На ќерка ми почнаа да и растат пред 5 ти роденден. @Annath ме интересира дали 5ти и 4 ки се менуваат кај децата?Колку што се сеќавам некој остануваа ама не знам кои?
Сите млечни заби се менуваат, 4 и 5 околу 10-11 години, може и порано. Нема млечен заб што останува во уста после 13тата година, освен ако изостане заменикот.
Мајки од што може горните двојки на ќерка ми да и се изронат? 21 месец е и еве веќе цела недела имам приметено дека и се ронат, уште малку и скроз ќе ги нема.
Совет за паста за заби без никаков вкус? Ќерка ми ги мрази сите детски пасти досега. Се мие само со четка, од пастата и се гади. Е сега и се појави кариес. Бевме на забар, се среди, но не сакам да и се појави и на друг заб, иако се млечни и знам дека мора некоја паста . Идеи?
Имате искуство со електрична четка за деца? Ме запна моево за Елза, ама вика на упатството од безбедносни причини да се мијат заби под родителски надзор.
Најчесто од многу сокови пиење, од цуцлата и не толку често од благо јадење, така ни кажаа на нас, секако посетете стоматолог
Исто сакав и јас да прашам, ах таа Елза, видов имаше во Џамбо едни на батерии 150 ден се, мислам со нив прво да пробаме ама нема Елза на нив
Јас ја купив пред неколку дена за ќерка ми, 3+ е инаку, ама мораше начин да најдам за убаво да и се измиени сите запчиња зошто почна да се појавува кариес на задните запчиња. Деновиве без мака миеме заби, интересно и е и неа и стои мирна да и ги исчеткам забите. Инаку во рамстор ја има 1450 ден со 450 ден враќање на картичка.
Сок не пиеме, цуцла не цуцаме. Ќе испадне дека е од благото. Не јаде секој ден амА ете некогаш си изеде еден ред чоколадо. Ти благодарам.