A pasta od koga bi trebalo? I staviv na mojata godinka ima ama se smrsti od pastata naucena samo so voda. I seuste mieme so silokonska cetka,koga treba da se smeni i taa?
По правило паста се зема кога ќе научи да плука, ама може и порано, паста без флуор. Четката може да се смени во класична, не мора веќе силиконска.
Конечно го однесов синко на стоматолог. Прва посета, му ги стругаше двете четворки (едната многу помалку од другата) и му стави лек за умуртвување на живците. Денес двете лекчиња му паднаа (не се жали дека го боли). Стоматологов на телефон беше лабав, дека веројатно "главниот" лек си стои и дека не е страшно. Некој со искуство?
Ѕирни што има во забите. Ако има бело како гипс тврдо, не е страшно што дел паднало. Ако е празно или само памуче се гледа, мора да одите пак. Инаку ќе почне да боли кога ќе му влезе храна.
Не му стави памук. Нешто зелено му стави и белото од горе. Белото е скроз паднато на двата заби, црно гледам само (како што му беа расипани) ама на болка не се жали. Му миев заби, јадеше... ок изгледа он. Не знам дали да го малтретирам на клиника или да чекам до понеделник ако не го боли
Обично се става памуче над тоа зеленото, ама не е страшно и да нрмало. После секое јадење убаво чисти ги дупчињата од јадење, ќе истера до понеделник, ама мора пак да се стави лекот.
@Annath Дали се поправаат заби на дете од 2 год и како? Гледам горе 4ката од долу му е црна. А и предните заби горе му пораснаа со кариес, како жолти и се ронат.
Се поправаат, како и кај возрасни. Битно е да е добар стоматологот и да соработува детето. Тешко е, не велам не, ама со време ако се фати да не го боли, нема да има проблем. Мојата најмала пациентка има 2 години, седи на стол и не плаче. Ама првата посета не беше поради болка во заб, туку поради запознавање со работата и местото, четкање на забите со паста. Следен пат без проблем отвори уста и поправив дури две запчиња. Зборот ми е, може, со правилен пристап и без многу чекање да се расипат забите.
Бевме вчера, само му ѕирна во уста и не испрати. Зеленото му стоело а друго бело не сакаше да стави зашто секако ќе му се ронело. @Annath
Ако не е покриено зеленото, нема да има ефект. Ако е само малку одронето белото, не е страшно, лекот си е таму, покриен.
Ништо нема од белото, црни му се двата не знам ни кај го видел зеленото. Да барам значи друг стоматолог? До Бардовци се стегнав за кај овој
@Annath на ќерка ми и се веќе изронати горните предни 4 заби поради пиење сок во шише.. Деновиве на моменти знае да се жали дека ја боли ама не покажува на запчето, туку над него, најверојатно корените кај што и се, не знам. Јаде нормално, ладно топло нема мака. Како да проценам дали ја болат забите? Нема шанса да соработува на стоматолог ,не знам што да правам.. и доколку навистина има болка дали од сега тие заби би ги извадиле или има некое друго решение? Скоро 2 години ќе полни
Има шанси да ја болат, оти се изронети, живецот е отворен и инфициран и таа инфекција се шири нагоре, кон корените. За вадење нема да ги вадат, ама може да ги чистат каналите периодично, за да не се појави оток. Многу често се јавуваат отоци и болка кај изронети запчиња, однеси ја на стоматолог да ја видат, пробајте. Можеби ќе соработува.