Ниеден заб му нема пораснато, а да не осетиме. Еден заб, една вироза. Добро, може последната двојка излезе полесно ама четворките стварно се напорни. Еве ја последната искача, болен е, не фрла цуцла, се лигави ненормално.
Со големото мака не видов за заби додека не дојдоја на ред 4ките и 3ките. Вриштење на сред сон,лигавење,течење нос и течни столици. А малово сега проби една 4ка исто со многу макаа... @Annath со тут мос пастста го мачкам големото два пати на ден. Но мислам одма ја лиже пастста. Би имало ефект?
Ако не пие и не јаде ништо после тоа барем пола саат, саат, ќе има ефект. Ама чудо нема, само да се успори кариесот.
Мојот со затнат нос ги вади забите и по неколку непроспиени ноќи со кенкање лигавење. Сите до сеа исто еве и тројката исто е.
Детево се удри прееска со тацна по заби и десната единица горе ја поткрши. Не многу, малку е поткршен, големина колку зрнце песок е во прашање, но се познава ако ја загледаш дека е како нерамнина. Не ја боли кога ја допирам, не заплака и кога се удри. Треба да ја носам на заболекар? Не знам што да правам, прв пат ми се случува ова 1 год и 1 месец е.
И на нас ни излегуваат 3јки скоро па ништо не јадеме освен ќисело млекце и лебче, јаболко, круша и краставичка. Се си јадеше како се справувате дали давате нешто дополнително? (Уште цица)
Едно прашање...ќерка ми има 6 год. Прв млечен заб 1 долу лево, испадна како од шала и одма си никна трајниот. Е сега долу десно никнал трајниот позади млечните 1 и 2, ама овие млечните не мрдаат воопшто. Ме загрижува дали ќе се израмни трајниот кога ќе паднат овие млечните и како да убрзам вадење на млечните, не мрдаат.
Син ми има две ипол години и веќе некое време има црни наслаги на заботе. Бевме на забар, не е кариес, ни рече дека е некоја бактерија која само ги бои забите, не го боли и не ги расипува но мора механички да се исчистат со некое апаратче, а тој е сеуште мал и нема шанси да седне на стоматолошка столица за да дозволи чистење. Ве молам за совет дали некој имал слична ситуација и дали има некоја др опција да се исчистат. Инску редовно ги четкаме со чико паста уште од кога му никнаа првите запчиња и ставаме тут мус пред спиење. Фала!
Мора да се извадат млечните, ако не се клатат ќе мора со анестезија. Што поскоро, толку подобро. Ако оставиш сами да паѓаат, или премногу време ќе треба и ќе останат трајните заби криви, или ич нема да паднат млечните па други компликации може да има со развојот на вилицата и односот на забите. За сите заби важи тоа правило, штом се гледа трајниот заб, млечниот мора да се тргне.
Здраво Имам едно прашање за запчињата, ако некој знае да ми одговори. Моментално на мома и растат горните тројки и четворки. Четворките се повеќе излезени. Ама тројките и излегуваат некако понагоре од другите. Дали е тоа нормално? И горните единици и се некако како нанапред. Дали кога ќе растат трајните заби, ќе растат на исто место и ќе бидат слични такви или не? Еве ќе ја тагирам и @Annath , ако е во можност да ми одговори. Гушки до сите, и со лесно да се вадат запчињата
Како што расте, забите ќе си се наместат. Не значи дека ако млечните заби биле криви, дека и трајните ќе бидат такви. Почеста е ситуацијата каде што млечните заби се право наредени, ама трајните се искривени, пред се поради големината. Користи ли детето цуцла, независно дали е лажалка или за шише?
@Annath Да те замолам и јас за совет Син ми има 4 год, предните заби веќе му се изронија само корените му останаа не се ни гледаат, а ни другите не се како што треба.. Засега на болка не се жали, жал ми е од сега што ги нема запчињата.. А ги мие и избегава слаткиши. Што би му помогнало? И на колку год искачаат трајните заби?
Околу седмата година ќе се сменат. Ништо не можеш да направиш, за жал. Само нека ги мие редовно, да ги чува другите заби.
Е па користењето на цуцлата е објаснување за тоа што предните заби се нанапред поставени. Фрлајте ја со време, за да не влијае на коската.
Ти благодарам многу. Малку потешко ќе ни биде, бидејќи заспиваме со неа, ама ќе се потрудам. И јас планирав уште месец, два да ја користиме.
@Annath едно прашање и од мене, синчето ми е 6 години почнаа да паѓаат млечните заби 3 единици до сега. Ама пред да паднат млечните новите веќе се никнати по малку и му доаѓаат криви и малку повнатре, малку од малку се подисправуваат како растат ама пак се криви. Може нешто да направиме да не биде така или ке си се наместат со време?
Би требало да се наместат со тек на време. Долните нека ги бутка нанапред со јазичето. Како ќе расте вилицата и забите ќе си го добијат соодветното место, рано е уште за било што да се прави.