Вообичаено ако подоцна никне првиот млечен заб, подоцна и се менуваат со трајни. За сега нема за што да се грижиш, најверојатно во исто време ќе никнат 6ките и ќе се расклатат млечните единици. Се додека редот на промена на заби генерално е запазен, никаков проблем не е тоа да се случи малку подоцна од просечното. Ако до 8 години не се појави ниеден траен заб, може да се направи една панорамска снимка чисто да се види до кај се. Може да направите и сега ако сакаш да си знаеш дека се е во ред, ама навистина нема потреба.
@Spidy жолти наслаги на запчињата може да се средат 17м има, почнавме околу година да ги миеме, еден период сменивме четка одбиваше,па растеа четворки одбиваше и сега горните кецови имаат жолти наслаги..го мијам без паста
Зависи од наслагите. Ако се цврсти наслаги од храна или минерали, се чистат на стоматолог, ама мало е за тоа. Ако е пребојување на самата структура на забот, тоа не се чисти, само мијте да не се расипува.
Мојава е фасцинирана од видеово, бара само да го гледа “кариес” Па не проверува сите дали имаме кариес.
Баш дека видов дека пиша за долните 5ки. И кај син ми исто 4 години има, редовно носен на контрола значи нема страв соработува и денес бевме на контрола докторот кажа дека долните 5ки треба да се прават. Ни закажа за двете во ист ден да завршиме работа наредна недела. Ме интересира дали е многу болно, докторот рече не ама сепак да те прашам зошто и вие скоро ги правевте.
Синко има 8 години. Единиците и двојките му се сменети со трајни. Шестки има само две од десната страна. Точно незнам од кога, знам пред година на забар ни кажаа дека искочиле тие, да ги четкаме повеќе. Од време на време јас земам да проверам како ги измил забите и да му ги зачеткам и јас, но уште ги нема другите шестки од лево. Дали е ова нормално, до кога би требало да ги има сите на број? фала ти однапред
Нормално е, иако е несекојдневно. На 8 години веќе би ви препорачала една панорама. Најверојатно ќе никнат набрзо, ама подобро веќе да се провери како се развиваат.
Zavisi kolku se rasipani, kaj sinko bese epten pocetok na karies, samo edna kafeava tocka i ne go bolese voopsto. Pred nekolku dena popravivme uste edna 4ka. Ako e povekje rasipan moze kje treba anestezija.
Хмм ме замисли сега не спомна за анестезија рече малку се двете ќе завршиме во ист ден. Си велам така ќе му ги прави не мислам два пати да го боцка за двете 5ки.
Штом и двете ќе ги прави во ист ден како кај нас, сигурно е ептен малку и нема да го боли, не се секирај.
Јас во ноември сакав, ми рекоа дека се под посебни мерки. Примаа само итни и тоа нема бирање доктор. Ако ти е итно одиш, па кој доктор ќе се падне тој, нема бирање. Сега не знам како е.
Бев јас минатиот месец, а и во декември исто. Си закажав кај докторката што ја лечи најрегуларно. Требаше сега да одиме, ама не можам да ги добијам никако. Ми вика исклучен број Фала ти, во секој случај Ќе видам, ако не ги добијам до понеделник / вторник, ќе одам директно таму. Мора да оди, и расте траен заб под млечниот, ќе мора да и го вадат. И со другата единица исто и се случи, сега пак
Ќерката ја болеше заб, бевме на заболекар и го чистеа и и препишаа антибиотик. Има поминато повеќе од месец дена мислам сега не ја боли но на жлебоната кај тоа забче и се појави како оток со гној. Сега ја видов дали е итно за на заболекар?
Забот треба да се лекува, сигурно ви го кажале тоа првиот пат кога сте биле. Колку повеќе се чека толку повеќе работа ќе има. Не е итно веднаш денес да ја однесете, ама ова не е работа што треба да се остави така со недели и месеци.
Па не ни кажаа друго тогаш и го чистеа и не ни рекоа пак да се вратиме, секако ќе ја одведевме, само да го испие антибиотикот. И дека е тројката за брзо време ќе и падне, уште е млечниот. Фала
Тројките последни се менуваат, на околу 12 год. Ако детето е помало од 11 години, забот треба да се лекува, без разлика што е млечен. Единствено ако е премногу оштетен од кариес, па само да се чува отворен додека да падне, само во тој случај не се лекува.
@Annath @Spidy ќеркичката го скрши левиот кец, некако на пола и е скршен т.е на косо. Мислете дека ќе има проблем со јадење или пак да и пречи на јазикот дека на косо и е скршен па има еден дел многу остар(ама објаснив) Што да превземам?