Јас имав млечен до 23год (3ка) Сталниот под синус ми беше ама легнат хоризонтално и што не поминав за да дојде на вилица... 2ипол 3г бев со фиксна протеза иако прави заби имав за да го влечеме забот (прикачен со штрав и жица до протеза) да дојде на вилица.
@Cosmi јас на 25 имав млечна 6ка горе Случајно се виде на снимка оти многу многу јака болка ме фати,па го извадоа и си никна трајниот
@dunika шестки има и млечни? Све сум мислела дека до петка се менуваат а шестките кога ќе никнат се трајни
Да ви кажам што направивме со гнојното кесе. Бевме на забар уште во саботата. Од 4 та било. Значи забот визуелно нема ништо, ниту пак го болеше. Докторката го отвори, и сега го остави отворен, ќе чекаме скроз да се повлече гнојната кеса. Во меѓу време одржување на висока хигиена. Пред јадење ставаме во дупчето топче од памук, по јадење го вадиме и чистиме. За една недела на контрола. Па кога ќе се повлече прво привремена пломба, па после трајна.
Во Центар на зелено пазарче има една што работи и возрасни и деца Сандра се вика стоматологот а ординацијата мислам дека Тина се вика бидејќи 2 работат али Сандра ја бива само и со фзо работат
Здраво син ми пред три дена падна на паркет и удри со устата. На устата има мала рана,непцето му е крваво и единицата горе му е малку спуштена. Бевме на заболекар му даде антибиотик и ми рече дека може да му се појави дамка на заб. Првиот ден јадеше малку блендирана храна. Но вчера и денскаодбива да јаде за цел ден испи малку сок и малку чоколадно млеко и толку. Инаку навечер се буди на половина час и плаче. Дали некој бил во ваква ситуација ?
Можно ли е млечен заб расипан да расте? Син ми горе четворката една му е потечено местото и како да има црно нешто, баш како расипан заб боја при избивање. Не знам што би можело да биде друго. Не дава да го допрам општо и да му ги видам забите. Секако наредна недела педијатар и забар ќе го видат ама до тогаш некој искуство да не имал?
На моето долната четворка му расте моментално бевме на стоматолог кажа дека ќе биде заб со атипична форма и можно оштетен емаил не изгледа бел здрав како другите заби. И нема остри рабови како др четворка . Ама најточно ќе се знаело кога ќе излезе целиот заб и рече не е ништо страшно.
Леле истиот проблем го живеев. Операција за да се најде забот, па протези со жици, како да бев само метал во устата.
Можно е да е еруптивен хематом ако местото има модар оток. Не е ништо страшно, нити значи дека забот расипан ќе порасне, кај моево сите петки така излегоа, а кај големиот шестките. Прво се појави хематом, па после пукна и излегоа забите.
Малиов за три месеци некаде прави две години и сеуште нема тројки, има четворки ама од тројките абер нема. Кога излегуваат тие?
Околу вториот роденден, прво четворките излегуваат па после тројките. Некоја недела по вториот роденден и излегоа на ќерка ми
Дали некој знае каде може да има тут мус? Во аптеката во Капитол барав рекоа немало увоз моментално. @Annath извини што те тагнувам можеби знаеш.