Јагода и тути фрути, исто како детска паста има вкус. За најдобар ефект прво да се мијат заби нормално па после да се намачка на местата што се проблематични. Превентивно и како паста сум ја користела, ама не пени многу и не треба да се плакне. Во тој случај се става количина помала од зрно грашок.
Кога треба да почнеме со миење запчиња? На син ми му искочија сите единици после 1 роденден, пред еден месец од прилика. И предлог за четкичка и паста?
Веднаш. Што порано, за да се навикне што порано. Повеќето деца се опираат на почеток, да не му никнат пола млечни заби, а уште не дава да се четкаат. За бебиња најдобра ми е четката како напрсток, ама може и детска четка, значи помала, и најбитно со меки влакна. Секогаш купувам различен бренд, не гледам некоја значителна разлика. Битно забите темелно од сите страни да се четкаат. Паста не мора, може и само со вода, ама обично ако не соработуваат им се става паста за полесно да прифатат, дека детските се со благ вкус. Додека не научи да плука, без флуор, после тоа каква ќе сака. Не се врзувај за брендови дека некоја четка и паста се најдобри. Битно е да се створи рутина да дава детето да се четка, и правилно и темелно да се чистат забите. И после четкање заби да не пие млеко, сок, засладен чај, најдобро цела ноќ ништо освен вода.
Здраво Дали ова е почетен кариес, го има на едната единица? Дали да се спремаме психички за на стоматолог Да почнам ли да ја мачкам со тутмус мислам се викаше гелот? Инаку сме 3год, прекку ден не, ама навечер за заспивање пие 150мл ад од шише со цуцла, од ноќеска ке пробам да го испие од чаша Сокови не, а ладен чај пие, благо исто слабо, ама сака рибанка со крем да си касне со чок.млеко не ми се крати тоа, си ужива во таа комбинација, ладниот чај ке пробам да го скратам. Друго нешто превентивно, дали ова мора да се среди на заболекар, или може да се корегира и стопира со тој гелот?
Син ми (1г1н) за чудо обожава да мие заби, се тегне веднаш после бањање накај четката. Во принцип не ни користам паста, имам четка на Чико, и миењето заби трае неколку минути. Не знам искрено дали правилно четкам, он е доста соработлив меѓутоа некогаш мислам дека и на “празно“ четкам непца. Има 8 заби (1 и 2 и горе и доле). После четкањето задолжително пие формула па заспива. Не мислам дека има опција да се откаже од млекцето за заспивање, дали е толку голем проблем?
Кариес е, и треба да се пломбира зошто единиците се менуваат околу 7 год а до тогаш нема да издржи забот чим веќе почнал да се расипува. Тут мус можеш за да се забави процесот, додека да идете на стоматолог, да се опушти детето. Не чекајте болки да се јават. Ист ваков кариес на истите заби поправив на ќерка ми на 2ипол год без воопшто да ја боли. Млечни заби треба да се со дијастеми, простори од 1мм помеѓу забите, и затоа кога се споени како кај малово лесно се јавува кариес. Исто беше и кај ќерка ми. Малтене џабе е четкањето ако после тоа пие млеко. Супер што има желба и навика за четкање за почеток, ама треба да се елиминира млекото после тоа, и во текот на ноќта. Инаку речиси сигурно во иднина ќе се јави кариес, обично циркуларен, детски кариес, на вратот на забот према непцето.
аха, значи време е да се одвикне од ноќно млеко. не знам тоа како ќе биде. не сум пробала до сега да заспие со млеко, `се уште мислам дека е мал и дека млеко му е потребно...
Апсолутно не мора да се откаже од млеко, може да си го испие па после тоа да миете заби. А ноќе не му треба млеко на 1 година со сигурност. Две деца имам, првото не е некој јадач и не и давав да цица од 3ипол месеца, второто е јадач невиден, на 4-5 месеца исто сосема престанав со доење ноќе. Првото го доев до 11 месеца, и си продолжи со млеко во шише уште долго. Така да не е проблем млекото општо, се додека е пред миењето заби навечер.
Нека си ја пие формулата пред легнување. Ќе му направиш нова рутина. Мојата тогаш уште цицаше и по цела ноќ, ама кога решив да ја одвикнам и бараше да цица и давав вода. И сега уште станува ама пие вода.
син ми е голем јадач, храна не му недостасува во текот на денот. заспива сам, независно во своја детска соба но од раѓање се доевме, па го легнував буден, па после формупа па пак буден. од кога ќе излезам од соба му се потребни 5-10минутки и веќе е кома. некако толку сме уходани со таа рутина, што дури ми е страв да не му дадам млеко баш пред заспивање. ќе се консултирам следна недела и на педијатар, па да бараме чаре што како. ви благодарам за одговорите
Здраво! Ќерка ми има 15 месеци и само четирите кецови. Дали се должи на нешто, што може да е проблемот? Првите (долните) и излегоа тек на една година и брзо после нив и горните. Сега само горе има изглед за двојки.
Ќерка ми прв заб извади на година и 1 недела. Сега на скоро 3 години стигна до 5ки да вади. Единствениот проблем е што сите наеднаш ќе ги вади, и кој шо праи - вие со тоа ќе се занимавате
Изгледа така ќе е. Овие четири па мислам во рок од 10 дена излегоа, не можам точно да се сетам. Ама еве од тогаш нема друго запче на површина - два месеци сигурно.
Кецовите и кај ќерка излегоа набрзина, после немаше никаков ред... Со двојките успори, и 4ките ги вадеше подолго време. Сега 5киве еве цела година ги вади..