Мислам се заливаа или што знам како се вика техниката, имаше и некоја паста. @Annath ќе каже. Однеси ја на клиника ако си од Ск.
Нема врска благо. На ќерка ми само што и израснаа, и се изронија. А цицаше и не пиеше сокови. Ми кажаа од цицањето било И јас мислам дека такви се забите. Јас ја носев од мала на забар, и ги мачкаа забите за да не се прошири кариесот, потоа и ги лечеа расипаните и за среќа не се прошири на другите запчиња. Ама, многу ги пазиме и редовни контроли. Сега веќе и се сменија расипаните, па немаме расипани заби
И ќерка ми уште цица, значи можно е од тоа. Мене ми кажаа дека имала недостаток на калциум па затоа се изрониле, ама па ете викаат у млекото највеќе калциум имало а она си пие млекце. Фала ви и на двете па ќе се консултирам и со стоматолог. @emkaemka не сум од Скопје, ама тука кај нас ќе ја однесам па можеби таму ќе не препратат.
Ако може една консултација, моето е бебе сеуште, ама во тема бебе никој не ми одговори, па можеби тука ќе имам повеќе среќа. Бебе ги извади долните кецови, прво левото, па десното, со разлика од неколку дена. После тоа излезе долното едно двојче, па горните две двојчиња, едно по друго исто, па кецовите горе, едниот боцка, другото кај и да е ќе пробие. Значи сите ги вади во пар, ама долното двојче фали и никако нема знак дека би излегло. Читам за хиподонција (се извинувам ако го утнав терминот) кај трајни заби, може ли да се случи и кај млечен? Има ли некоја временска рамка, од едно запче до друго, за колку време би требало да го извади?
Ќе никне, не мора во пар да никнуваат, а и нема некоја граница. Моето до година и 4 месеци немаше ниедно запче, па не помислив дека ќе остане без заби
И јас за првото бебе постојано се мислев и проучував, ама за второво немам многу време да мислам Не грижи се, моето бебе нема сеуште двојки ама затоа два катници излегоа уште сега . Не секогаш има редослед. Кај поголемата ќерка прво излегоа двојките. Навистина нема правило. Најбитно е да нема мака при вадење запче
Може да има хиподонција кај млечни заби, ама веројатноста за тоа е доста мала. Најверојатно само покасно ќе никне. Секако не може ништо да се направи во врска со тоа, така да не вреди да се нервираш и да мислиш.
А мојата што извади кецови прво, па 4ки и јас така си помислив да не не и никнат 2ки Без никаков ред ги вадеше мојава. На 13м со еден заб беше само и после тоа почнаа и другите.
и кај нас ги извади првин кецовите,две двојки па сите 4ки сега тек пркнаа и долните двојки се чекаат фамозните 3ки,имаше тт и на 4ките па за 3ки ме фака страв 15м сме
Син ми го имаше топчево на долното непце извесен период. Вечерва при миење на забите го поткачи, па од него излезе ко гној. Што може да биде, и што да направиме. Да барам ли дежурни викендов или да почекаме до понеделник. Рече малку го болело.
Ако нема јака забоболка, можете да почекате до понеделник. Треба да се третира, да се исчисти каналот...
Треба да се исчисти и издренира. Сега дали може само надворешно или мора антибиотик, тоа ќе ви каже забарот.
Можно е. Ако нема заменик, или ако заменикот е импактиран (заглавен во коска) може. Јас имав млечен заб, здрав, на 18 години ми го извадија за да се намести заменикот на негово место.