Има, ама најчесто за деца со посебни потреби. Ретко, да не речам скоро ич не се користи рутински. Нема анестезиолог на самата клиника и тоа е проблем, доаѓаат од максилофацијална хирургија или од хируршки клиники.
@Annath Ако може совет.син ми е 8 години и шестките вејке му се расипани.вчера бевме да ја поправиме едната и едвај успеавме да ја пломбираме ,седнува све ок мегутоа кога вејке треба да се доисчисти забот за пломбирање почнува да го боли стружењето и едвај завршивме работа со стани седни убедувања цел саат за еден заб. Прашањето ми е за анестезија др ми вика да пробаме да го боцниме малку ама мене ми е страв како ке изреагира на анестезијата до сега не примал што ако е алергичен,како да постапам ставате ли н адеца што не примале никогаш,др ми вика кога тогаш ке мора да проба,а иммае уште двете шестки за правење не сакам да му ги оставам така.
Ако ти е страв да не е алергичен, тогаш земи ампула од кај стоматологот, направете алерго тест, и ќе видиш. Факт е дека кога тогаш мора да се стави анестезија, а ќе помогне да му се поправат забите како што треба. Јас боцкам, ако немам друг избор. Генерално анестезијата што се користи во стоматологијата многу ретко предизвикува алергија, ама нема правила.
Кажи му нека ти даде една ампула за да го тестираш детето, од таа анестезија со која планира да го боцка. Јас лично сметам дека нема потреба да го тестираш, ама ако сакаш, направи го тоа. Сум давала цели ампули на пациенти кога ми барале за тестирање, бесплатно.
Кога треба да почнам да му ги мијам забите на бебе со паста и каква? 8 ипол месеци има. Сега за сега само со напрстокот силиконски како со четкичка му ги поминувам. Има кецови и двојки пораснати горе и долу. И дали е можно волку рано да вади уште некој заб? Одбива храна и дефинитивно некој процес има, штом го намачкам со гелче се смирува.
Што се препорачува за чистење кариес кај мали дечиња, има бели наслаги на горните предни заби, прво на единиците, а сега и на двојките. За помали од 2 годинки.
Од маалска аптека го купив, а скоро па исто и од Али експрес ми стигна. Мислам дека и во ДМ го имам видено.
Дали кај нас имате видено вакво нешто? Ќерка ми, 20м никако не остава да и четкам заби со сила 2 пати ке четнам плачи вришти.. ваква четка би олеснала..
Синчето има 16м и до сега забите ги четкаме само со вода, па сакам да земам некоја паста за заби и/или tooth mousse. Не сум сигурна дали можат двете да се користат истовремено или е доволно само едно да се користи?
Од раѓање се почнува со миење на устата после подој/млеко. Со газичка намотана на прст се поминува устата. Кога ќе почнат забите да избиваат се почнува со четка и вода.