Каде во околина на Аеродром има стоматолози што работат со деца? Ќерка ми има 4 ипол години и сакам да ја однесам има црна точка на еден заб ама е многу плашлива и тешко прифаќа нови работи па сакам некој стрпливи и внимателни затоа што сигурно ќе има многу плачки.
Не знам каде поточно за Ародром ти треба, но јас решив моето дете да го носам кај Др. Нина https://drnina.mk/en/ Ми пренесоа многу позитивни искуства посебно за со деца па ќе видиме. Планирам неделава да го носам....
@Annath здраво Барам стручно мислење дали може електрична четка кај дете да се користи. Со цел убаво да ги миеме забите. 7 и пол год е, некој се заменети со трајни, а има и уште млечни.
Може, само да не притиска премногу да не предизвика повреди на непцето. Четката е важно да е мека, која ќе ја земете, изборот е ваш.
Здраво, има ли некој искуство со отечен заб кај 3 годишно дете и дали откако ќе растече ако не е поправен пак отечува? Не дава да му се поправе забот...
Оток се јавува заради инфекција во коската. Ако забот не се поправи, веројатноста да се повтори отокот е огромна бидејќи таквите инфекции не поминуваат сами од себе или само со една доза антибиотик, мора самиот заб да се среди. Некогаш можно е да се држи забот отворен и само да се чисти после секое јадење додека не дојде ред да си падне сам, ама бидејќи бочните заби се менуваат на 10-11 години, а детето има само 3, тешко дека и тоа ќе може да се прави. Најдете стоматолог што работи со деца и почнете да го носите секој ден додека не се опушти да се поправи забот.
Мајки сакав искуство дали се океј забите Пред да дојдеме во Германија одевме редовно на контрола забите и беа ок само што првите горни сеуште не беа целосно излезени Дојдовме овде лани во Април додека се средивме неа веке и пораснаа но некако ми изгледаат многу големи и високо и напред да и се Закажавме на стоматолог но термин крај на Јуни а Јуни ние си одиме па ке видам ако успеам некако порано да добијам ке ја однесам и овде Дали некоја имала вакво или слично искуство дали е во ред или ке треба да носи протеза. Сеуште двојките не и се сменети горе па затоа си мислам дека ке и сенпополни просторот,но за тоа сепак треба доктор да ја види Еве ке ја тагнам @Annath може ке ми помогне
Со растењето забите ќе си се местат, нема вака да останат засекогаш. Не е лошо да ја види стоматолог, ќе ви даде насоки, мене ништо не ми значи ова, треба целокупна ситуација да ја видам, дали има простор меѓу забите поради ресичката или не. Како што те имам читано, ти си со хиподонција на двојки, односно ги немаш тие заби, можно е и детето да ги нема, додуша не си навела возраст, претпоставувам има 7 или 8 години. Можеби ќе треба да носи и протеза, не велам не, можеби има низок припој на ресичката што ќе треба да се сецне, ама тоа на стоматолог, после преглед ќе ви кажат.
До кога може да се очекува да израснат горни 2ки? На ќерка ми до прв роденден и' излегоа долни кецови, двојки, тројки и четворки, и горни кецови, тројки и четворки. А во текот на изминатиот месец, и' излегоа и долни 5ки. Има 20 месеци. Чудно е што сè уште нема горни 2ки?
Мајки некој со сличен проблем или некој стоматолог да ми пише. Имено, малиот на 15 месеци наеднаш почнаа да му се ронат горните 4 заби, значи не му поцрнеа или пожолтеа туку почнаа да му се ронат. Бевме на стоматолог, му ги стружна и му стави малку пломба, но продолжија повторно со ронење. Сега има 3 години, пред еден месец бевме повторно бидејќи имаше гнојна кеса над запчето, му ја дупнаа и му го отворија каналот. Добар е, но почна се повеќе прстите да ги чува в уста, а кога ќе го прашам дали го боли вели не, можеби и од страв да не го носиме повторно на стоматолог. Долу запчињата му се здрави и бели. Многу ме плаши тоа како ќе издржиме вака уште 3-4 години додека да се сменат. Не знам што друго да преземиме, инаку му ги мачкав и со тут мус ама ништо. Срцето ме боли, запчињата ги миевме, но пиеше млеко и навечер, прематурче кое слабо јадеше храна, па беше повеќе на млеко дење/ноќе.