1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и забите

Дискусија во 'Дете' започната од bittersweet, 16 февруари 2016.

  1. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    7.981
    Кај да носам дете за скршен заб?
    Ќерка ми падна, 2ипол е, има ли начин со некоја анестезија да се среди?
    Крвари и не дава никако да запрам крварење.

    @Spidy @Annath хелп.:(
     
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.780
    Допаѓања:
    14.307
    Пол:
    Женски
    За се има опција, ама треба да соработува. На 2ипол години тешко. Зависи и крварењето од каде потекнува. Треба снимка, да се види да не има фрактура и на коренот, обично се лекува забот, ама се зависи каде е скршен. Оди на клиника на детско најдобро.
     
    На Калатеа и Annath им се допаѓа ова.
  3. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    7.981
    Бевме на детско, снимка не направија туку го извадија остатокот од забот само.
    Дефинитивно не соработува ама тоа е, присилно.
    Рекоа антибиотик не треба, само контрола за 3 дена.

    Фала ви!
     
  4. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    1.486
    Пол:
    Женски
    Како поминавте со растење на
    6 ките?
    Петти ден веќе е со температура, 2 крвни слики една во петокот една денес, докторката вика одлични се, мислевме дека е вирусно нешто, ама денеска го приметив дека му пробива 6ка доле, могуче ли е од тоа температурава?
     
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.319
    Допаѓања:
    182.094
    Пол:
    Женски
    Пред околу месец ипол пишував дека ќерка ми има расклатен долен кец. Денеска приметив дека и вториот и е расклатен. Ама не е нешто многу, онака сеуште прилично цврсти. Еве секој ден ме тера да и го проверувам и де имам чувство дека таман се расклатува де ко да се зацврстил. Колку долго ова може да потрае? Некако по месец ипол очекував баш да се расклати. 6ки сеуште немаше тогаш.

    Заби и мијам секоја вечер, на утро мие сама. Вечерва забележав бело кај левата 6ка долу и гледам пркнува веќе и тропка. Ај велам да видам од другата страна, десната долна 6ка целосно излезена без воопшто да приметам. :o И горната лева 6ка има бело, само уште на последната не можев да напипам ништо. Не можам да сфатам како секој ден и мијам заби и не сум приметила дека толкав заб излегол цел. :|


    Нели велат дека кога растат заби знае да падне имунитет и да се закачи некое попратно вирусче?
    Не знам што би ти кажала и јас вечерва пред спиење видов дека вади 6ки, па те прочитав.. и мојава неколку дена е со затнат нос, а во градинка не беше минатата недела.. не знам од кај.. дали е до заби, дал собрала вирусче од друго место кој да знае веќе. :doh:
     
    На hristinan12 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kiksi1

    Kiksi1 Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2022
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, дали 17 месечно дете може да извади 5ки заби?
     
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.780
    Допаѓања:
    14.307
    Пол:
    Женски
    Може ако ги има сите други заби и ако рано почнало со никнување на забите општо.
     
  8. Kiksi1

    Kiksi1 Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2022
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Прво запче на 6 месеци, на 15 месеци ги извади сите 16 запчиња. Постојано лигави и ги чеша забите, и тт до 38 ми качува но не постојано. Еден ден ќе качи еден пат во денот, ја симнува тт и нареден ден нема потоа пак исто. Воедно ни тече и носето, направено крвна слика, излезе дека е вирус, но многу ме збунува ова со не постојаната тт и лигавењето а притоа ги има извадено сите заби за неговата возраст.
     
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.780
    Допаѓања:
    14.307
    Пол:
    Женски
    Би требало да има поголема пауза, околу 6мес, од 4ките до 5ките. Ама се почесто гледаме заби кои не никнуваат по книга, и тоа не е ништо страшно. Како што може да никнат многу покасно, може и многу порано. Поверојатно ми е да се припрема гребенот за забите па некаде околу 2год да искочат, ама и да е порано не е страшно.
     
    На Kiksi1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.792
    Допаѓања:
    202.754
    Пол:
    Женски
    Грип има детето, од забот не е температурата.
     
  11. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    1.486
    Пол:
    Женски
    Нема никаков друг симптом, на 2 крвни слики ваљда ќе покажеше нешто ако е грип, плус не оди во градинка дома сме цело време ради шо сме со бебе...
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.792
    Допаѓања:
    202.754
    Пол:
    Женски
    Има причина за температурата, некое жариште, дали вирусно, дали бактериски, не мора да има други симптоми. А од растење заби, особено трајни, не се крева температура, тоа е мит. Може да има температура од гнојна инфекција на заб, ама тогаш ќе имаше и оток и болки.
    Ама ако сакаш, верувај дека е до тоа.
    Јас на твое место би испитала и урина ако веќе не сте испитале. И крвната слика не е секогаш точен показател за тоа што се случува во организмот, има вирози што не даваат никакви промени во крвната слика, освен блага анемија, на пример.
     
    На hristinan12 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    1.486
    Пол:
    Женски
    Можно е кој знае веќе.. мене ме чуди пошто температура он немал повеќе од два дена никогаш, а и сеа не и се дава, значи ако не му измерам како да нема,активен си е скроз
     
  14. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    1.486
    Пол:
    Женски
    Па и јас верував дека има нешто, си викав првата може да не е точна пошто ја правевме после ден два, ама и после 5 дена ништо да не покаже на крвна слика? Испитано е и урина, ништо нема океј си е, не знам што друго, може требаше да му направат тест за вирусиве ама веќе и касно е може после 1 недела..
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.792
    Допаѓања:
    202.754
    Пол:
    Женски
    А колку е висока температурата? И колку години е детето?
     
  16. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    1.486
    Пол:
    Женски
    5години, до 38.5 одеше макс најчесто навечер. Вчера немаше цел ден вечерта малце покачи до 38, денес нема ќе видиме вечер..
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.792
    Допаѓања:
    202.754
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не е од забите.
    Вирус е, ќе пројде.
     
    На hristinan12 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    1.486
    Пол:
    Женски
    Да да , што и да е нека проаѓа :D
     
  19. D.D

    D.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Ве молам за совет. Син ми има 19 месеци, корегирани 17, предвремено е роден во 31 недела, поради прекламсија. Прво забче му излезе на 13 м., и потоа отприлика секој месец по едно, прво горе едониците, па доле, па горе двојките и четворките. Сега гледам дека излезени се тројките долу, но двојки сеуште доле нема и се мачи кога џвака храна. Ви благодарам
     
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.780
    Допаѓања:
    14.307
    Пол:
    Женски
    Двојки може да каснат малку повеќе, а може и да ги нема скроз. Во секој случај нема што да се прави, ќе ги чекате.
    А ако разбрав добро, доле има единици и тројки? Треба 4ки пред 3ки да никнат. Да не се 4ки што излегуваат сега? И на ќерка ми и никнаа долу единици и четворки па после 2ки. Доста време каснеа, ама никнаа сосема здрави и во добра положба.