@Annath тебе ќе те тагнам. Дали може од 6ките што му растат на малиот 4 годинки е да крева само навечер температура до 38,5. Непцата му се подуени. Има многу плунка. Преку ден нема температура ама навечер крева. Инаку пие и антибиотик веќе 4 ден заради бронхит ама ме чуди зошто навечер се случува ова
6 -ки не растат на четири години, дури и да е ептен некој исклучок од правилата, најрано на полни пет би никнале. Непцата кај 6ките делуваат како подуени кај многу деца, а всушност не се, коската е така испакната во тој дел. Температура не се качува од заби, дури ни кај бебиња, од бронхитот е во овој случај. Ако е од вирусно потекло, антибиотикот не делува на вируси, во спротивно досега веќе немаше да крева температура. Однеси го кај матичниот лекар, нека го види пак.
Фала Ви многу, утре ќе го носам пак на лекар, ме чуди како може само навечер да крева температура. Ќе полудам веќе цел месец е болен..
@Annath Малиов падна пред неколку дена и горното непце му беше модро, му отече и усната. Спадна отокот, но забележувам како сивкаст да му е кецот горе баш каде што падна. Сите заби бели, ова сивкасто, како малку да променало боја. Ќе остане така? Што може да се случи, што да очекувам?
Ќе остане така, за жал. Од ударот и краврењето е таков. Само да се следи ситуацијата, да не почне да боли, да отекува и да се клати. Можеби и ќе треба да се отвори. А ѓожеби нема ништо да се случи, ама до кај 6-7 години треба да остане во уста додека не дојде на ред да расте заменикот.
Баш ми е криво Има едно три недели од прилика откако падна, досега не се пожалил и не му е отечено, се надевам дека ќе биде океј. Фала ти за одговорот.
@Annath Ова е тоа tooth mousse за кое што збориш? Дали може да помогне при веќе расипан заб? Ако е тоа тоа, да го порачам
Да, тоа е. Помага, ама зависи колку е расипан забот. Ако е во почетна фаза, може да помогне, не помага ако кариесот е темен и длабоко во забот.
А може ли да се користи како превенција од кариес? Има еден заб расипан, една мала точка е и ни закажа другата недела да ја види, мене многу ми е страв дека нема да соработува Ама оваа кремата секако ќе ја земам Фала ти
Да, секако, како превенција од кариес, за осетливи заби, за заби склони на ронење. Може и како паста за заби да се користи, ама да не се измива за поголем ефект.
Како се користеше овоа , навечер пред спање беше или , да земам со време за син ми. Не пие ништо низ ноќта , да го заштитам ако успеам со време , ќерка ми е хаос , осетлива скрос како мене склона кон расипување.
Најарно е навечер, за да делува цела ноќ во устата, ама може и преку ден. Битно е да не се внесува ништо, па ни вода некое време за да има подобар ефект.
Во аптеката во Капитол го имаше, пред пандемијата го купував, 1100 денари беше. Сега не знам дали го има, а и да го има, не знам цената која му е. Може и матичен стоматолог да ти го нарача.