Зависи кој заб и која возраст е детето. Најлесна варијанта е да се извади ако секако би никнал трајниот наскоро. Ако не, тогаш да се отвори и лекува забот, може и антибиотик да пие. Ама нажалост премногу често се случува да се јави пак отокот по некое време кај млечни заби. И или се прелекува, или се остава отворен додека не му дојде време за вадење. Во најлош случај, се вади забот иако е предвреме и би требало да носи држач за простор додека да дојде време за да се појави трајниот заб. Обавезно да се направи снимка, ако немате направено панорама да се направи, ако има правено во последнава година, тогаш локална снимка.
3ки вообичаено се менуваат на околу 11-12 год. Сега ќе мора да го лекувате. Позитивното е дека има само 1 канал, па полесно се лекува од 4ки и 5ки.
Почна да работи докторот ама она не дозволи, почна да плаче дека ја болело, ем со анестезија беше. Само и стави памукче со лек во дупчето што го направи и ѝ го боцна отокот да се издренира, ама гледам дека си стое така, ништо не излегува. Ќе пробаме пак наредната недела. Заборавив да прашам дали треба антибиотик да ѝ давам
Ако се намали отокот и болката со тоа што се отворил забот, не мора. Ама треба да дозволи убаво да се исчисти забот. Во спротивно, штом ќе го затвори со некаков лек, одма ќе потече пак. Ако не се смали отокот и на отворен заб, или ако се јави пак оток кога ќе се затвори, тогаш мора антибиотик. Јас секогаш сум одела на тоа да се проба без антибиотик, децава доволно лекарства примаат за општи болести за да пијат и за забите, ама зошто тешко соработуваат, моето искуство покажало дека во повеќето случаеви ќе треба антибиотик, само дали при првата интервенција или понатака.
На помалиот треба да му расте 7 долу, од десна страна. Му го мачкам непцето со гел. Што друго може да се користи? Од вчера е супер. Од четвртокот до неделата имаше болка.
Згрешив. 5 треба да му расте. Го носев на стоматолог и нема проблем со 4. Ми рече да пие нешто за болка. Во мај му растеше 5 од левата страна. Некако многу брзо. Другиот месец ќе полни 10. Уште има млечни заби.
7 години има Заб и потече Треба забар или аптека? Недела е денес. Каде треба да одиме? Не сме од Скопје ама утре сабајле секако Ск мора да одиме.
Има дежурен заболекар во поликлиникиве секаде а има и на Клиника. Ова за Скопје. За другите градови незнам.
Мора забар. Да се отвори забот да спадне отокот. Се што ќе пробаш од аптека нема да помогне, освен моментално некој саат. Најдобро одете на дежурен.
Најверојатно ќе треба, ама прво да се отвори. Ако само почнете со антибиотик без да се исчисти забот, може да има послаб ефект или и воопшто да не помогне.
Пред месец дена и ги извадија единиците но од едното забче остана делче(имав пишано за совет),бевме на заболекар но од страв што ја болеше кога и ги вадеа,плачеше и не можевме да ја додржиме да и го извадат делчето.Ни рече заболекарката дека 99%само ќе паднело,изреноло при јадење,миење на забчињата.Јас гледам но не можам да видам ништо.Ме мачи тоа што другото забче се намести,а воа дојде до местото кај што беше делчето од млечниот забче и застана,а и небцето стои како со дупче не се затвора. Можно ли е во натре да си има некое делченце и затоа така да стои?Ме мачи секој ден што го гледам,а она страв огромен има нејќе да отиде
И да стои мало парче од млечен заб, тоа не може комплетно да го блокира трајниот. Може да го искриви, да никне малку настрана, ама ќе никне.
@Spidy он испадна цел ама го зафаќа и местото на двојката,сега само треба да се поместува на лево кон другиот кец за да се доближат,малку се помести и застана..
Ако е исто спуштен како другиот заб, тогаш се е во ред. Просторот меѓу единиците се намалува со никнување на двојките, а сосема се затвора кога ќе никнат тројките, инаку нормално е да го има. Но ако трајните единици се големи и при никнување ги бутнат млечните единици и двојки (што во последно време релативно често се случува), после се очекува двојките са никнат криви, пред или позади единиците. Најдобро е да одите на ортодонт, ако треба со време да се даде протеза за ширење на вилицата и да се направи место за новите заби.
@Spidy на синко (5год) му се клатат малку горните два кеца. Не е рано? Пред некој ден падна лошо си го раскрвари горното непце па уствари тогаш и приметив дека кецовиве се клатат, инаку не знаев. Можно е ударот/падот да испровоцирал нешто ?
Врска немаат. Не е рано да се клатат на 5 год, а за да се расклатат од удар треба ептен јако да се удрил. Најверојатно веќе почнал процесот на ресорпција на корените, само со ударот се потенцирало. Ништо страшно, ако нема болка или оток. Ќе си паднат кога им е време.