Кариес е, мора на стоматолог да се поправи. Ако остане вака ќе се расипе уште повеќе и ќе боли. Однеси ја што побрзо да го поправат дури не боли, оти после ќе биде потешко. Претпоставувам дека се сменети долните предни заби. Не е ништо страшно ниту неочекувано, нема што да се направи да се забави или убрза процесот, тоа е што е. Редовна хигиена, редовни контроли на забар и тоа е тоа.
@Annath фала ти. И долни и горни кецови се сменија. Еве. Долните израснати се веќе. Како почна првиот, за кратко време сите четири. Искрено страв ме фати. Го боли ли кога му се клатат. И нервоза му прави кога му се клати заб, сам вика извади ми го.
Навистина рано за горните кецови, ама тој процес не може да се успори. Сите ги нервира кога им се клатат забите, не боли освен ако затега на непцето. Ама пречи при јадење и општо, цело време, особено кога се клати многу. Кај мојов од што му сметаа, сам си ги расклатуваше до крај и ги вадеше, а непцето му помодруваше оти сосила ги клатеше за да паднат побрзо.
Kaj sin mi (4 godini) imase vakva damka i na 2te dolni petki, go odnesovme na zabar, go strugna sosema malku i mu gi zalea so nekoja smesa za da ne se rasipuvaat. Super pominavme, ti preporacuvam da ja odneses dodeka e vreme, taka ke si stekne navika za odenje na zabar.
Пробав на секој можен начин да ја убедам да одиме на заболекар, со добро, со ветување за подароци шп и да посака со се.. Не, не, не. Со уцени не. Со карање не. Никако не можам да ја убедам. А знам дека после ќе е касно, додека дојди време да се мени забчето цело ќе се расипи.
Можно е, а би требало веќе да почнат да излегуваат. Накај 18 месеци, ако нема ниеден заб, може да се направи една контрола кај стоматолог и ако така процени стоматологот, да се направи снимка за да се утврди состојбата на млечните заби. Инаку, кога растат вака покасно, скоро сите наеднаш може да излезат, нема пауза од еден до друг заб.
Дали некој го користел за децата гелот за заби од алое и на која возраст? И дали сте го користеле место паста или само како додаток? СОСТАВ Стабилизиран Алое Вера Гел, сорбитол, хидриран силициум двооксид, глицерин, натриум лаурил сулфат, морски алги, (Chondrus crispus), арома, пчелен прополис, натриум сахарин, натриум бензоат, хлорофилин-бакар комплекс.
Кој и како би поправал запчиња на 3г дете кое не би соработувало? . Постојано се мислам да го однесам ама нит знам каде ни како да го убедам. 4ките му се со кариес, од темни дамки црни станаа. Предните горе му се жолти, со наслаги. За миење борба водиме, сака сам а не ги фаќа убаво. А еве и кај помалото почнаа да жолтеат предните. Он има 17м. Има ли некоја со вакво искуство?
Јас малиот го носам во н.л. кај Александра Асенова. На 3 1/2 години дете има 3 фасети на предни заби, без ниту една солза. Со мерак оди и сам си седнува на стол. Ама да напоменам мојов беше воодушевен од целата опрема, како вселенски брод било. Во секој случај пријатна е со деца.
Не на три, ама на четири истераме лоша епизода. Двете петки беа расипани и веќе го болеа да плаче кога јаде. Пробав се, сите финти, добри лоши, поклони, игри. Сменивме 4 стоматолози. Никаква соработка. Со вриштење, клоцање, еден доктор меѓу нозе го клоцна тоа траеше со месеци. Во тие месеци успеавме забите да се истругаат и лек да му се стави. Мислам на докторите им се темнеше кога ќе не видеа, со саати таму, а ништо не сработено. На крај отидовме на стоматологија, на тој одделот за деца. Таму знаат како, дур вриснал, таа завршила работа. Имаат и некој метален прстен, фала богу кај нас не требаше да се користи.
@irena.1 И ќерка ми рано смени заби, слично ко кај вас. На 5 полни, летото, ги смени двете единици долу, па во текот на годината и двете долни двојки. Горните кецови ги смени скоро, пред да почне во прво, значи со полни 6 години, еве на пат се и горните двојки да паднат. Во меѓувреме пораснаа и сите 6ки, едните ги залевавме, еве утре ќе одиме да ги залееме и горните. Што се однесува до расипаните заби, и ние мака мачиме да ја задржиме едната 5ка. Толку е изронета, ништо нема. Значи спасот е само редовно одење на забар.
На мојава уште и стојат сите заби,дури чудно ми е,и се нервира зошто само неа не и паѓале.Здрави и се сите само една петка поправиме и сега една четворка
@azelea и на мојов исто дури не му се ниша ни еден а има 6 години и 4 месеци. Да ја тагнам @Annath да даде совет до кога е нормално да почнат да се менуваат забите? А за здрави сите му се сме биле на стоматолог 2-3 пати до сега.
Ќе се сменат кога ќе дојде време. Обично менувањето почнува околу 6 години, ама не е проблем ако почне покасно, околу 7 или 8 години. Ако после полни 8 години нема знаци за промена на долни единици, тогаш не е лошо да го види стоматолог, чисто за проценка.
Е да редовно одење, ама коронава година се направи. На стоматологија па работат по некои протоколи, неколку пати звонев. Еден период само итни примаа, следен пат па ми рекоа дека не може да се закаже, ако имаш потреба одиш и кој ќе се падне тој.
Ние имаме забарка која работи цело време од мај откако ги пуштија стоматолозите да работат. Јас сум многу задоволна, матична ни е, плаќаме само некој процент.
А да прашам, што значат бели флекички на забите?? На син ми, скоро 7 години, предниот кец траен што му никна му никна како шарен, односно има еден дел што е побел од останатиот, а стоматологот ни рече дека и шестата му е таква јас неможам да видам... Од што се случува тоа и дали може некако да се изедначат, со некоја паста, витамини..?