Можеш да го однесеш да го видат. Моето имаше кафени наслаги на забите и го однесов кај мојот матичен стоматолог да го види. Мислам беше 10 месеци бебето.
Здраво мајки Дали некоја од вас го има носено детето на правење расипан заб со наркоза? Каде го носевте,каква е процедурата?Син ми е 4години,има расипана 5ка,во октомври му отече образот,му дадоа антибиотик.Сега еве 1недела како го боли секојдневно,со бруфен и заболек се лечиме,ама не е тоа решение Забарот вика мал е за интервенција, не дозволува,и јас Веке незнам што да правам
Ако под наркоза мислиш на општа седација или анестезија, кај нас во Мк тоа се прави само кај лица со посебни потреби, евентуално во Систина (ако се нафатат, и секако се наплаќа соленко). За еден заб не се успиваат пациентите, ама ако има повеќе заби и повеќе работа, може. А со класично боцкање кај деца ретко кој работи кај помали од 8-10 години.
Моето исто има 4год. Вчера и пред две недели бевме прв пат на забар. Две забчиња му стругна и му стави пломби. Добро поминавме,со кратко убедување, играчки, пофалби, насмевки. Не сум стручна и не знам колку работа има во забчето на твоето дете,но да пробаш кај друг забар?
Не знам што мислиш под наркоза? На моиве 5ипол и 4г им прават со локална анестезија. Ако го боли (расипан му е) како е мал.
Дали сте носеле 2 год деца кај заболекар? Не знам како ќе реагира, не верувам дека ќе дозволи ни да го проверат, ама се жали дека го болат запчињата. Веројатно му раснат нови заби, али сакам да сум си мирна.
Како е редоследот на никнување трајни заби? На големата сите млечни заби и се здрави, а гледам почнале да ѝ никнуваат трајните шестки. Така правилно е?
Па ако има полни пет години, почнуваат 6ки со растење. После ќе почнат да се менуваат млечните по редоследот по кој никнале.
Јас го носев прв пат на 2 на запознавање. На 2 години и неколку месеци веќе му ставаа фасети. Неколку месеци пред 5 години веќе почнавме со поправки и тоа зборувам со умртвување на живци, стругање, пломбирање. Не дека не правеше проблем, сепак е болка тоа, ама успешно ги средивме забите. Убаво е првиот пат да е без интервенции само на запознавање.
Na sinko mu izvadivme zapce pred.3 meseca i se uste ne e porasnato, drugite brzo mu rasnea ova nema ni da zirne, nekako se zagriziv , nekoj so vakvo iskustvo?
Случајно прочитав на нет за некакво залевање се вика мислам на забите, како пломби се има во разни бои заштита да не се расипат, има некој искуство ?
Залевање вообичаено се прави на 6ки и 7ци, да се заштити гризната површина на забите. Ама секој заб има уште 4 други страни кои може да се расипат, така да не е гаранција дека нема да се јави кариес. Ама е добра опција за деца кога првпат ќе никнат трајните заби, за да барем делумно се заштитат додека да научат убаво да ги четкаат забите, ама не е неопходно.
Може да се залеваат и млечни 4ки и 5ки, ако сакаш. Убава шанса е за прва интервенција, дека е неинвазивно и не боли, ама забите треба да се сосема здрави и непигментирани за да може да се стави залевач, и пак толку мали деца не соработуваат идеално, па често паѓа залевачот за кратко, и затоа јас лично не препорачувам да се прави. Ама не дека е лошо да се направи ако детето соработува.
На 5 ипол може ли да паѓа долна единица? Покасно извади заби на 8 месеци и сега гледам кецов се клати да ја носам ли на стоматолог?