1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и забите

Дискусија во 'Дете' започната од bittersweet, 16 февруари 2016.

  1. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.604
    Допаѓања:
    52.953
    Пол:
    Женски
    Двата предни 1,2 често загнојуваат, таа се жали само на 1.
    Денеска кога ги виде стоматологот, бидејќи веќе и се изронети, да речам срамнети со непцето, кога ги прегледа,остатокот од забот се ронеше .
    Кај наш матичен ја однесовме, не кај детски стоматолог.
    Сега ако ја носам на друго место ми е да не се исплаши повеќе..
    А и еднаш се мислам да му речам да го извади само тој што ја боли.. а после си викам да не се правам доктор јас, да не има мака детето.
    Навистина не знам што да одлучам.
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.794
    Допаѓања:
    202.761
    Пол:
    Женски
    Ако често се воспалуваат и отекува, секако дека треба да се извадат. Ама заб по заб нека биде. Ме интересира како мисли со анестезија да ги вади, со спреј секако самата нема да дозволи, ќе ја боли. А за класична анестезија треба боцкање. Ќе соработува ли детето? Тоа е прашањето, оти сепак е мала.
     
  3. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    1.700
    Пол:
    Женски
    Не сум стоматолог, ама би ти препорачала да одиш на второ трето мислење да проверите што е проблемот што на 2.5 години дете треба да се вадат 4 заби. Тоа има некој процес кој не верувам дека се лечи со 3 дена антибиотик. Имам ден денес млечен заб, а имам скоро 44 години. Не ги потценувајте млечните заби. Мајка ми кај стигна ме однесе на 10 год да собере мислења дали тој да се вади или не. Трајниот никогаш не излезе. Не велам дека ќе биде така и кај вас, ама многу е тоа за дете од 2.5 години, малку посериозно сфатете ја работава. Ништо лошо не мислам од се срце ви посакувам да најдете решение па макар да е да се вадат сите ама да бидете сигурни дека тоа е единствено решение.
     
  4. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.604
    Допаѓања:
    52.953
    Пол:
    Женски
    Навистина не знам, таа сега кога беше, дозволи да и ги прегледа забите. Претпоставувам дека не осети болка па не беше вознемирена
    Рече ќе и ставел прво спреј па инекција анестезија, од спрејот нема да ја осети инекцијата, расипани биле забите, веднаш ќе излегле..
    Ама како и да е, благодарејќи на советиве решивме прво да се консултираме со детски стоматолог, и кај детски стоматолог да вадиме заби.. секако ќе ни треба детски и за понатаму, мислам дека и пристапот би требало да е поинаков одколку кај овој стоматолог.
    Се надевам ќе најдам добар детски стоматолог во градов.

    Ви благодарам на советите
    @Cherry79
     
    На Cherry79 и Annath им се допаѓа ова.
  5. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.060
    Пол:
    Женски
    Мајки син ми е 6 ипол години и има проблем со забите
    Пред неколку месеци го носев на стоматолог на што тој препорача дека треба скоро сите заби да се вадат бидејки неможе да се поправат
    Јас сум свесна ги гледам забите во каква состојба се,но да се извадат 5-6 заби мислам дека е многу плус тоа се четворки,тројки и двојки толку долго ке треба да е без заби детево
    Двојките му изронети нема ништо скоро израмнети со непца, едната тројка денес почна да му се клати и тој цел ден ја бутка со јазик
    Не сака да соработува со доктор и затоа ни предложија целосна анестезија и да се извадат дека нема ништо за поправање,но мене искрено ми е многу страв детето ке неможе ништо да јаде
    Нема болка,само еднаш се пожали на еден заб бевме го исчистија ни го предложија оваа и досега не се пожалил на болка
    Поминаа скоро 3 месеци одкако бевме но јас сеуште неможам да се решам
    Дали некоја минувала низ ваква ситуација што е најпаметно да направам многу сум загрижена
     
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.357
    Допаѓања:
    22.580
    Пол:
    Женски
    Како да и помогнам при вадење 6ки?
    Вечерва сме со сируп на 4 часа... Поминува дејство и пак почнува болка.
    Не ни спие две ноќи по ред, плаче.
    Одбива и да јаде.
    Сите запчиња се поправени, не е од расипан заб сигурно.
    На огледалце тропка, ама уште не де опипува заб со прст, само тврдо. @Annath
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.794
    Допаѓања:
    202.761
    Пол:
    Женски
    Колку години има? 6ки пред полни пет не растат, а мислам дека твоето е мало, и нема таква болка од растење 6ки, да не може да спие воопшто. Некој заб ја боли, нема врска што се поправени, пак знаат да се воспалат и да болат, на дежурен однеси го детето, ќе најдат кој заб е, и ќе го отворат.
     
  8. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.357
    Допаѓања:
    22.580
    Пол:
    Женски
    5 и 3 месеци е.
    Носена е неколку пати. Последниов период сме редовни на забар. Доле десно и горе лево се нај набрекнати, доле повеќе и таму повеќе се жали на болка.
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.794
    Допаѓања:
    202.761
    Пол:
    Женски
    Во ред, возраста е ок, може да почнат да растат, ама до толку болка само од растење ми е чудно. Секогаш кога ми доаѓале деца со таква болка наводно од растење на 6ки, испаѓало дека болат млечни петки, без разлика дали се пломбирани или не. Млечните заби знаат да загнојат и пломбирани, често се отвораат од таа причина. Проверете ги петките.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.860
    Допаѓања:
    36.513
    Пол:
    Женски
    Само да потврдам.
    На ќерка ми пред неполн месец и се случи истото. Поправен заб (петка муслам беше) две недели претходно сменета пломба, почна да ја боли. Отидовме на стоматолог и го отворијаи ставија лек, по некое време и помина болката. За една недела повторно и го затворија. Сега нема проблем.
    @Цвет88 носете ја на дежурен. Мислам во Јане Сандански има.
     
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.357
    Допаѓања:
    22.580
    Пол:
    Женски
    Ама работата е што е проверен забот тоест забите. Затоа сум сигурна дека не е тоа.
     
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.860
    Допаѓања:
    36.513
    Пол:
    Женски
    Кога се проверени? Оти и кај ќерка ми беше поправан и тазе пломбиран, ама пак почна да ја боли.
    Убаво те советува @Annath Јас би ја однела на стоматолог. Најдобро ќе проценат за што се работи.
     
  13. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.357
    Допаѓања:
    22.580
    Пол:
    Женски
    На првата болка, не се работи за две недели период. Туку ја заболе да речеме во вторникот и одма е однесена истиот ден на забар иако регуларно да речеме требаше да идеме во четвртокот.
    Имаме еден заб кој да, не го затвараме се дур има болка. Затоа не зборам на памет.
    Носена е на кај две различни забарки и истиот одговор е.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Кај колку мали деца може да се појави кариес? На двојките како да има црни точки. 16 мес е. Не знам колку би дозволил заболекар да го погледне, камоли да го стругне.
     
  15. Boni995

    Boni995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2018
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво, ве молам за совет. Ќерка ми има 5 ипол годинки и 4ките и 5ките почнаа да и се расипуваат. Сега почнаа мн често да ја заболуваат особено по јадење. Да напоменам дека уште кога беше помала почнавме да одиме на заболекар, но таа е мн уплашена од заболекар и не сака ни да помисли. Мака мачиме кога отидеме таму не сака ни да ја отвори устата и секогаш си отидеме така дома. Ве молам за совет што да направам за да ја убедам да седне и да дозволи да и ги направат запчињата. Се извинувам на долгиот пост. Позз
     
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Дали има некој искуство со ноќно чкрипење со заби?
    На секое вртење или истегнување чкрипи со забите.
    Насабајле не знае ни што и зборам.
    @Annath @Spidy
     
  17. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    17.886
    На таа возраст има дечиња што веќе се со сронати заби од кариес.
    На таа возраст и моето имаше чудни точкички на забот. Го однесов на клиника кај Др Саракинова. Одлична е со мали дечиња и моето соработуваше одлично. За среќа кај него искочи дека не е кариес, туку наслага. Поминаа со проф четка и си искочи.
    Мој совет е да одите на забар, ништо не губите. Во меѓувреме може да земете Тут Мус паста која не се плакне и е супер заштита од кариес.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Имаме паста, не сака со неа да се четка. Ќе го однесам обавезно, само да мине грипот. :)
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.794
    Допаѓања:
    202.761
    Пол:
    Женски
    Б6 пред спиење ако секоја ноќ шкрипи, поголема е твојата, слободно може да даваш. Да е бебето, тоа го прави оти му е интересно, кај деца е веќе друга приказна. Вистина е мало, ама може да има некаков стрес што ѝ влијае.
    За жал, бруксизмот сѐ повеќе зема замав кај луѓето, особено кај младите. Ама времето во кое живееме е такво.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    37.127
    Пол:
    Женски
    Се поправа заб на 5ипол години? Не сум ни сигурна дали е расипан, како скршено делче да има меѓу четворката и петката доле лево.
    Од летото па навака не ги миеше забите редовно и одма проблем, а до тогаш редовно одевме и на контроли на забар и сите заби и беа бели и здрави.