Не е нешто многу рано. Просечно никнуваат на околу 6 години. Ако и млечни заби никнувале рано, очекувано е истото и за трајните, никаков проблем не е.
Пишав во другата тема ама еве и тука ќе го поставам: Сакам да прашам за протеза за деца, да ми кажете ако знаете која е цената , на приватно или на државно иде? Сакам да споредам цени, на да сепак знам дека треба на контроли да се оди често, еднаш во месецот мислам и нема да се исплати и да е поефтино во Мк, јас живеам во Грција и тука горна и долна протеза коштаат од 2000-3000 евра. Навистина е претерано многу, е сега на рати се даваатзначи секој месец кога го водиш на контрола детето плаќаш по 100-200 евра не знам како иде тоа, ама сепак...... Ај пишете искуства ако знаете ве молам. Син ми горните предните заби му се малку понапред и забниот протетичар рече можно е протеза да треба да носи ама тоа беше оддамна кога го носев и сега како расти гледам така малку кецот и двојката како еден врз друг да се , така да сигурно ќе треба протеза за да се исправат 12 години е детето. Нели викаат колку помал толку побргу ќе се исправат. Ако може и @Annath како стручна да ми предложи што да правиме Благодарам однапред
Здраво мајки. Имам 13 месечно бебе. Сакав да прашам дали е можно да се кенка од забите. И излегоа двојките ама не е воопшто мирна. Педијатарот ми предложи frezyderm да користам. Дали сте имале искуство со истиот,и каков е. Исто така имаме проблем и со бруксизам. Благодарам од напред
Здраво, ќерка ми е скоро 2 години, денеска трчајќи низ дома падна и почна да и тече крв од непцето. Запчињата и стојат ама мажот ми мисли дека едното запче малку и се клати. Дали имал некој слично искуство и дали има шанси пак да се зацврсти запчето?
И моето е 13м и има 12 заби Гелчето не е ништо посебно, го користевме за првите запчиња. Колку што знам болката од никнување заби трае неколку дена, доколку продолжи и понатаму, тогаш нешто др ја мачи.
Ве молам ако има некој стручен што побрзо да ми одговори. Дали е нормално трајни 6ки штотуку целосно израснати да се поправаат одма? На нив нема ништо видливо дури и др некако не беше сигурна, отидовме да ги залеваме ама нормално и ги прегледа прво, и прво демек еден само закачал некаде вика некоја точка имало па на крај испадна сите биле за правење. Незнам дали да одам на второ мислење ама сепак најдобро е да одам. Ме интересира дали е ова честа појава да се поправаат 6ки на толку мали деца конкретно 8 години, и дали е можно да нема ништо црно на нив а да се расипани. Прво викаше длабоки се јамичките не се расипани па сега дали од несигурност се одлучи така незнам. Секое мислење е добредојдено, јас ептен се разочарав..
Може да се расипат и за неколку месеца ако не се четкаат правилно. Ама поверојатно е да има длабоки фисури кои секако мора да се истругаат пред залевање зошто нема како поинаку да се дезинфицираат пред да се затворат со залевач, а ако се толку длабоки речиси сигурно ќе се јави кариес. Најубаво локални снимки да се направат за сигурно да си знаеш, ама ако закачува сондата на преглед и во најмало дупче, секако мора да се стругне. Па додека се струга ќе се види дали било кариес. И да се види на снимка дека е само длабоки фисури, а не кариес, пак тој е третманот. И подобро сега да се стругнат зошто стругање на глеѓта не боли. Ако се јави подлабок кариес, тогаш може да има и болка при поправање.
Тоа е во ред значи ако добро разбрав да се стругне минимално за да се заоблат фисурите и врз стругнатото директно да се залее, дали добро разбрав? Ако е за така ок е, но проблемот е што нашава докторка буквално рече не може да се залеат туку треба да се поправаат значи не мкслеше така туку да ги поправа со пломба. Инаку ме интересира дали секогаш се користи за поправање кај деца онаа анестезија со шприц што го здрвува и делот кај образот па и устата? Таа и траеше еднаш цели 3 часа. Инаку бевме на второ мислење бидејќи воопшто не ми е сеедно туку така да стругаме и докторката ми го кажа истово што го имате пишано дека ако мора ќе се стругне минимално пред залевање заради формата но убаво ги прегледа и рече дека забите се здрави и ако закача инструментот тоа не значи дека се расипани во овој случај тјку дека само фисурите се длабоки. Јас сакав само да бидам сигурна дека се расипани а испадна спротивно па сега наредна медела закажав кај мн искусна докторка на која најмногу и верувам и ако и таа го каже истото значи така ќе е. Благодарам многу за одговорот само ве молам појаснете дали добро разбрав. Инаку докторкава искоментира дека хигиената е супер и навистина детето ги мие забите после секое јадење благо а не јаде нешто многу благо и секако сабајле и навечер. Исто така ме интересира дали би ми препорачале некоја паста за таа возраст 8г или не е многу важно.
Баш така, се отвараат длабоките фисури за да се затворат со залевач, минимално и безболно стругање е тоа. Ако е подлабоко и треба пломба, после залевач нема потреба да се става, пломбата ќе ја зарамни површината на забот исто како залевачот што би направил. Анестезија се става ако има болка, без разлика дали е дете или возрасен. Сум имала и деца што секогаш барале анестезија и возрасни што никогаш не сакале да примаат анестезија. Се зависи кој колку издржува. Можно е само да се длабоки фисурите, ама тогаш не може да се стави залевач без да се стругне. Тие длабоки фисури не може да се исчистат правилно пред да се стави залевач, и ако стават без да се обработат, речиси 100% ќе остане бактерија внатре и понатака ќе има кариес под залевачот, што е уште полошо зошто нема да се види додека не е многу развиен. Значи ако не сакате да се струга забот, воопшто не ставајте залевач. Ама на длабоки фисури мојата препорака била подобро сега малце стругање за залевачот отколку утре многу повеќе заради кариес. Хигиената секако мора да биде добра зошто забот има 5 страни и со залевачот се штити само горната. Ако не се чисти правилно пак може да се расипе од друга страна.
Во ред, разбирам. Јас немам против дс се стругне малку и да се стави залевач туку да се струга како за пломба како што утврди докторката дека ќе не може да се залее туку пломба. Инаку јас секогаш инсистирам послаба анестезија или без ама не дозволува вика мора вака за да не ја боли. Значи во пракса ставате како ќе сака пациентот а не по секоја цена и секој пат од таа дури и кога немало болка. Во овој случај нема болка а според другото мислење нема ни расипан заб а за такво стругнување не доаѓа предвид анестезија нели зошто нема да боли така да тоа е уште една грешка зошто рече деќа ќе и стави анестезија зашто вика дека се за пломба а не залевање. Се мислам дали да одам пак таму или веднаш да ја менуваме. Според ова што ви го кажав не ли е подобро да се смени искрено ме интересира само мислење. Јас инаку не би сакала зашто комплицирано ми е тоа, но за доброто на детето несигурно ми е да остане каде што очигледно непотребни работи се прават сепак ќе помислам уште некое време.
Без јас лично да го видам и прегледам забот не можам да кажам што треба за ова дете конкретно. Да се работи за длабок кариес или лечење на заб и јас би инсистирала на анестезија зошто знам колку боли, подобро е да не се трауматизира детето. Ама за почетен до среден кариес кај деца секогаш сум одела прво без анестезија зошто и да има болка би требало да е кратка и издржлива. За залевање апсолутно не треба анестезија дури и да треба малку да се стругне. Првиот слој на забот, глеѓта, нема нервни завршетоци и во ниеден случај не боли да се стружи.
Секако дека е така благодарам на одговорот секако овде отприлика си зборуваме не може да се каже ништо за сигурно без да се види. Ќе одиме и на третото мислење па ќе видиме што ќе кажат.
@Spidy може ли стручно мислење? Дали лек за умртвување на млечни заби може да остави последица на трајни заби? Лек за регенерација со цинк,кој што можел да стои неколку месеци, упорно му паѓа на детето и до сега 4 пати одиме да му стави нов,за овие месец дена. Му дојде преку глава и на него. Што може да се направи за забчето побрзо да се пломбира? Инаку 5год има, ако има некаква врска.
Ако има услови за да се препокрие нервот наместо да се лекува, подобро тоа. Без разлика што упорно паѓа. Ако детето соработува, може да проба композитна пломба да стави над лекот, наместо она гипсчето што обично се става или детската пломба, за да држи повеќе. Мора да стои подолго време за да има ефект. Ако мора да се лекува, мора и тоа е. Не смета ништо на трајниот заб, напротив ако се развие инфекција на млечниот има поголема можност да направи проблем на трајниот заб. Ама и тоа е ретко. Имате ли снимка од забот? На 5 години сигурно не му е за менување, претпоставувам дека е бочен заб, ама да се види до каде е развојот на трајниот заб.
Болдираново се однесува на лекот за умртвување? Веќе умртвивме две петки и во тек е една четворка. Сега на другата четворка стави лек за регенерација. Значи да побарам пломба над лекот со цинк? Немаме снимка,не побарала. Он уште ни 6ки нема,а не пак да му се менуваат(освен ако не се поврзани ,во смисла да израснат сите млечни па да почнат да се менуваат)
Лек за умртвување е едно, а друго е тоа што е за регенерација или лек за препокривање (се покрива нервот дирекно или индиректно со што се заштитува нервот да не се лекува и извади). Пломба обично не се става над лекови, ама чим паднало многу пати, нема нешто друго освен пломба (и тоа конкретно композитна, што се става на трајни заби) што би држела поцврсто. Ама за да се стави треба детето идеално да соработува, инаку и таа ќе падне исто како гипсчето. 6ки се трајни заби. Млечни се до 5ки и никнуваат до 2ипол-3год, значи никнати му се сите веќе. Обично никнуваат прво 6ки па почнуваат да се менуваат предните заби, ама некогаш и пред 6тата год може да почне да се клатат долните единици уште пред да никнат 6ките. Бочните заби почнуваат да се менуваат на околу 9-10год, така да мора сега да се прават. Да било поголемо детето можеби би се ваделе, ама во моментов мора да се поправаат.
Дете е 7 години. Имавме млечна 4ка расипана длабоко, ставен токсавит па затворено со пломба. По некој месец пак ја болеше, го отворија, ставија лек, пломбираа по недела дена. Сега по месец и пол пак ја болеше. И отече малку, ја носев на дежурен, отворија ставија лек и пломба бела, рекоа ако ја боли да ја раскопам да го отворам забот. Ја болеше, жежок отечен образ со црвенило, раскопав пломба, дадов блокмакс, утре на матичен. Кој е нареден чекор, ептен мака видовме со забов.