Гел за реминерализација на заби. Се користи кај деца со почетни кариеси за да се забави процесот на расипување.
На мојата, 3 ипол год, и се мн збиени млечните, дури малку како преклопени. До сега успешно некако ги одржуваме. Дали мислиш дека може треба со конец да почнам да и ги чистам, барем предните?
Ако ти дозволува, супер би било. На млечни заби без дијастеми многу лесно се развива кариес. Почнете и со посети на стоматолог, ако има и мал кариес да се санира на време, ако се фати во почетна фаза нема воопшто да боли. Ама побитна работа е да знаеш дека кога млечните се збиени, речиси сигурно ќе има проблем со никнувањето и подреденоста на трајните заби, значи околу 5-6 години обавезно да се консултирате со ортодонт. Да и дадат мобилна протеза за ширење на вилицата, и паралелно со никнувањето на трајните заби да се направи место за нив.
@Spidy каде препорачуваш да вадиме 4 ка кај 6 годишно дете? Расипана и беше со оток, па го отворија забот и не успеаа после да го затворат, цело време го чистиме со физиолошки, на контрола ни рекоа дека е за вадење ама беше пред одмор па остана на тоа . Дали се на клиника ок? Не ми игра улога цена, барам саглам детски стоматолог. Кај др Нина го средувавме забот, но не сум сигурна баш за вадење.
Ако сте задоволни од докторката, нека го вади она. Треба анестезија, треба детето да соработува, сигурно полесно ќе помине со доктор кој го познава и му верува. Зависи и од забот во каква состојба е. Да не е целиот напукнат, па да се искрши, па да треба корен по корен да се вади. Ако е малку покомплицирано, на клиника место на детско, ќе ве пратат горе на хирургија, па може и некој специјализант да ви се падне. За деца јас секогаш сум повеќе се да се прави кај еден доктор ако е тоа можно. Горна или долна 4ка е, и дали детето примало анестезија досега?
Не примала анестезија, стои отворен некое време и немала некој проблем, по 2 пати на ден го прскаме. Нешто спомна полипи се формираат не ме фаќај за збор нешто на п беше, отидовме да го види дека идевме на одмор и дека забот е за вадење и дека ќе мора да се извади. Скроз сум исплашена. Мислев дека на клиника се специјализирани, каква анестезија даваат локална? Инаку горна 4ка е.
Локална се става, за вадење обично се боцка од двете страни на забот. И во случајов подобро што е горна дека анестезијата во долната вилица за бочни заби е малку покомплицирана за ставање, особено ако првпат треба да се боцне дете. На горна 4ка или 5ка е една од најлесните и најмалку болните анестезии за ставање, барем од кај образот, од внатре е малку потешко, ама е брзо. На клиника се специјалисти детски стоматолози, ама не значи дека се специјализирани за вадење. Обично вадат млечни заби што секако биле спремни за паѓање. Не сум сигурна за протоколот сега, ама на пример кога сум била на факултет, и кога имало дете што треба да извади сосема здрав млечен заб (дел од ортодонтска терапија, специфичен случај), вадењето се правеше на орална хирургија, а не на детското одделение. Јас лично дека работев во приватна клиника, пре би да дадам на колегата хирург да извади заб (зошто цел ден вади заби, не е битно што е млечен), него јас како општ стоматолог. Проблемот е што детето полесно ќе соработува со мене ако јас сум му правела заби, отколку со нов непознат доктор. Па зависи од ситуација, од состојба на заб, од самото дете на крај како ќе одлучиме дека е најдобро. Јас лично имам и многу искуство со вадење заби, па сум се нафаќала и на потешки случаеви, што некои општи или детски стоматолози не се нафакаат. Моја препорака ви е да зборувате со докторката. Не ја знам лично ама имам братучеди што одеа кај неа додека јас уште бев на факултет, и беа задоволни. Ако смета дека може да го извади забот, најдобро ќе поминете со неа. Ако самата не е сигурна или ви вика да одите на клиника, послушајте ја. Секој доктор најдобро си ги знае своите способности и искуство. И на крај после вадењето консултација со ортодонт. Да не се изместат забите заради раното вадење на 4ката па други проблеми да имате во иднина.
3+ е детето Ја купивме пастава ама ја голта додека ги четка забите Содржи флуорид , пишува и колку во составот, дали е во ред или да зимам за помала возраст, зошто на неа пишуваше од 2-6, а на 2год сигурно не знаат да плукаат, моето уште не знае, плука ама напразно Искуства ама ја користи некој
За ќерка ми ја имам земено оваа, нема 3 години ама ја научив да плука. Пред да ја научам, ставав ептен малку на четката, колку да види дека има. Сигурно има и голтнато нешто во овие пола година што ја користиме ама не верувам да е нешто значително
Малата е 18 месеци и горните кецови и двојки и се со кариес. Прво мислев е наслага од храна но почна горниот дел од запчињата да менува боја и да се рони. Миеме запчиња, земав и Тут мус. Дали на толку мало дете може да му се помогне вака со време да не поцрнат и попаѓаат запчињата? Стругање,полирање нешто? Па откако би се средило да си продолжам со мусот? Вака знам дека ќе нема ефект, мислам тоа е неповратливо веќе … каде да најдам стоматолог за бебе уствари?
Ако е на вратот на забот, до непцето, тоа не се поправа. Не дека не може да се поправи, туку местото е многу осетливо и не верувам дека некое дете би издржало да се поправи без анестезија. Јас лично и не сум се нафаќала да пломбирам таков кариес (вообичаено се нарекува циркуларен или детски кариес). Ако е помеѓу забите, може да почнете да посетувате стоматолог да се опушти па понатаму да се поправа. Мојот најмал пациент била мојата ќерка на 2ипол години, инаку имам пломбирано и на други деца помали од 3 години. На 18 месеци нема шанси нешто да се поправа, ама многу совети може да добиете од стоматологот. Во меѓувреме само четкајте насабајле и навечер, мачкајте тут мус пред спиење, да не јаде/пие ништо ноќеска освен вода, и генерално млеко/сок/засладен чај да се намали на минимум.
Дали постои некоја анестезија која се аплицира со спреј на местото наместо боцкање со игла? @Spidy дали може вие знаете?
Да. И од мајчино млеко може да се создава циркуларен кариес, како и секоја друга храна која заостанува на забите. Штом се појават заби, тие треба да се мијат и одреден период од денот (идеално цела ноќ) да бидат чисти. Спреј постои, ама не е исто како анестезијата со игла. Делувањето на спрејот е кратко, неколку секунди, и делува само на површината. Значи не може да се користи за поправање на заби. Јас лично отворено кажувам на возрасните пациенти дека спрејчето е само за лажење мали деца. Има ефект ама воопшто не е доволно за било какво олеснување. Ефективен е само при гадење ако се прсне на јазикот и грлото, кај пациенти со многу јак рефлекс за повраќање. На деца им го ставаме за вадење млечни заби кои веќе се клатат, или пред ставање анестезија со игла, буквално колку да се фокусираат на нешто друго, а не дека ќе им направи да не ги боли ич.
Јас имам малку необично прашање. Ја отворив апликацијата Мое здравје и во картонот на ќерка ми видов дека има доделен матичен стоматолог. Со оглед на тоа дека никогаш не сме биле на стоматолог, не ми е јасно како е избран доктор. Дали има некој автоматизам за доделување на доктор што не го знам или?
Нема автоматизам, мора да го има матичниот број и потпис за да се постави матичен стоматолог. Има неколку ситуации во кои така си ставаат матичен без прашање, ама во ниедна ситуација тоа не е во ред. Имаш право да направиш проблем, ама поедноставно би било само да однесеш книшка кај стоматологот кај што сте фамилијарно и да го пријавиш, со тоа автоматски ќе се одјави на местово кај што не сте биле.
Ме набуцка мм да не е нешто ново, ама и јас знам дека без моја дозвола не би требало да фигурира доктор како матичен. Секако дека ќе отвориме картон кај семејниот стоматолог, дури и бебево ќе го заведам уште од сега. Ти благодарам за одговорот
Рано е ама не е невозможно. Ако паднало само коронка, значи коренот е ресорбиран и време било да падне. Ако и првиот млечен заб го добил пред 6мес како бебе, очекувано е и трајните да никнат порано.