Може како паста за заби, значи да се мијат забите и не се плакне. А може и да се намачка конкретен заб, да постои некоја минута, па со јазикот тоа што е намачкано на забот да се разнесе на другите заби, пишува во упатството. Ама на помали деца е тешко да им објасниш како, па само намачкајте на засегнатиот заб. Е сега, доста е слатка, и може да ја сакаат на вкус, ама ќе бараат вода. Воздржете се да им давате некое време, барем половина час да не пијат ништо.
@Annath дали оваа паста ја користат стоматолози како превентива за заштита на забите? Прашувам бидејќи на син ми (8год) за да му ги заштитат забите (за сега нема никаков проблем, нема расипан заб, направивме обична контрола само) побараа 980€ Зборувам за странство. Образложението беше дека, забите што не се менуваат добро е да почнат уште сега да се заштитуваат така што, ќе се премачкуваат со некоја паста За сега така остана, искрено 1000евра ми изгледа претерано без да му работат нешто друго освен премачкување. Што мислиш?
Не е таа паста, мислам дека е нешто на база на флуор кој делува локално. Искрено не ја знам процедурата што ја применуваат за заштита, ама реално навистина е скапо. Кај нас тоа премачкување е скоро па бесплатно, ама па што прават таму не би знаела точно да ти кажам. Да не мислат на залевање, кај детските стоматолози кај нас тоа е бесплатно.
Не знам на какво премачкување мислат ама за сега така ќе остане. Гледам дека нема проблем никаков, има убави, здрави заби (барем за сега) сакав чисто да го виде и стручно лице ама овде навистина претеруваат со цените. Некогаш кога ќе бидеме во Мк ќе го однесам да видам што ќе кажат и таму. Фала на одговорот.
Здраво, ќерките ми се 11 месеци, на едната првите заби и се појавија на 5 месеци и за 2 недели имаше 4 заба. На другата и пораснаа пред еден месец, но приметив дека на горните единици на работ од двата заба има бела дамка, не знам дали е кариес и дали може да направам нешто за да исчезнат. Досега на неколку пати пробав да им ги четкам ама не се нешто воодушевени Сакам да ги носам на прва контрола, имате ли предлог за детски стоматолог во Кисела Вода или Центар?
Јас да се пофалам , успешно и го поправија забчето на ќерка ми, соработуваше со докторката, брзо се заврши. Беше храбра ептен за таа возраст Сега устата и е подуена од анестезијата и плаче цело време се надевам брзо ќе помине
Препорака за паста и четка за забчињата за мојата цуца? 21 месец сме,сите ги имаме ,освен 5 ки,рано е се уште.Ќе ја тагнам и @Annath
Мајки на син ми скоро сите заби му се расипани освен тие што му се сменија горе и долу единиците и двојките му се сменети Пред 4месеци му отече страната и се жалеше на болка,го однесов го исчистија и докторот предложи целосна анестезија и да се извадат забите дека нема за поправање Јас сакав прво да му направам испитувања за генетски мутации дека керка ми има и одложив Испитав се нема ништо,но сега нема проблем па ме интересира дали може да се расипат и трајните заби од нив Незнам што е најдобро да направам Ги миеме редовно,има 6г Секој совет и искуство ми е добредојдено
Големиот син за некој месец ќе полни 8,меѓутоа 6ките му се доста расипани.Не се жали на болка ама кога му ги мијам,мене ми се плаче. Сакам да најдам некој забар што има трпение и плус што користи анестезија на таа возраст,инаку он е голем плашливец и знам дека без анестезија ,лекувањето ќе се одолговлекува.Ве молам за некоја препорака
Koga ım nıknuvaat stalnıte zabı? sın mı e 5, gore kecovıte ı dvojkıte gı nema samo korenıte.. Edvaj ceka da mu nıknat novı zapcınja
Денталика-ново лисиче. Ќерка ми ја носев можда 10 пати дур се опушти. На крај шо се вика пресврт одеднаш. Поправи 4 заби, и уште лечиме еден. Сега седнува без проблем. Слободна е,влага сама, седнува сама на стол. Не дека не реагира ич на поправањето, ама праат пауза, ја бодри, и покажува и објаснува што и како прави, уште колку треба и слично. Ја носам од мала, и на 3,5 прв пат поправи заб од прва,се чудеа сите у ординација. Ама првото идење на забар само ја возеа на столот, следно и покажуваа инструменти... Сметам дека дете треба да се запознае со ординацијата уште пред да има потреба од неа. Затоа ми се допаѓаат, што во ниеден случај не пристапуваат со директно поправање. Никако на сила.
Се извинувам што ќе те тагг @Annath . Одговори ми кога ќе си слободна. Пишував претходно дека ќерка ми има проблеми со горните 4 заби. Скапани и се и и гнои еден заб и ја боли. Пред некој ден падна и едниот заб и излезе цел со корен. Бевме на стоматолог ни рече и другите 3 мора да се извадат. Има инфекција на забите ,ни рече три дена антибиотик и во сабота да дојдеме да ги извади сите 3 одеднаш. Прашањето ми е, дали е премногу за 2ипол годишно дете да вади 3 заби наеднаш.. ни рече ќе и стави спрејче и инекција и дека ќе ги извади. Ептен се плашам за неа дали ќе издржи, тој вели подобро ите 3 наеднаш да се вадат, да не ја трауматизираме со повеќе пати одење.
Рано е за вадење на сите предни заби на таа возраст колку и да се скапани. Генерално се оставаат ако не прават проблеми, ама ако често загнојуваат можеби е подобро така. И да, многу се три заби наеднаш, консултирајте и детски стоматолог, да видите што ќе ви каже. Млечни заби предвреме се вадат само кога е ептен неопходно.