Синко има 4 години, вчера му се појави оток на 4ката и бевме на заболекар ај само да се запознаеме оти ептен стресно му дојде не ни зборуваше од што му беше чудно од отокот. На забчето има црнко и ни препишаа амоксиклав и кога ќе го допие да одиме да му го исчисти да направи дупче и да стави лек. Вака не осеќа никаква болка не се жали освен што гледам неладодност кај него и еве веќе друга ден отокот не му е спаднат.Која е улогата на амоксиклавот во овој случај?
Отокот е зошто има инфекција во коската под забот, амоксиклавот е заради инфекцијата. Тој почнува да делува дури по 3тата доза, значи најрано на 3от ден може да има ефект и подобрување. Ама ако не одите забот да се лекува додека пие антибиотик, штом ќе го заврши, инфекцијата пак ќе почне да расте и за кратко време пак ќе потече. Во моментов ви го дале чисто да не стане полоша состојбата, и би требало да помогне да се смири, ама тоа не значи дека забот е среден. Кариесот мора да се исчисти, нервот да се извади и инфекцијата да се третира локално низ забот, во спротивно ќе си ја има додека не се смени забот (што може да биде и до 12 години, зависи кој заб е во пташање) и цело време ќе се јавува оток и болка.
Керка ми е со сршен кец, до пола. Од внатре црн.. Не знам од што може да е, другите и се бисери. Дали може тоа млечно запче да се исчисти и стави некоја пломба?
Синчето има фасети на единици (со пломба му се направени) бидејќи му беа сронети. Може да се направи, само прво нека и го види сроматолог запчето.
Utre zdravje kje ja nosam kaj mojot stomatolog no ıc ne veruvam deka kje sorabotuva mala e mnogu.. Da preporacajte nekoj stomatolog koj e strplıv so deca?
Однеси ја еднаш без ништо да и прават. Големиов имаше 2,5години кога му ги правеа и немаше проблем. Додуша он беше воодушевен од опремата како во вселенски брод да е па му беше интересно.
Здравје ќе ја носам на забар секако, зошто и 6ки стигнаа за заливање. Ама да си прашам искуства Едниот кец доле и падна, гледам и горе почнуваат да се клатат Ама доле другиот кец, никако да падне, легнат е скроз на страна и веќе пожолтен, двата трајни се веќе никнати па скоро цели. Јас не знам на што де држи веќе забов. А си јаде си џвака се со него. @Annath како вадат млечни заби кај деца на забар. Знам дека ова е пред паѓање, ама психички да си се спремам за драма кралицава моја. Не дава никако да и го вадиме. Ни вика добро, ќе го извадиме, само денес не... Бог да чува. Се уплаши од првиот што падна што виде точка крв. Ич не сака да гледа крв.
Колку год е малата? И на син ми двете единици само корени му останале, урла уште чим спомнеме стомалолог. Скоро 6год е, мислам кај и да е ќе почнат сталните заби..
6 ќе полни во четврток. Цел заб е легнат на страна, јас вакво нешто не сум видела Не знам како не го турнаа новите два кеца, двата се никнати.
На мојата и се клатеше единицата, не даваше да го извадиме, а трајниот и растеше. Бевме пред 20 дена на стоматолог, таму и го извадија и сега единицата и е позади некако. Докторот рече да не се секирам, ќе се среди. Има некој искуство?
Со спреј и клештички, ќе го извадат. Нема сакам не сакам, ако е излезен трајниот, млечниот мора да се извади. Инаку ќе направи проблем, односно веќе го прави штом се поназад, не им дава да дојдат напред. Кога ќе се извади тој, забите ќе си се наместат. Секако тие се местат цело време додека расте детето, не ја задржуваат истата положба од никнењето. @Black girl ќе си дојде и тој напред. Чисто како личен пример, кај моево долните беа еден позади друг пред неколку месеци кога му испадна вториот млечен, сега се скоро израмнети напред. Нека турка со јазичето, ќе дојде нанапред забот. Само треба време.
Мајки 3 годишно детенце го скрши забот(кецот) на пола,нема оток, нема помодерно,нормално јаде ама мене не ме држи место дали да го однесам на забар и каде?
Бебе е 8+, имаме 2 забчиња доле што убаво си се пораснати, а деновиве на горната вилица од двете страни (лево и десно) се гледа бело и испакнато е местото тој дел од вилицата е надоле и отечено… зар е можно сега четворки или петки да вади? Не можам да проценам.
Не се 4 и 5 тие околу 2 години ги вадат Така растат на почетокот пораздалечени па се приближуваат после. Двојки најверојатно се.
Детенце од 16 месеци му растат сите четири тројки, веќе трети ден е со тт колку вашите дечиња ги држела тт, папсав веќе од премора, а тоа кутрото се истошти скроз слабо јаде и не е расположен воопшто....
И ние сме 16 месеци, му излезе едната тројка пред два дена, температура има 37, не спие навечер, ама за јадење не праве проблем
Мајки здраво на бебето мое му испаднаа кецовите доле седум месеци имаме и ме интересира како се извршува орална хигиена кај бебе дали постои нешто специјално пошто нели бебе незнае да се мие заби да исплукува од падта може на некои ке ви биде смешно но прво дете ми е па незнам како да му ги мијам запчињата ви благодарам
Можеш само со четка и вода да му ги чистиш. Ако сакаш и со паста има пасти што се безбедни за бебиња и што не се плукаат. Секако се става многу мала количина.