Има ли некој искуство со предвремена ерупција на 6ки кај дете. Малиот има 2г 10м сега бевме на заболекар пошто се жали на болка кога јаде, рече предвремена ерупција. Претпоставувам ништо страшно ама што би значело тоа ? Зошто толку рано? Или едноставно се случува кај некои без посебна причина?
Да не го болат млечните заби, прерано е за 6ки. Најрано околу 4 и пол години би пораснале, ама и тоа е ретко. Дали се гледаат во уста 6ки, или самл непцето изгледа како подуено? Оти таа подуеност зад млечни петки може да ја има цело време, не само пред да растат 6ките. Млечните заби може да се причина за болките, можно е да има некој расипан, ако вака на прв поглед не личи така.
Незнам искрено го фаќаше докторот на натеченото непце, не се гледаат 6ки, тој прво ми рече 5ки као пред да го погледне пошто на таа возраст вадат , ама тој петките ги извади пред повеќе од пола година. И пипкаше на непцето малиот рече дека го боли, вака не се гледа ништо забите се бели нема кариес воопшто...и го боли само кога џвака, инаку нема проблем. Ако продолжи да се жали да го носам пак, незнам што да правам кај нас во градот немам слушнато за детски стоматолог?
Забите може да се бели, ама од страна да има кариес, каде што се собира храна во меѓузабните простори. Иначе кариесот не е само црн, има и бел, т.н акутен кариес кога забот е размекнат иако е бел и навидум здрав. Второ мислење побарајте, ако треба и снимка, ама мало е за тоа. Иначе може да го болат и непцата ако се иритирани од нешто, не мора да значи дека растат заби.
Ние имаме проблем/ситуација. Ќерче до пред месец имаше само две запчиња и се четкаа без проблем. Е сега вади еден куп 6-7 заби наеднаш и не дава да ги миеме. Гарант ја боли, ама решение нешто има? Или да чекам да излезат сите па може ќе се вратиме на нормално миење? Сега е плачки
Јас правам пауза кога излегуваат многу заби наеднаш. Поголемото дозволуваше да му ги четкам барем предните заби, помалото нема никакви шанси да отвори уста да проверам до каде се пробиени, а не пак да и ставам четка во уста.
Дали има некој искуство со ронење на предните забчиња на 14м дете. Никакви вештачки шеќери не внесува т.е не давме, освен во сирупи и витамини што ги има. Дали имате искуство со некој стоматолог или пак нешто што ви помогнало за да се спречи овој процес. Многу ми е мака, уште од првиот заб ги четкаме забите и навистина не знам каде погрешивме.
Исто беше и син ми користевме една крема знам после миење на заби но искрено не помогна Сега е 7г предните четири му се сменети и му се добри сега за сега а другите назад скоро сите му се изронети Туку јас имам прашање ќерка ми е 9г и трајни заби и се само 1 горе а долу и 2 и се сменети Малку ми е чудно зар не требаше ди сега да паднат инаку и се клатат Е сега од вчера се жали на петка само кога стиска пр со храна на него Термин тек наредна недела имаме но ме плаши како ке реагира бидејќи досега немаме правено заб редовни контроли и сите заби и беа супер Ке ја тагнам @Annath јас повеќе мислам дека е расипан забот штом ја боли кога јаде овака нема црно да се гледа До наредна недела само ке ја мислам
Тој е млечен заб, можеби ќе се менува, ако е сменет, тогаш можеби има кариес кој не се гледа, а можеби е џеб. Снимка и преглед ќе кажат сѐ, вака на слепо не можам да погодувам за што се работи.
@Annath @Spidy или некоја мајка со искуство,ве молам за совет. Ќерка ми(3,5год)пред помалце од две недели падна на уста директно. Се јави јави краткотрајно крварење и оток одма,но беше малку расечена на внатрешната страна на устата. По една недела помина се,но сега приметив дека едниот горен кец е потемнет,според мене од падот,самиот притисок.Забот не се клати и не е скршен. Може ли и треба ли да се интервенира на лекар?
Ако е потемнет, забот е мртов. Точно е дека е од ударот. Ако нема симптоми (болка, оток и слично), можеби е подобро да не се чепка. Може да се направи еден преглед на стоматолог, ако е потребно и снимка, па да се одлучи дали ќе се интервенира или не.