Инфекција. Однеси ја на стоматолог. Најверојатно не ја боли бидејки нема оток, ама може од денес за утре да потече. Во меѓувреме најдобро да се пукне меурчево да може да се дренира гнојот, што може и само да пукне, ама тоа не го решава причинителот на проблемот, што најверојатно е расипан заб.
Тешка е за на стоматолог едвај се молиме, 5 год има, и еднаш ептен ја болеше и од тогаш има некоја траума. Ама морам да ја натерам, зголемено е топчето, а може јас да го дупнам ако ми даде со игла, треба да ја намачкам со нешто
Можеш да го дупнеш, ама како што реков тоа е само моментална помош, за ден два пак ќе се појави. Инфекцијата е внатре во коската, што и да мачкаш од надвор нема да ја излечи без забот да се лекува. Морате на стоматолог, макар и секој ден по малку да се пробува, зошто ако потече после ќе треба со сила да ја држат и да и работат за да и помогнат, што сигурно ќе и биде уште потрауматично.
Ќерка ми (10 години) на шестките имаше заливки ама само во горниот дел како пломба ми изгледаа, и пред некој ден видов од страна дупка во забот од кариес. Бевме на стоматолог и го исчисти и стави пломба и лек некој под пломбата за да спречи понатамошно расипување и дека ткивото од забот било меко надолу најверојатно од кариесот, така разбрав, па со лекот ќе се среди. Ако може препорака со каква четка и паста да одржува хигиена понатаму, што е најсоодветно за оваа возраст?
Со мека четка и паста соодветна за возраста, добра е Елмекс за деца од 6-12 години, а може и со паста за возрасни, со тоа што количински ќе става помалку. Инаку, баш заради тој кариес од страна мене ми се дискутабилни залевањата, оти забот така е заштитен само од горната страна. И со залевање и без, кариесот може да се појави било каде. Редовна хигиена, конец за заби и редовни контроли на стоматолог се решението.
@Annath ako moze mislenje? Malata pred 3 nedeli se udri na predniot zab malce i bese rasklaten ama pocna Pak da si jade na nego, sabajle gledam golemo topce se isplasiv. Duri vecer mozam da ja nosam na stomatolog. Sto moze da e i dali e opasno, ne se zali deka ja boli. Inaku ima 2 godini
Последица е веројатно од ударот. На стоматолог ќе го дупнат топчето да истече гнојот и можеби ќе ви дадат антибиотик. Не е опасно, ама да не се остави вака.
Fala mnogu obavezno ke odime. Moze da ostane ponatamu posledica nekoja? Se nadevam ke sorabotuva bidejki do sega ne sum ja nosela na stomatolog
Не би требало да има последица, ама може топчево да се појавува почесто. Иако не мора да значи. Ќе мора да соработува, нема избор, мора ова да се дупне, не се остава така.
Феминки, мојата има 5 год и абер немаат забите да и се клатат, млечните сите се излезени. Гледам другиве деца на 3 или 4 год извадени му се неколку
Што зборуваш??? На три годинки им се клатат млечните заби? Мојава има две години и два месеца, уште тројките не и се излезени. Кога ке излезат, кога веќе ќе почнат да се клатат
На 5 до 6 год никнуваат прво 6ки, па на 6-7 години почнуваат да се менуваат предните заби. Рано е. Ако на некое дете му фалат заби на 3 год, тоа не е дека сами паднале. Или биле оштетени од кариес до тој степен што изгледа како да нема заб, или биле извадени предвреме на стоматолог.
Еве табела со возраст на никнување и паѓање на млечни заби, и подолу никнување на трајни. Може да се отстапува од оваа возраст, и тоа не е ништо страшно, ама вообочаено отстапката не е повеќе од 1 година +/- од дадениве возрасти.
@Annath дали е можно на 5.5 години да излегуваат шестки. Ноќеска се жалеше дека ја боли заб назад ми покажува и горното единиче. Денес е супер се жали од време на време ама не константно како болка туку ќе речи ме здоболе забот ( најчесто на допир на единичето) Матичниот не беше на работа денес па се слушнав и ми рече најверојатно излегуваат шестки и најверојатно тие туркаат и поради нив ја болат другите заби на допир. Пробав да видам со светло колку што ми дозволи ама не ми изгледа ништо бело или набабрено.
Можно е да се шестките. Не се гледа вака, ама пипни со прст ако ти дозволи зад петката, ако излегува заб, ќе осетиш како потврдо да е местото, и евентуално некои испакнати точки. Земи метална лажичка и со рачката нежно удри го единичето, ама и на другите заби пробај, дали на сите осеќа исто или единичето ја боли повеќе. Ако ја боли повеќе баш тој заб, може е воспален нервот. Ако сите ја болат исто, можно е да се шестките.
Најмногу ми беше страв баш од ова. Син ми за два месеци полни 4 години и има расипани запчиња. Едно веќе поправивме, беше мирен што искрено ме зачуди очекував да не сака ниту да влезе внатре. Ама еве втор пат не знам можеби и го здоболе почна да плаче, да рита и не сакаше веќе да седи. Од тогаш пробувам да го убедам и не сака да оди. Бевме и во други ординации, му ветував играчки, се и сешто. Дури му забранив сок, слатки, лижавчиња, во маркет нема купување се што сака како до сега, играње само во двор, велосипед не. Може не постапувам правилно ама не знам ни самата што да правам веќе, знам дека нема да попушти и тој а ако почнат да го болат после уште потешко ќе биде. Му зборувам ама џабе, дома вели добро одиме во ординација почнува да плаче и не отвора уста. Не знам што да правам.
И јас да се пожалам , забележувам некое време на 5ката една кафена точка, најверојатно се работи за расипан заб. Не ја боли, барем не се пожалила до сега, инаку сега наполни 3 години. Големата ќерка прв пат имаше расипан заб на 2,5 год и седеше на забар без проблем. Ова другово се треска од земја кога ја носиме на педијатар , не знам кско би реагирала на забар страв ми е многу дека нема шанси да соработува што можеме да направиме, претпоставувам дека колку се остави расипан еден ден ќе почне и да ја боли..
Освен да ја однесете на забар, нема што да направите. Спремете ја со муабет, нека седне прво големата дада да гледа како ја прегледуваат и да сака после и она.