Еве ќерка ми, 7 години еден по еден 3 заби досега и ги чистеа и лек нешто и ставија, пломба не, и викат после секое јадење да ги четка. Детето опседната е со четкање самомшто ќе стави нешто во уста трчи да четка. Да барам пломба ако пак има болка на некој заб?
Па лекот не стои до паѓање на забот. Јас лично ги пломбирам и млечните кога веќе нема болка и се чисти.
Мајки вчера примњтив дека на синко му се клати кецот доле а не се удрил деновиве 4г 8м се консултиравме со нашиот стоматолог вели веќе е нормално на дечињата порано да им се менуваат млечните. Предлог за Аеродром, Ново Лисиче добар стоматолог што работи со дечиња?
@Annath ако може една консултација.Ќерка ми е 2,5 год и сакам да земам паста за заби за превенција од кариес.Од твое искуство за таа возраст дали е подобро флуоридна паста или паста без флуор.Се двоумам меѓу Tooth Mousse или Еlmex.Досега користев Сhicco ама почна повеќе со благи работи па да ја заштитам колку можам.
Флуоридна паста. Колку и да сум против флуорот, сепак е ефективен во заштита на забите. И tooth mousse може, ама реално, иако помага за кариес во рана фаза, не е секогаш ефективна во заштитата. Јас ги користам и тут мус и елмекс кај малово, редовно му ги мијам, ама пак има расипани запчиња што ги поправаме. Затоа Елмекс би требало да е добра ако генерално немате проблеми со забите.
Каде одите? Мојот има многу за поправање, ептен ми е страв да не почнат, го здоболи и после што . Еднаш бевме,му ги четкаа и ок поминавме но многу ми е страв како би реагирал на поправање
Имаше само дупче на забот. Не ја болеше. Глас не пушти. Ама јас ја носев таму од бебе со мене буквално. А и за 5 мин завршивме работа. Пред некој ден ми рече ме боли заб треба пак да одиме, ајде да одиме.. ама знам дека ме мота, зошто ептен има мерак да оди по доктори хаха
@Annath од кога излегуваат 6ките кај децата?Гледам кај големава 5 години почнала да и излегува шестка долу десно.Зарем не е рано?
Околу 6тата година. Може и порано, особено кај девојчињата. Нема правила, ама ако веќе почнала да расте, пазете на хигиена повеќе.
@Annath да прашам кога почнуваат да излегуваат петките? Ќерка ми е 23 месеци и последниве дена само рацете ги става во уста, се лигави, гризе и каса, се става во уста посебно ладни работи, влажни, сладолед, работи од фрижидер... Не е рано? И повеќе е на града и помалку јаде. Типично како што правеше за претходните заби посебно 4 и 3 ките
Ти благодарам многу. Мислев да не е некоја афта или грло, но чим јаде салата зелка и краставица со лимон нема шанса. Чекаме петки @MilaSs12 фала ти и тебе. И да те прашам, кај е генерацијата наша? Малку се изгубив од форумов, ми фалите сите. Морам да најдам време за тука. Ги барам низ постови @Мариаа. @Yowannty @Septemvri @The Unicorn и другите ги нема, тебе, @srekice @Mia Fuentes @koritsaki i @marchi-cool ги читнав само и тоа поретко