@Spidy i @Annath Син ми е 10 години и забите многу му се расипуваат сите шестки ни се пломбирани,скоро ја поправавме и четворката трајна.Четкаме заби навечер и насабјле др вика така му е коската на забите и склона на кариес. До сега користевме лакалут тинејџ ама по совет на докторот треба да менуваме паста а не само со една иста да се мија.Прашањето ми е каква да земам наредни гледав колгејт 10+,џордан вадемакум ама незннам што да земам и дали може да земам парадонтакс маа од неја нема за деца и дали може парадонтакс таква да користе за возрасни,ако не може каква да земам?
Не е само до пастата, и до исхраната е, како и до одржувањето на хигиената односно дали правилно четка или не. Чипсови, смоки, газирани пијалаци, густи сокови да се исфрлат од секојдневното мени. Да се јадат салати, свежо овошје и зеленчук, месо, да џвака повеќе, да јаде потврда храна за да има механичко чистење, и да не се лепат наслаги на забите. Местата каде што се лепат наслагите се подложни на деминерализација на глеѓта и следствено, на појава на кариес ако не се санира тоа. Начинот на четкање е исто важен, забите не се мијат за две секунди. Доволно е голем да употребува и конец за заби, а на четкањето да посвети барем по две до три минути наутро и навечер. Убаво да се исчистат со движења во правец на растот на забот, од непцето до гризната/џвакалната површина на забот, по сите достапни површини. Пасти за заби - имаш навистина голем избор, ама како што реков, ако не се четкаат забите правилно и доволно долго, и најдобрата паста нема ефект. Имаш избор на џуниор пасти (од 6-12 години), на Лакалут, на Елмекс, па дури и на покомерцијалните брендови. Тие се со стандардизирана количина на флуор, што е потребна за заштита на трајните заби, толку содржат и пастите за возрасни. Така што може слободно да мие и со паста за возрасни ако не му лути и сака такви вкусови. Пастата на Елмекс ја земам за мојот помал син, по вкус потсетува на пастите за возрасни, задоволна сум. Големиот си користи од истите пасти што ние ги користиме.
Здраво на сите. Син ми има 5 години и во саботата имаше болка на 4ката доле и мал оток само од надворешната страна, на непцето под забпт нема, бевме на стоматолог, му направи мало дупче за да се дренира местото и за 2 дена пак да одиме. Потоа не го болеше, се смири. По 2 дена му ставија лек и си отидовме дома, за 2 часа повторно силна болка и оток. Се вративме за да го извадат лекот. Не ми дадоа антибиотик бидејќи пред неполн месец пиеше Панцеф заради бактерија во урина. Рекоа за една недела да одиме да пробаат повторно да го затворат. И мене ми е страв да не ни се повтори истото. И другата 4ка му е оставена отворена уште кога имаше 4 годино бидејќи не можеше да му се затвори, исто му гноеше. Др вика ако го оставиме и овој заб отворен ќе му скапе, мора пробаме да го затвориме. Инаку на ова запче имаше пломба пд претходно и е чекувано, однадвор не изгледа расипано. Сега чекаме да помине таа недела. Дали некој имал ваков случај. Не знам веќе што да правам. Едвај го убедувам да одиме и откако се враќаме после 2 саата поголема болка и тој почнува да нема доверба, а таму соработува душичка. Молам за мислење @Annath
Забот треба убаво да се отвори да дише, не само мало дупче. Ако има оток од страната кај забот, убаво е да се влезе под непцето да се издренира за да не му создава притисок и болка. Прашајте педијатар дали може да му давате Chymoral Forte (јас сум давала кај моето), без да пие антибиотик, може да помогне со отокот, а со тоа и со болката. Да не се брза со затворање на забот, да не се направи поголем проблем. Факт е дека ќе скапе ако остане отворен, ама па кај млечните заби е тешко да се постигне излекување, зависи од случај до случај.
Благодарам многу за одговорот. Да напоменам дека и горните заби му се расипани и црни скоро сите. Дали сметате дека таа пената што ја спомнувате погоре ќе помогне? Исто дали може и на овој заб да го премачкува со неа?
Пената, ако зборуваме за tooth mousse, не помага воопшто кај напреден кариес и заби со некротичен нерв што јавуваат отоци. Пената помага кај осетливост на забите, појава на деминерализација која ако не се запре може да премине во кариес, почетни лезии кои ја зафатиле само површината на забот.
На мојот му се случи на затворен заб со пломба (демек со умртвен живец беше). Ама испадна дека мало дупче направиле и не го средиле добро. Среќа сменивме стоматолог и немаме проблем. Сите 4ки мораше да се отворат пак и да се исчистат убаво. Со анестезија работи докторката, и успеа со лекчиња да ги умртви сите 4ки. Не дека се гордеам со ова, напротив ама барем се средија, инаку премногу му беа расипани и после се шири од еден на друг. Кај помалиот кога му ја отвори 4ката да ја направи излезе дека внатре се расипани и 5ката и 3ката. А тој многу пати знаеше да се жали на болка во образот.
Здраво мајки. Дали некоја мајка се нашла во слична ситуација. Моето детенце 14месеци е и премногу се лигави. На секој 10мин мораа ново лиганче има единици и двојки и горе и доле и три петки се излезени од запчиња, само што немаат пробиено тројки и четворки и тоа по повеќе запчиња од еднаш му искачаат. Се лигави веќе од 3-4 месеци.
Додека растат заби е нормално, значи може вака да тера и до 2ипол-3 години. Ќерка ми се лигавеше по 2 месеца точно пред секој нов заб.
Мамички син ми ќе прави 2години.На предните заби има бели наслаги кои со четка не се тргаат а не дава се уште да му се четкаат забите убаво. Што да превземам не сакам да му фатат кариес и да му се расипат.
Каде можам да ја купам таа паста? Не дава да му се четкаат забите упорна сум секој ден ама одбива таман ќе почнам да му ги четкам и се трга плаче.
Ако не се четкаат забите, џабе е се друго, кога тогаш ќе се создаде кариес. А тут мус може да побараш од стоматологот. Мислам дека го имаа во продажба и во Ани фарм. Ама ако има слој на храна на забите, се губи ефектот на реминерализација.
Година дена сум упорна со четкање на забите и не дава со плачење ги четкаме малце не дозволува. Никако не прифаќа четка да му ги четкам и му давам ајде сам да проба па јас он си игра со четката и не ми дава да ги четкаме.
Каква паста да користам за дете 2г и 1м кое не знае да плука. Учиме вежбаме демек сите заедно ама тешко иде. Не знам како да ги плакнеме забите од паста.
Детево прееска си ја удри устата на лизгалка. Во средина горната усна му отече малку и се раскрвари. Дома му дадов газа со ациди борици држеше и потоа рече дека му поминало. Се надевам сабајле нема пак да го боли. Но ме загрижува запчето,рече дека го боли,го пипнав одоздола,реагира на допир дека го боли. Го гледав со блиц,ништо нема околу запчето ниту крварење. Потоа разговаравме дека треба да внимава кога си игра,дека може да му се скрши запче. Па почна да вика дека му се клати. Не знам што да правам,дали да го носам на забар,а и да се клати може ли нешто да се направи? 4ипол години има,на 7м извади прво запче ако нешто значи.. штета ако падне 2 години ќе биде штрбав
Нема да падне забчето, може само да ја смени бојата, односно да потемни малку. Се зависи од организмот како ќе прифати. Така нас ни објасни стоматолог, и ние го имавме истиот проблем. Неколку дена треба да се внимава да се избегава тој заб, при јадење, за да се зацврсти (ако е можно) Кај нас не падна забот, ниту ја смени бојата, само е малку е изместен, односно понапред од другиот преден заб.
Вчера викаше дека не го боли и не му се клати. Во градинка гризал лепче. Се надевам дека е добар,ќе го носиме на преглед за секој случај