1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и забите

Дискусија во 'Дете' започната од bittersweet, 16 февруари 2016.

  1. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.252
    Допаѓања:
    45.660
    Пол:
    Женски
    Каде ја има и која цена е?
     
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.148
    Јас од стоматолошката ординација на европски универзитет ја зедов прв пат. Мислам 1200 дадов.
    Сега од амазон е 18 евра, не гледам поефтина понуда.
     
    На Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.827
    Пол:
    Женски
    Обично кај матичен стоматолог, по нарачка, од 800-1000 денари е, некаде и поскапа, зависи. Во принцип не се користи како паста за заби, друга е намената, ама може и така да пројде.
    За во аптеки не сум сигурна, немам инфо дека се продава, ама ова кај нас оди само преку застапниците за стоматолошки материјали, не е во слободна продажба.
     
    На Bozica1980, danichap и Rabbit им се допаѓа ова.
  4. cacikr

    cacikr Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    243
    Од која возраст може да се користи и како се користи? Дали како паста за заби или се мачка пред спиење? Денес забележав дека има почеток на кариес како жолти наслаги на горниот дел на горните единици. Се надевам дека матичниот е запознаен за овој производ и дека ќе стигнеме до него.
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.827
    Пол:
    Женски
    Од раѓање може, само потребно е детето да не е алергично на млеко и млечни протеини. Се мачка пред спиење и не се измива, ама во текот на ноќта не е дозволено ништо да се пие и јаде, освен вода.
     
    На danichap и joy1 им се допаѓа ова.
  6. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    Жолтите наслаги не се кариес, кариесот можете да го забележите како црни точки. А за жолтите наслаги пожелно е повеќе хигиена, односно четкање на забите.
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.827
    Пол:
    Женски

    Кариесот почнува така, како жолти наслаги. Не почнува баш одма како црни точки. Циркуларниот или baby bottle caries особено. Додека да дојде до фаза кога е црн по боја, веќе е доцна за било каква реакција. Четкањето секако дека помага, ама не би било лошо да ѕирне и стоматолог, да се види да не има потреба од интервенција.
     
  8. Manuela.

    Manuela. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2015
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    @Annath Ми треба мислење од твоја страна.Пред некое време зборрувавме за ова со тебе.Малата падна и се жалеше на болки во предниот заб може месец време.Одевме на заболекар и ништо неможеа да сторат дека се изгледаше добро.Веројатно беше исплашена и не сакаше таму да прави загризок.Е сега помина тоа,заборави и почна да си јаде убаво со предните заби се додека татко ми несакајки ја повлече и она падна и скрши дел од забот на кошето.Не се жали на болки ама примеќам дека забот ке посине.И се јавив на заболекарката ама вели ништо неможе да се стори.Прашањето ми е,да барам друго мислење или да си ја гледам таква уште 3,4 години:(
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.827
    Пол:
    Женски
    Забот е мртов, за жал, штом почнал да се крши и да менува боја. Треба да се отвори и исчисти, за да не се инфицира дополнително. Барем јас така би направила, доколку соработува детето. Па така да стои додека да му дојде време за смена, околу 7 години, зависи од детето, може порано, може подоцна ќе се смени. Важното е да се спречи инфекцијата.
     
    На Manuela. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    Почетна фаза на кариозна лезија е во форма на бела дамка. Јас до сега не сум сретнала дека кариесот започнува со жолти наслаги. :wasntme:
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.827
    Пол:
    Женски
    Не си видела, затоа. Секој ден ги гледам на млечни заби кај двегодишни деца. Под тие жолти наслаги се кријат тие бели дамки на почетен, акутен кариес, затоа треба да се препознае и да се реагира на време. Четкањето е најважно во превенција, ама не се применува во пракса толку колку што би сакале.
     
    На M&M, Bozica1980 и sunshine96 им се допаѓа ова.
  12. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    Можеби, не тврдам...Но, сепак дојдовме до тоа дека од недовлно четкање се прикрива кариесот под жолтите наслаги ;)
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.827
    Пол:
    Женски
    Јасно.
     
  14. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.904
    Допаѓања:
    135.247
    Пол:
    Женски
    Најубаво бар еднаш во денот некој од родителите да им ги измие убаво забите. Кај син ми признавам дека згрешивме доста. Мие он заби одамна ама не знае како што треба сам да ги измие. Плус има малку проблем што премногу рано ги вади трајните. На неполни 5г му падна првиот заб, после едно по друго сите кецови и двојки, дури еден кец почна да му расте на непаднато забче од страна. Шестките исто мн рано ги извади уште пред школо, ги залеавме ама ни кажаа дека ќе треба пак за некое време, за жал од немарност, подолго време не го однесовме и еве сега има кариес на едната шестка :( , а на другите има пигментација што ни кажаа дека може да премине во кариес и дека веќе не може да се залеваат. Ќе си пукнев од мака.
    Му расте пчус петка на непадната млечна петка, завчера му падна една тројка, а има само 7.5г.
    Ама како добро му влијаеше дечкото кај што почнавме сега да го носиме, така добар муабет му направи, одма почна посериозно да си ги сфаќа работите, ме тера навечер јас да му ги мијам и мести со песочен саат колку ги миеме. Отиде со татко му да му ја пломбираат шеската и не мрднал на стол глас не пуштил. Се надевам дека ќе ги средиме со време и веќе нема да го оставам толку долго без да оди на контроли, премногу е мал уште сега расипани трајни да има.
     
    На Bozica1980 и azelea им се допаѓа ова.
  15. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    @M&M ке ти биде ли проблем да ми кажеш каде одите на забар, овој што го пофали. Барам за ѕверко мој да го однесам, чисто да го видат, а и он да види да се навикнуваме. И ми треба некој што знае со дете.
    Инаку ние четкаме заби скоро секоја вечер. Многу се нервирам ако ми заспие така. Прво четкам јас, а после му ја давам четката па сам и тоа трае трае ехеее еден саат качен на чешма, па ја мие четката сто пати, на крај е утоп мокар. Уште само четкаме без паста, незнае да плука. Баш деновиве се мислам дали да купам паста и која или она што го предложи @Annath за премачкување. Се нервирам, еден ден да промашиме на забите одма има наслаги гнасни, посебно на двојките, кои му се малку повнатре. Што се тие наслаги? Од храната или почеток на расипување. Со четкање се отстрануваат. @Annath ке може совет ,ако сакаш ,за наслагиве и за паста. Фала.
    Заборавив да пишам 2 г и 5 м е ѕверов.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.252
    Допаѓања:
    45.660
    Пол:
    Женски
    @irena.1 можеш да користиш оваа паста, нема потреба да се плука.
    Ја има во ДМ само не ми текнува на цена зошто многу споро се троши и само 2-3 пати годишно ја купувам.
    20171101_144534.jpg
     
    На zuto, M&M и irena.1 им се допаѓа ова.
  17. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.297
    Допаѓања:
    37.950
    Пол:
    Женски
    И кај мојот истата мака, мие сам заби секоја вечер, ама исто ко да не мие. Не ме остава мене убаво да ги исчеткам. Заприметив на горните единици како бели наслаги горе. Моево е скоро 2 години. Сега почна и со сокче, до година и пол никако не сакаше, па дополнително се нервирам.
     
  18. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Ti bese od bitola?kaj koj stomatolog odite vo bitola?
     
  19. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.297
    Допаѓања:
    37.950
    Пол:
    Женски
    @stilas7 да, кај доктор Тања во Заридент, јас сум презадоволна лично, а малиот го имам неколку пати со мене однесено да разгледа и да се запознае, сега планирам и контрола ама малку е тежок за соработување.
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    A kaj e toa?