас да го однесам што е можно порано за да не се расипат уште повеќе. :doh:
    Фала ти на одговорот! :hug:
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    3.268
    Пол:
    Женски
    Здраво, бебе е 14м, има само две запчиња долу, и излегоа на 11м и од тогаш ништо, до нив како да гледам набабрено каде што треба двојки да има долу а горе ништо, за колку време се очекуваат следни после првите две отприлика? Дали има исклучок да излезат двојките долу па после горни запчиња ? Дали ќе има проблем натаму ако излезат по тој редослед ?
     
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.833
    Допаѓања:
    18.667
    Пол:
    Женски
    Каква паста и четк за заби да земам за дете од 15 месеци?
    @Annath @Spidy
     
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.847
    Допаѓања:
    14.465
    Пол:
    Женски
    Мека четка, паста не мора.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.833
    Допаѓања:
    18.667
    Пол:
    Женски
    Фала, ама знам за тоа, сакав да ми кажеш конкретно бренд и тип, во пластика спакувани сите се исти.
     
  15. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.847
    Допаѓања:
    14.465
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми има скоро 2 години, 4 врсти четки сменив. Сите си ја вршат работата ако јас се посветам убаво да ја исчеткам. Затоа не фалам конкретен бренд. Курапрокс се одлични, Елмекс се поефтина варијанта. Ама и со Колгејт од 150 ден ќе завршиш работа. Битно да е само да е мека четката.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196
    Па прилично каснат со никнувањето и долните заби, проблем нема да има ради редоследот, ама се работи за доцнење во никнувањето, така да работата ќе се тегне уште долго време.
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.849
    Допаѓања:
    202.940
    Пол:
    Женски
    Јас земав на Лакалут, оти ги менував секој месец, ова додека беа помали. Сега пак за малово имам на Лакалут моментално, меки се влакната, а за таа цена се супер. Ама, јас му ги мијам забите, тој и сам си ја провртува низ уста кога ме гледа мене што правам, но сепак јас го имам главното чистење. Битно е да се меки влакната, фирмата не е толку важна.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Napolitanka

    Napolitanka Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Denes prvo zabce. Yeee
     
  19. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Нас ни препорача стоматолог мека четка и паста без флуор. Ние користиме чико четка и паста на чико исто во аптека ми рекоа дека само таа е без флуор. Инаку не знае да плука и затоа требало паста без флуор
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира како се снаоѓате со отпор при миење на забчињата. Јас му ги мијам со плачки, со рикање секој ден, со сила. Сум пробала тактики ајде ќе ги миеме забчињата на мечињата, ајде заедно да миеме забчиња, ама тогаш само ја провртува сам четката низ уста, ама не е тоа тоа. Дури го терам ајде сега и на тато и тебе ќе ви ги мијам забите, ама застанува мирен се додека не му се доближам со четката .. И на крај завршуваме со плачки, зошто морам да му ги измијам со сила... Ако Ви успеала некоја тактика, споделете