Децата и забите

Дискусија во 'Дете' започната од bittersweet, 16 февруари 2016.

  1. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Денес ќерката со мастика во уста , пола заб од катниците и се скрши и остана во мастиката. Не ја боли, но дека фаќа викенд не знам дали ќе и направи проблем до понеделник да ја види заболекар ?
     
  2. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Ај да прашам вчера паднала малата (18 месеци) и се удрила во на маж ми коленото директно со долните заби. Вечерта одбиваше да јаде краставица кога гризна почне да плаче и да вика боје даби (ја болеле забите). Ноќеска исто се будеше со плачење и викаше дабиии. Назад на непцето имаше малку крв и левата двојка ми се чини дека е понавнатре од другите заби, пробав да не се клати ама не можам да осетам, а и не дава баш убаво да и бркнам во уста плаче. Можно ли е да е нешто посериозно или само што е удрено ја боли непцето? Дури во понеделник можам да ја носам на забар, ама не била до сега и не верувам дека ќе соработува и да ја однесам, мене не ми дава да ја пипнам а не некој друг...
     
  3. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.794
    Допаѓања:
    14.336
    Пол:
    Женски
    Тој заб е расипан чим се скршил со мастика. Ако не ја боли ќе издржи до понеделник, ама треба да се поправи.

    Најдобро е да ја видат на стоматолог, ама на таа возраст не можат ништо да направат дури и ако треба. Ако не се клати забот, не е страшно, ама ќе го следите да не потемне. Ако тоа се случи, значи дека од ударот нервот се повредил, па понатаму ќе треба да се лекува забот. А од удар нормално е првите денови да боли, не мора да значи дека има некоја поголема повреда.
     
    На lady.N и SkarletOHara им се допаѓа ова.
  4. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Многу ти благодарам @Spidy
    Ќе ја следам баш, a за колку време отприлика ќе има промени ако има повреда? Eве сега ја прашувам дали ја боли уште и вика не. Се надевам дека не е ништо.
     
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.794
    Допаѓања:
    14.336
    Пол:
    Женски
    Нема правило, може да е за некој ден, а може и после цела година. Најстрашно е да се клати забот или сосема да се избие, од тоа за среќа сте се спасиле, сега нема што друго да се прави.
     
    На lady.N му/ѝ се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.863
    Допаѓања:
    36.525
    Пол:
    Женски
    @Annath или @Spidy Како им ги вадат млечните заби на децава? Ставаат анестезија или не? На времето знам мене ми прскаа со едно спрејче, ама сега не знам како е.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.797
    Допаѓања:
    202.771
    Пол:
    Женски
    Прскаме спреј, да. Некогаш и боцкам, ако има потреба, ама ретко.
     
    На Spidy и An-na им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.863
    Допаѓања:
    36.525
    Пол:
    Женски
    Фала ти.
    Се надевам без боцка ќе поминеме. Расклатени и се неа забите, ама не и излегуваат, а под едниот има нов излезено. Ќе мора да се вадат.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    53.415
    Пол:
    Женски
    @Annath Те молам за совет :)
    Малиот ми е 3 год, предните заби горе се веќе доста пожолтени и разјадени.
    Има ли спас? Барем да не продолжат да се расипуваат мал е уште.
    А му ги мијам редовно .. Ама слаткото си зема данок :(
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.797
    Допаѓања:
    202.771
    Пол:
    Женски
    Консултација на забар, да ги види и да процени што и како, ако има потреба да ви препорача нешто. Како е со задните заби? Сигурно и тие имаат понекоја точка. Да се почне со поправка сега, додека не болат, за да соработува. Намалете со слатки, сокови и газирани пијалоци, грицки исто така, нека џвака повеќе, значи да не е почесто на мека, повеќе на потврда храна за да се вклучи и механичкото чистење.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.863
    Допаѓања:
    36.525
    Пол:
    Женски
    На ќерка ми од една година и беа вака забите. Буквално преку ноќ и пожолтеа. Одевме на забар секоја недела. И ги мачкаа на почетокот, а потоа откако и се изронија и ги лечеа. Скоро цела година и ги лечеа запчињата, секоја недела бевме на забар :x Не и се рашири на другите запчиња добри 4 години, дури лани и се појави кариес на четворката.
    Само редовно одење на забар и следење.
    Всушност @Annath те советувала исто што и мене ме советуваа тогаш. Сакав само лично искуство да ти пренесам.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    53.415
    Пол:
    Женски
    Добри се задните, баш при четкање пазам да му ги изчистам убаво, и долните му се бисерчиња. Само горните 4 :(
    А вака препорака за некоја паста?
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.797
    Допаѓања:
    202.771
    Пол:
    Женски

    Elmex 0-6 години. Многу сум задоволна од неа.
     
    На Sexybaby86 и mssuniquee им се допаѓа ова.
  14. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.060
    Пол:
    Женски
    20201220_163029.jpg
    Мајки зошто вака и излегува забчето
    Некако многу позади,дали е нормално вака,и дали некако може да се среди
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.797
    Допаѓања:
    202.771
    Пол:
    Женски
    Нормално е, ќе се намести како што ќе растат вилиците. Нека го турка со јазикот нанапред, како припомош во насочувањето.
     
    На blessed.an му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    5.539
    Мајки денес и ги проверувам забите на малата кога гледам кариес (не сум лекар ама така изгледа) кажете предлог добар стоматолог, да ја однесам, каква е плашлива не знам како ќе и поправаат.
     

    Прикачени фајлови:

  17. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Каква четка за заби ми препорачувате?
    Земавме нова четка, никако не отвара уста да и мијам забите, само ја стиска со забите и ја јаде пастата, да не и е многу тврда, да земам четка со меки влакна?
     
  18. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Јас за мојата користам Курапрокс за деца и веќе не ја менувам. Исто претходно знаеше да изводи за миење заби, ама откако ја користи оваа, нема никаков проблем. Мека е :)
     
    На V.odolija, TeddyGrey и Neda997 им се допаѓа ова.
  19. dade123

    dade123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    1.184
    Пол:
    Машки
    @Annath 5 год има малата, на долната 5ка има ваква дамка, дали е кариес или почнува да се сипи? Не ја боли. А, дали млечните заби болат ако се расипат?
    Незз од шо е, благо јади ептен ретко, шише и цуцла нема виста ставено од ко е родена.
     

    Прикачени фајлови:

  20. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Син ми е точно 5 и пол години и веќе четири заби му се сменија. Јас стварно не сум сретнала друго дете волку рано да почнат да му се менуваат забите. Совет и дали може да се влијае на процесот?