Немаме анестезиолози, ниту опрема. Единствено ова го прават на детска стоматологија кај деца со посебни потреби најчесто, оти тие се тешки за соработка. Сите останати случаи се третираат класично.
Здраво драга @annat денеска бевме на разговор и проверка на запчињата. Ни рекоја дека запчињата мораат да и се извадат. Прашањето ми е дали ке има проблем со следните запчиња што ке излезат (дали од прилика се знае колкав период ке седи без запчиња)( да напоменам ке и вагаат и кец и двојка) имам некаде прочитано дека не е убаво да се вадат млечните заби зошто тие го држеле местото отворено за другите заби......мислам дека од кога ке и се извадат овие запчиња сега, местото ке се затвори и после другите заби ке излезат многу потешко и со болка или? Дали после соседните заби ке дојдат на местото од двојката и кецот и ке има проблем со сталните заби ке излезат ли на криво место?
@babyane18, колку години е малата? Извини ако си пишала, сум пропуштила. Ако мора да се вадат, немате друг избор. Не би требало да има проблем со растењето на трајните заби. Може да се изработат чувари на простор, ама не верувам дека ги прават за помали деца. Претпоставувам дека се работи за горни заби, трајните единици и двојки обични никнуваат околу седмата година и подоцна, а може и порано, особено кај девојчињата. Во секој случај, мислам дека нема да имате проблем со запчињата, секако и вилицата расте и се шири како што расте детето. Попроблематични знаат да бидат бочните заби. И да е тесен просторот, без гајле, има опции за средување на истото. Поважно е да се спречи појавувањето на компликации ако не се реагира на време со расипаните заби.
@Annath саkам мислење од тебе,син ми е три години и три месеци, четворките забчината му се расипани и некогаш знае да се жали на болки ама ништо страшно се до петокот вечерта кога плачеше многу и се жалеше дека го боли забчето долната 4 не му се смуруваше болката и морав да дадам ибупрофен сируп за кратко се смири,вчера не се пожали на болка се до поручеквава кога многу плачеше,звонев кај матичниот стоматолог на син ми за мислење дали да го носам на дежурен дали ке го примнат бидејки е мал и тој ми вика а не никако мало е детето нема да го примнат џабе ке го носат ништо не можат да интервенират а што ке правиме му викам ако продолжи да го боли и тој ми вика ке ви дадам упат за на болница да му го извадат забчето со наркоза. Потоа звонав за мислење кај мојот матичен стоматолог тој ми вика штом го боли детето носи го на дежурен ке ве примат обавезно и ако треба ке му го дренират забчето му викам дека е мало нема проблем вика кога ке се дренира обично кај млечните заби со дренажа се смирва болката и не се јавува потоа. Е сега стварно сум збунета двајца доктори различно мислење ми дават сега еве го ок е не го боли не се пожали повејке сигурно му делува бруфенот ама знам дека не е решение тоа мора нешто да се превземеи и го почитувам твоето мислење па кога имаш време одговори ми. Поздрав
Го делам мислењето со докторот кој ти рекол на дежурен да го носиш, да го отворат. Ќе се дренира и ќе попушти притисокот поради кој се јавува болката. Е сега, дежурните само отвораат, матичниот стоматолог ќе продолжи со работа на забот, т.е ќе го отвори убаво и ќе процени како ќе се лекува. Прерано е за вадење според мене.
Мајки некое искуство со оток и гној на заб...Две годинки сме многу мали. Не сака да соработува на забар. Ни препишаа антибиотик. Прв пат пиеме во овие 28 месеци антибиотик но мораме да не се искомплексира.
Често се случува. Бидејќи е малечко, ако си од Скопје, однеси ја на детска клиника да го отворат забот, за да се издренира гнојот и да се намали отокот, антибиотикот секако ќе мора да го пие. Ако не сте од Скопје, барај специјалист по детска стоматологија во вашиот град. Можно е. Поради зголеменото лачење на плунка се јавува потечна и почеста столица која не е пролив, бидејќи е до пет-шест пати дневно. Ако е пет-шест пати во рок од еден час, тогаш е веќе дијареја, и мора да се лекува соодветно.
значи вака преске ги снимав забите аа 5ките гии немам доле ии сега снимката покажа дека немам заменици ама можеби ке ми пораснале да сме се надевале некојј да е запознаен со оваа помош ве моламмм
Драга @Annath, те молам кажи ми што мислиш, ќерка ми 12 + на долната лева двојка во жлабината има нешто црно како да има нешто.Пред 2 недели и го приметив и беше баш како лушпа од сончоглед влезено ама никогаш нема јадено сончоглед.Сега и се движи надолу.Што мислиш дали е некој туѓ предмет или се има повредено со нешто? И дали двојките треба да и растат во иста линија со долните кецови или не? Сумјам дека и растат крви.Сакав да ја сликам ама не дава .Поздрав многу кога имаш време тогаш пиши без брзање
Најверојатно се работи за циркуларен кариес, т.н baby bottle кариес. Детето однесете го на стоматолог, да процени како ќе се запре напредувањето на процесот, за да не ги зафати другите заби, и да не се појави болка. Редовно четкање, премачкување со tooth mousse може да помогне. Во однос на поставеноста на забите, најчесто генетиката има најголема улога, ама не би се грижела за поставеноста на млечните заби, побитно е трајните какви ќе бидат. Секако, ако поставеноста на млечните заби пречи во говорот, џвакањето и затворањето на устата, тогаш треба да се види дали може да се преземе нешто.
Фала многу @Annath секогаш не себично одговараш.Ќе ја однесам што побрзу на стоматолог. Се надевам не ја боли .А за миење 1 дневно ги миеме со baby паста со многу мала количина.Ама за жал се случило Убав ден мила на тебе и твојата фамилија
@Ava.84 и на ќерка ми на приближно ваша возраст и се појави кариес. На нас ни беа жолти и ни се ронеа. Почнавме да одиме на стоматолог. На почетокот секоја недела не мачкаа, подоцна одевме еднаш месечно. Стругаа каде што требаше, лечеа, меѓутоа сега на три години кариесот и е саниран и не е раширен на останатите заби. Останатите запчиња и се бисерчиња Треба упорност, често одење и слушање на советите на стоматологот.
Mene me interersira ako znae nekoj da mi kaze sto vo slucaj koga e porasnata sestkata zab kaj 4godisno dete?Neodamna bevame na stomatolog i bese doktorkata iznenadena deka imalo izrasnato sestka,me upati da sme pominele uste ednas na kontrola za da se premackalo zapceto so nesto za da se zastitelo od rasipuvanje,dali e cesta pojava na mala vozrast da bide izrasnat ovoj zab?
како ја убеди за да оди на забар и да дозволи да ја чепкаат? јас ни големата не успевам(9 е) не пак малото
Ние имаме мака со миењето заби. Детево не ми дава јас да и ги мијам, па ај малку од малку, првен со вода после со таков mouse бидејќи не мора да се плукне ќе ги зачеткам. На крај е драма ако не и дадам сама да ги мие. Доколку и даде човек четката може со саати да четка и да трие. И во постела оди со четката и четка... едвај ќе и ја зедам. Влакната од четката стануваат лом па на неколку денови и ги менував. Механичка повреда не си направила, ама сепак. Сега не и ја давам. Стоматолог ја има видено само уз муабет, после мој преглед. Рече одлично се поставени забчињата и за сега е се супер. Ќе видиме понатаму како ќе биде. Кога се препорачува првата контрола на заболекар?
Никако. Мора да се оди и тоа е тоа. Вриштеше многу на почетокот (сега помалку, ама пак си плаче). Јас ја држам со двете раце, маж ми главата, докторката работи и така... Мораше, за жал. Нема решение. Да ја оставев, сега сите заби ќе и беа расипани и полошо за неа ќе беше. А жал ми е ми се плаче кога одиме, ама мора. За заби не правам компромиси.
Еднаш дневно е малку, треба најмалку два пати дневно, барем наутро и навечер пред спиење. После миењето пред спиење да не се дава ништо, освен вода или незасладен чај. Ако користи уште шише со цуцла, да се исфрли од употреба, бидејќи наслагите од ноќното пиење млеко се тие што ги уништуваат млечните заби. Не е ништо невообичаено ни страшно, само да си ги следите редовно запчињата, т.е редовни контроли и залевање, да се спречи расипување. Првите посети да бидат кога нема болки, т.е без причина, да се запознае со стоматологот и ординацијата. После и со столот и машините. Па може и едно четкање на забите да се направи, па после нема да има проблем ако се појави кариес. Децата кои на овој начин се запознаени со стоматологот и неговата работа подобро соработуваат во принцип. А повеќето децата првпат ги носат на забар кога ќе се јави болка, што е голема грешка. Најрано на 18 месеци до две годинки. На секои 6 месеци контрола, како кај возрасните.