Дали некоја мајка има искуство со протеза кај дете за ширење на вилица.Мој синко треба да носи па ме интересира дали оди преку фонд и колку чини на приватно
Мобилните се бесплатни во ординации кои работат со фонд до одредена возраст. Приватно се околу 100 евра.
Мајки вчера ќерка ми падна на лизгалка во парк и го скрши левиот кец вертикално, гледам дека горниот дел кај коренот не е скршен туку малце од подолу почнува скршеното, скоро 40% од забот е скршен. Исто така и непцето и е доста потечено над забот. Дали може да и се одрази на говорот во иднина?Да напоменам 2 години е малата. @Annath Те молам за совет дали може да се поправи некако забот? Благодарам
На забар однеси ја, да се види како е скршен. Може со пломба да се направи, ама прво ако е потребно да се умртви. Отокот е од ударот, ќе помине.
До 18год. Имате право за едно дете бесплатни 3 мобилни протези. Земете си упат од матичен за на клиника или во некоја ординација по ортодонција што има склучено договор со фондот.
Ми треба совет од @Annath или @Spidy Малото има скоро 2.5г и во моментов му растат 5ки. Но, една тројка долу не му е избиена зошто нема место каде да се пробие, 2 и 4 се ептен блиску една до друга. Сите други 3ки ги извади пред скоро година, оваа не пробива, нема каде. Инаку има баш големи заби, без размак, убаво наредени Местото мало што ѕирка, е црвено. Како да му помогнеме, дали може нешто да направиме да пробие забот?
На 2ипол години не може ништо да се направи за да се добие простор за тој заб. Ако има место ќе никне во низ, ако не ќе никне кон образот или јазикот. Ако го боли, има гелчиња што може да се користат, ама на крајот од денот единствено што може да се направи е да се чека да си излезе сам. Ако му се јави збиеност на млечните заби, ќе треба да го однесете на ортодонт, можеби ќе има потреба од протеза кога ќе почнат да никнуваат трајните заби.
Да, вика дека го боли таму не знам како да му помогнам освен со гел и парацетамол. Еве слика колку простор има меѓу 2 и 4 ј колку големи заби има, доле десно. Уф, ќе чекаме ако ништо не може да се направи, се мислев дали да го носиме на стоматолог Спојлер: Спојлер
Оф, тоа е скроз затворено. Не на стоматолог, на ортодонт треба, и ќе мора и панорама да се направи да се види позицијата на тој заб. Иако е екстремно ретко кај млечни заби, можно е да се заглави во коската. Се отвара простор со мобилни протези ама мислам дека под 3 год не ни даваат зошто децата не соработуваат да ги носат. Сепак мора да се консултирате со специјалист за точно да се одреди што понатаму.
Сите ортодонти работат со деца, тие им се таргет клиентела за протези Со упат од матичен на клиника бесплатни се мобилните за деца. Направете панорама ако можете и прво таму консултација. Бидејќи е мало детето најверојатно за сега ќе ви кажат само да се чека, така да не мора на приватно да идете, чисто да го видат само
Спиди колку време во просек се носи фиксна протеза на долна вилица за трајни заби? Двата кецови, двете двојки и едната тројка се малку криви, за колку време да очекувам исправување?
Не можам вака да ти кажам. Може да има скелетна аномалија која не ја знаеш и да треба 5 год да се носи протеза (преувеличувам малце, ама така грубо би изгледало). Само за мала ротација на заби без друг проблем, максимум 18 месеца, ама не ме држи за збор, тоа што тебе ти изгледа малку, може воопшто не е едноставно да се реши. Едит: сега читам дека викаш само долна вилица. 99,9% не може само во една вилица да носиш, секогаш се носи во двете, освен ако веќе си носела фиксна порано, па бочните заби се океј. Така ретко може само во една. Иначе поише проблем ќе си направиш да носиш само во една вилица.
Мајки синко цел ден се жали на болка на четворката има дупка Никако неможам да го убедам да одиме на стоматолог Не само тој сите заби му се расипани незнам дали сите ке треба да ги правиме и како тоа ке го направиме кога не сака никако да оди
Бевме вчера ни рекоа дека мора да се прават бидејки има излезено трајни долните единици и една двојка и ни рекоа дека и тие почнуваат да се расипуваат Еве ке ја тагнам @Annath бидејки незнам како да се обидам да сака да соработува со докторката Ни рекоа дека глеќта му била таква склона кон ронење мислам дека добро разбрав бидејки цело време плачеше и не разговаравме баш добро Ми рекоа дека доколку детето не сака да соработува неможат ништо да направат А тој од вчера одкако се вративме не сака да слушне да го носам пак,а синоќа пак плачеше дека го боли Мене ме моли да сум му го извадила забот Секако се обидувам да разговараме некако да се убедиме пак да оди но не сака да прифати,а друг излез незнам
Кај специјалист пробајте, детски стоматолози. Ако не, на клиника. Нема кај нас опција за целосна анестезија кај деца како што е пракса на запад кога не соработуваат. Ако има расипани трајни заби, мора да се почне со поправање, оти и нив ќе ги изгуби. Пробајте да го мотивирате некако ако нема друг избор, да му ветите дека ќе добие нешто што сака ако ги направи сите заби, некоја играчка или нешто што го сака подолго време. Деца кои не сакаат да одат на забар и тешко соработуваат, знаат да бидат тешки за убедување да седнат на столчето. Ама и стоматологот треба да има трпение, полека да работи и да му кажува што ќе прави, а не да работи на сила.
@Annath немам овде детски стоматолог не сум од Скопје Сепак ти благодарам се обидувам да му објаснам и дека ке добие се што сака но никако не сака да слушне пак да се врати таму Овде сме уште 2 недели сакав да ги средиме забите но не ни успева Сепак ти благодарам ке се обидам пак да разговараме
Истото го поминав со син ми на 4-5 год кога беше. Беше со болки, и се шетавме по приватни стоматолози неколку месеци и некаде не соработуваше (ни со добро , ни со лошо, ни награда, ни казна, ни поткуп ништо не помагаше). На крај на детска стоматологија на клиника отидовме. Си имаат они методи и се многу брзи. Дур се свести му го направиле забот. Ќе си се организираш и ќе го однесеш. Сега е скоро 7 год, сам седнува, соработува ко друго дете. Фаза е тоа, но забите мора да се направат.