Децата и забите

Дискусија во 'Дете' започната од bittersweet, 16 февруари 2016.

  1. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.847
    Допаѓања:
    14.470
    Пол:
    Женски
    Има силиконски четки како напрсток, на оваа возраст со нешто такво ќе ти биде најлесно. Миење насабајле и навечер, слободно можеш и само со вода, паста не ти треба. Убаво да се четка према непцето, зошто тука најчесто заостануваат наслаги и така се развива детски кариес. Би ти препорачала да разговараш со детски стоматолог, чисто информативно да ти објасни на што да обрнуваш внимание. Кога рано започнуваат да никнуваат заби, лесно е и рано да се расипат.

    И препорака до сите родители: како што го носите детето на ортопед пред да се развијар колковите и пред детето да прооди, одете и на стоматолог пред да имате активна потреба од поправка на заби. Не дека на дете од една година ќе му работи нешто, ама може да го прегледа и вас како родител да ве советува на што да внимавате за да спречиме проблеми, не само да ги лечиме.
     
    На lackygirl, dromka, Freckles. и 3 други им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.833
    Допаѓања:
    18.669
    Пол:
    Женски
    Плус ако дојде до поправање, детето ке има убаво искуство, ке знае дека не е страшно ништо.

    Најважно од се, децата да не ги плашите со забари или други доктори. Тие се тука да помогнат.
     
    На Гладиоли, Freckles., nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    1.506
    Пол:
    Женски
    Дали некое детенце има користено ваква четка , дали е попрактично од стандардна четка?
     

    Прикачени фајлови:

  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.851
    Допаѓања:
    202.953
    Пол:
    Женски
    Нема влакна што убаво би чистеле, ниту па движењата за четкање со неа се правилни, што значи ни забите нема да се убаво измиени. Ова е чист маркетинг.
     
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.502
    Стандардна четка најубаво, како таа што може сегде да фати нигде не може :)
     
  6. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.214
    Допаѓања:
    17.881
    Оливера Саракинова на клиника. Го носев малиот на година ипол и супер поминавме.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Можеби имам прашано претходно, ама пак ќе прашам зошто времето поминува, а на ќерка ми сè уште не и' излегоа горни двојки. Во септември наполни 2 години; до 1виот роденден и' излегоа доле сите од 1 до 4, горе од 1 до 4 без 2ки; па до втор роденден и' излегоа и сите 5ки; горни 2ки сè уште нема, ниту има нешто чудно на непцата.
    Чудно е или се дешава вака? До кога да очекувам дека мора да и' излезат двојките?
     
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.847
    Допаѓања:
    14.470
    Пол:
    Женски
    Можно е да каснат, можно е и да ги нема сосема. Требало да искочат до сега. Сум видела двојки да каснат, ама не сум имала случај да никнат последни, така да би очекувала да ги нема сосема. Тоа може да се потврди со панорама, ама бидејки не се третира нема поента толку мало дете да се снима. Кога ќе почне да менува заби, да се сними зошто ако фалат млечни заби речиси сигурно ќе фалат и трајните, па на време да се третира ако има потреба.
     
    На MissChievous и Annath им се допаѓа ова.
  9. Bilbilce

    Bilbilce Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Треба да одиме прв пат на стоматолог. Предложете детски стоматолог што сте задоволни. Инаку син ми има 3ипол години и не сакам да има фобија затоа сакам кај некој добар стоматолог да го однесам. Предлог хелп.....
     
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.833
    Допаѓања:
    18.669
    Пол:
    Женски
    Кај твојот стоматолог? Јас син ми кај мојата докторка го носам, прекрасна е, син ми е задоволен. Инаку нема потреба, го носам за да нема страв.
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    805
    Jas gi nosam vo d-r Nina pozadi Capitol kaj Dr Nate super pristap ima so deca
     
    На Bilbilce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.182
    Пол:
    Женски
    Здраво. Ве молам препорака за детски стоматолог, околина Карпош, Тафталиџе. Благодарам
     
  13. daniangel

    daniangel Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    72
    Читам дека многу мајки децата ги носат во ординацијата др. Нина....па тие што имате директно искуство ќе ве замолам за одговор дали ординацијата е шарена и наменета само за дечиња, дали е само на приватно или работата со ФЗО како матични стоматолози, ....ќерќичката моја многу се плаши од непознати работи, и сакам одењето на забар да не и биде трауматично. Ви благодарам
     
  14. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    4.097
    Пол:
    Женски
    Не одговорил никој па ќе кажам јас само за просториите пошто таму сум била заб да снимам, немам искуство за со дете. Многу се убави просториите, баш детски опремени и светлата за во уста се малецки. Со мали столчиња, и пристапот на докторките ми се допадна вака од страна гледано. :)
     
  15. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    805
    Сега дури гледам, средено е, супер е, одат и возрасни, работат со ФЗО, ама мислам дека прв пат кога ќе отидете е приватно, бар така беше, пред некоја година, е сега незнам колку точно е пломба или лек, дека јас заедно ги носам двајцата, докторките имаат супер пристап со децата
     
    На daniangel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.318
    Допаѓања:
    6.849
    Пол:
    Женски
    Кога најрано може да се однесе дете/бебе на стоматолог?

    Кај ќерка ми, 10 месеци е, на горните единици, има како гребаници на самите запчиња. Истите така излегоа. Не се ни потемнети, ни пак како бебе консумира благо или сокови или нешто слично.

    Засега во денот поминувам само со силиконско четче со вода. Ќе и земам и стандардна четка, па ќе продолжиме така со миење. Паста од кога смее да се користи и предлог која?
     
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.376
    Допаѓања:
    18.601
    Паста без флуор може да користи.
    Мислам на таа возраст користевме од Веледа.
    За гребаниците, и на моето му се појави нешто така но како флекичка која му стои и ден денес(4год). Не штети на забот,стручно не знам да ти објаснам.
    За интервенција на забар мислам после 3год бидејќи помали не би соработувале... ние прв пат го носевме пред некој ден на 4год. Но ако сакаш да се консултираш прашај дали може и порано.
     
    На daniangel и Miss_S им се допаѓа ова.
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.318
    Допаѓања:
    6.849
    Пол:
    Женски
    И уште колку пати на ден се мијат? Најчесто заспива со млеко и еднаш во текот на ноќта пие, значи опција пред спиење и до наутро да се чисти во моментов немаме многу.
     
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.376
    Допаѓања:
    18.601
    Зависи колку ќе биде расположено детето. Пробај со наутро/навечер. Или само еднаш.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.999
    Допаѓања:
    29.127
    Пол:
    Женски
    Ние почнавме со наутро само за да се научи и да стекне навика. За навечер уште се бориме, ѝ се спие и не сака да мие или набрзина миеме ама не и е по ќеф сеуште :D
    2 год. е
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.