Децата и забите

Дискусија во 'Дете' започната од bittersweet, 16 февруари 2016.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.797
    Допаѓања:
    202.773
    Пол:
    Женски
    Со тек на време би требало да се изедначат, кај син ми имаше такви флеки кога растеа забите, се повлекоа. Земи Елмекс паста за негова возраст, солидна е, кај деца со бели флеки на забите имала ефект, барем од она што сум видела.
    Ако не се повлечат, такви ќе останат, тоа е генетски дефект во развојот на забите. Тука ништо не можеш да направиш.
     
    На Andrejaaaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.902
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    @Annath а за 3г со кариес :x каква паста? Имам една на колгејт 3+ сега ама сигурно има некоја подобра. За помалото 1,5г исто препорака? И кај него почнуваат жолти дамки да се прават :worried:
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.797
    Допаѓања:
    202.773
    Пол:
    Женски
    Кариесот прво да се среди на забар. Исто Елмекс паста може, за најмалите што е.
    Кај малото редовно миење и контроли засега. Понатака да се интервенира ако има потреба.
     
  4. hub

    hub Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Ние веќе 19м сме, со што ги миете забчињата на вашите малечки?
    Сега ни излегуваат и 5ките..
     
  5. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    21.187
    @Annath @Spidy и уште некој ако има што е забар,или да знае.
    Син ми е 25 месеци. Заби му мијам редовно,ама цица ноќе.
    На едната единица има дупче,на другата единица и двојка имаше како кафеава флека,сега ми даде да му ги допрам,кај флеките се познава како да почнале да му се растрошуваат запчињата,како дупка да се прави. Знам,грешката е во ноќното цицање,и назад веќе нема.
    Нешто може ли да се преземе сега,забар би го гледал ли,не верувам ни дека ќе сака да соработува?
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.797
    Допаѓања:
    202.773
    Пол:
    Женски
    Однеси го на стоматолог, не мора ништо да прави, бар со четка и паста за почеток нека му ги помине, и да му ги премачка барем. Па да пробате и да се поправат дупчињата. Ќе пробувате, се додека не го боли. Ако го заболи и тогаш го однесеш на забар, ќе биде потешко за соработка.
     
    На Lolipop23, hello-kitty.90 и Spidy им се допаѓа ова.
  7. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Ова со залевањето не штити долго. Ги залеавме 2те долни 5ки некаде во ноември и за 2-3 месеци пак се појави кариес па моравме да ги пломбираме и двете. Сепак изненадена сум од синко, 4 години има, си седна сам на столот и двата заба му ги заврши во еден ден. Мислев нема да соработува, но изгледа редовните посети на забар го опуштија и не се плашеше воопшто.
    Јас бидејќи како мала имав големи трауми од забар ова исклучително многу ме радува и ви препорачувам на сите да ги носите децата од мали на контрола за да се опуштат и да стекнат доверба..
     
    На elcezelce, kukla21, Chantal и 5 други им се допаѓа ова.
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.522
    Допаѓања:
    38.735
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совет и мислење. Многу се нервирам со синот, значи скоро сите млечни му се расипани, има од мал огромен отпор за на стоматолог, 4-5 пати се имаме враќано без ништо да направат освен еднаш за ќеса чистење. Имаме сменето тројца стоматолози. Не соработува без разлика колку му зборувам дома дека не е страшно, нема да боли и слично.

    Е сега сите заби му излегуваа порано, па и шестката му излезе сега на 5 години и сакав да одиме за залевање, го закажав на приватно, седна му ја подготвија и пак истото, не отвара уста, плачи, бега. Се откажа докторката и така остана без да се залее запчето. Се јавив и кај друга докторка што работи со деца, и ми кажа дека тоа законски оди на државно и дека треба на 6 години да добиеме покана и дека нивните заливачи немаат врска со државните. Не знам сега дали да чекам до в година или да барам пак на друго место да одиме..

    @Annath што мислиш ти? Дали брзо ќе се расипе ако немаме направено залевање со оглед на тоа што млечните се расипуваа скоро одма? Или нема врска квалитетот на трајните со млечните?
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.797
    Допаѓања:
    202.773
    Пол:
    Женски
    Јас сум за да се залее. Инаку може и тој брзо да се расипе. Генерално, млечните се покревки од трајните, ама со сите млечни расипани, мора добра превентива, оти колку и да е цврст, големи се шансите да се расипе.
    Залевањето не вклучува стругање, машината нема да се користи освен за сушење и не боли, некако објаснете му да ве разбере. Знам дека ви е тешко, има деца кои едноставно никако не соработуваат, не отвораат уста од страв. Да имате некој стоматолог со кој детето е блиско и комуницира отворено надвор од ординацијата не е лоша идеја, ама дали имате стоматолог што ви е толку близок, роднина или пријател.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  10. dade123

    dade123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    1.184
    Пол:
    Машки
    IMG_20210307_175819.jpg дали ова значи дека ќе излези забчето 5ка?не се жали дека ја боли ја мијам со четка два пати ж, џвака се не вика ме боли. @Annath иначе има 2,5 год.
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.797
    Допаѓања:
    202.773
    Пол:
    Женски
    Најверојатно. Личи на еруптивен хематом, не е така редок. Долу има петки? Подзакасниле малку ако има 2,5 години, но секако до три полни треба да се комплетира забалото.
     
  12. M.B.

    M.B. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    197
    Пол:
    Женски
    Мајки, ќерка ми има 6.5 години, и досега нема ниту една шестка, ниту пак има некој знак дека наскоро ќе се појават. Исто така, сите млечни заби и стојат, ниту едно нема паднато. Дали треба да се загрижам? На заболекар не сме биле откако почна пандемијата, но и тогаш одевме рутински, немало потреба од интервенција.
     
  13. Mamy.

    Mamy. Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Каква паста за заби користите за деца од 2 години но да се голта бидејки сеуште не знае да плука. Користевме од nuk но сакам да ја сменам ве молам за совет
     
  14. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    1.171
    ние користиме Колгејт со делфин е на неа за 2, 3 години а пред тоа ВАДЕМЕКУМ има зелен и розев со голтање
     
  15. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    7.925
    Пол:
    Женски
    Елмелс пастата за возраст од 2год. Содржи флуор но приспособени за таа возраст
     
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.794
    Допаѓања:
    14.343
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно. На која возраст и никнал првиот заб како бебе?
     
  17. Mamy.

    Mamy. Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Можи да ја голта?
     
  18. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Билка хомеопатик
     
  19. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    7.925
    Пол:
    Женски
    Од стоматолог каде што ја носам мојата кажено ми е дека безбедна е таа паста доколку се случи да ја голтне. Плус тоа ти ќе ставиш на четката многу малку колку едно зрно грашок што се вели.
    Со тек на време ќе научи да ја плука. Мијте ги заедно да те гледа и тебе како правиш за мн бргу ќе научи како да ја плука
     
    На Mamy. му/ѝ се допаѓа ова.
  20. M.B.

    M.B. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    197
    Пол:
    Женски
    На 8 месеци.